Потребно време за читање: 2 минути

Одамна е познато дека најголема опасност по здравјето на луѓето кои во своите домови се опколени-освоени-заробени од куќни апарати за секаква намена се нивната неправилна употреба, неправилното одржување, бучавата и зрачењето при работата…

Се разбира, тие го олеснуваат животот-престојот во домот, со нивна помош се одржува чистотијата, придонесуваат за здрава, пријатна, релаксирачка атмосфера.

Меѓутоа, во врска со нив научниците одвреме-навреме откриваат и загрижувачки ефекти по здравјето на некои апарати што ги користиме секојдневно. Најново-за правосмукалката!

Вашата правосмукалка помага да се ослободите од прашината, трошките и бактериите, веќе се произведени и такви кои дури го прочистуваат воздухот (?!), но…

Нови истражувања покажале дека некои правосмукалки можат да направат повеќе штета одошто корист, зашто прашината и бактериите ги враќаат назад во воздухот и така шират зарази и предизвикуваат алергии.

Австралиски истражувачи испитале 21 правосмукалка од 11 производители, како и два комерцијални модела. Правосмукалките биле стари од 6 месеци до 22 години и чинеле помеѓу 80 и 600 евра.

Прочитај и за ... >>  Суштинското за љубовта

Мерени се 62 различни емисии во воздухот. Сите испуштале некои бактерии, прашина или алергени назад во воздухот. Додуша поновите и поскапите загадувале помалку отколку постарите и поевитните модели.

Сепак, правосмукалките со HEPA филтри (“high-efficiency particulate air”) испуштале нешто пониско ниво на прашина и бактерии отколку правосмукалките кои немаат специјални филтри. HEPA филтрите би требало да отстрануваат 99,9% полен, животински алергени и бактерии од воздухот, но тоа очигледно не се случува во таа мера.

Како да се решиме од овој проблем?

Немојте да брзате и веднаш да ја фрлате вашата правосмукалка. Само старите кои никогаш не се чистени можат да бидат опасни, зашто воопшто сите исправни и редовно одржувани правосмукалки собираат повеќе нечистотија отколку што исфрлаат.

Постојат неколку начини воздухот во вашиот дом да го направите почист.

Ако некој од вашите во домот има некоја алергија, би требало да се ослободите од килимите. Многу се подобри чергите и простирките кои можете еднаш неделно да ги исперете во топла вода. Тоа ќе ги убие грињите и останатите алергени. Метличката од перја нема никаква функција, освен што ја распрскува прашината низ куќата-станот. Наместо неа, земете микрофибер крпа.

Прочитај и за ... >>  Додатоци во исхраната што ги препорачуваме за оваа зима

Да повториме, стручњаците тврдат дека правосмукалките со HEPA филтри се подобри од обичните, па препораката е-набавете еден. Со него чистете го и мебелот и често поместувајте го, зашто одзади обично се собираат огромни количества прашина и други алергени.

Ако патите од астма, заменете ги килимите со плочки, дрвени или подови од линолеум.

А знаете ли кој е највалканиот дел од фирижидерот-замрзнувачот?

Со нередовно чистење (негова главна функција е одржување на храната во услови кои ќе ги спречат бактериите штетни по здравјето) овозможуваме создавање на опасно опкружување. Највалкан дел од него, кој може да крие предизвикувачи на салмонела или листериоза, е фиоката за овошје и зеленчук. Таа може да содржи и до 750 пати повеќе бактерии од дозволеното.

Тоа го потврди едно истражување во кое се прегледани 30 фрижидери-замрзнувачи кои во просек криеле 7.850 бактерии на квадратен сантиметар, додека со прописите на Европската унија дозволената концентрација е помеѓу 0 и 10 cfu-и (единки кои формираат колонија на бактерии).

Прочитај и за ... >>  Здрав живот

Ниските температури во замрзнувачот го спречуваат размножувањето на бактерии и ширењето на мувла, но само во „тандем“ со редовно чистење. Доколку тоа изостане, неговата главна функција е битно ослабена“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here