Потребно време за читање: 2 минути

За комплексноста на културата на живеењето и конкретните форми и содржини на културниот живот:

Едно поразително сознание: културата на живеењето е најмногу, не ретко и единствено индивидуална- лична работа, а културниот живот „за сите“ најчесто манифестационен, што ќе рече без инсистирање на критичен однос, на изграден критериум, на валоризација.

Без сомнение, свеста за потребата и нивото на културата на живеење се многу ниски, па ако во многу нешто сме (премногу) далеку од Европа, најдалеку сме токму на тој план.

Нашата култура на живеење според стандардите воопшто не можеме да ја споредиме со европската. Нашата индивидуална- лична култура на живеење најчесто е сведена на борба за пари, бизнис (во пежоративна смисла), снобовштина, мода и сл. Најретко, односно најмалку на опкружување со вредности, дела, уметност, настани (активно присуство на нив), сеприсутен културен дух.

Едноставно, кај нас дури се карикира таквото живеење, бидејќи претпоставува во прилична мера откажување од цивилизациските (технолошките) достигнувања, а за сметка на богата домашна библиотека- библиофилство, лична филмотека, колекција на уметнички дела итн. (тие само како мал, презентирачки дел од културата на животот). Карикирање кое не е ништо друго, освен израз на примитивизмот.

Прочитај и за ... >>  На секои две недели исчезнува еден јазик

„Те молам, каква е тоа глупост да имаш пари да купиш автомобил најнова марка, а ти купуваш неколку слики од наш уметник. Демек, ми се покажуваш со културен дух“.

Ви се случило ли вака или слично да ве коментира ваш близок- познајник,пријател, роднина?

За културниот живот:

Тој кај нас најчесто, дури единствено е манифестационен (што, се разбира, е форма-активност без која не се може), со надеж дека со текот на времето ќе стане континуиран, секојдневен. Сепак, со културниот живот можеме и сме многу повеќе задоволни отколку со културата на живеењето.

И кончено, нешто сосема конкретно во рамките на поставенава релација. Едно прашање на кое треба сами да си одговорите:

Колкумина од вас што присуствувале на концерт на некој оперски пејач со светско реноме, на пример во рамките на манифестацијата „Охридско лето“, сте го слушале за прв и последен пат како пее и без никакви дилеми (или сомнежи за критериумот) сте констатирале дека човекот навистина „добро“ пее?

Прочитај и за ... >>  10 работи кои обичниот човек мора да ги знае за демократијата

А може и друго:

Знаете ли како свири Симон Трпчевски и зошто е тој маестро? Без оглед дали сте го слушале на концерт или на компакт диск?

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here