Потребно време за читање: 2 минути

Си напраила една ластојца седело на една греда под еден трем на една куќа и си извела ластојчиња. Си напраило и едно врапче едно седело под една гирамитка и си извело врапчиња, арно ама неколку години со ред што изведуа врапчиња и не би к`смет да изгледа, како што рекол Господ, да се сторат челад, та некоа домаќини; чунки кога децата ќе му `и изваеја од под гирамидата кај што му беше седелото, кога мачката ќе му `и изеела јајцата, кога глушец му `и турнало јајцата; асли ќелам не моеше челад да испраит, не моеше. А пак комшијцата (ластојцата) туку ќе `и курдисаше ластојчињата на слива за да си `и учит малите ластојчиња да летаат и да `и учит да ваќаат пеперужиња.

Гледајќи сирото џивџанче многу пати на стреќата од ластојцата, ами лели беше ја завидело; и седејќи еднаш на оџак, беше је рекло на ластојцата:

Прочитај и за ... >>  За ќурчиите- лисичарскиот еснаф

-Блазе си ти, сестро ластојце, оти секоја година си изведуаш пилиња и си `и изгледуаш, како што рекол Стопанот; ами јас сиромав, со мојата пуста домаќинка ката година неси јајца, квачи, пусти, штури, не можиме да испрајме на нога челад како тебе, не можиме. Кој знаит од кого сме колнати, мори ластојце?-је рекол врабецот.

-Море не сте колнати, бре врабец- му рекла ластојцата- туку седелото не ви је убао напраено за да не можит мачката да не ви `и јадит јајцата. Ете од тоа јет, комши, што не можите да изгледате челад како мене.

Коа беше чул врабецот тоа нешто, је се помолил на ластојцата за да му кажи како го праи седелото, за и тој да си го напраит како од ластојцата.

-Ќе те молам, мори сестро ластојце,-је рекол врабецот-ако не ми кажиш како го праиш седелото.

-Ела по мене, комши, да ти кажам- му рекла ластојцата-ако ти ваќа умот, напрај си.

Прочитај и за ... >>  Самарџијата што ги криел парите во самарот

Го зела ластојцата по себе и го однесла крај река до една тиња.

-Ај сеа, лапни од калва в уста, комши-му рекла ластојцата.

-А, сега знам, знам, колај било- је рекол џивџанот и си летнал по ластојцата, без да си земит кал в уста, и дошле дома, та застанала ластојцата на една греда и ја залепи калта.

-Ете вака пријателе, залепи `а калта на гредата.

-Видов, видов, колај било за лепење кал на греда-је рекло врапчето.

Многу пати појде ластојцата кај река и зема в уста кал, арно ама врабецот нито еднаш не беше го пикнал клунот во калта, да лапни троа кал и да залепи на гредата, како што лепела ластојцата. Откога нареди еден ред кал ластојцата, почна да збира сламки од сено и да `и лепи на калта. Повторо- пак кал беше налепила. Колку пати ошла ластојцата кал да носи и колку пати сламки што донесла, се врапчето со неа одело и нито еднаш не беше зело: ни сламка в уста, ни кал. На секое лепење ластојцата калта или сламка, се ќе му речела на врабецот за да го учи ѓоа и тој да прај седело, арно ама врабецот на секое велење од ластојцата, „еве вака комши, ќе лепиш прво калта потроа, после сенце и еве ти здраво седело“, пусти врабец се велеше „знам, знам де, знам“.

Прочитај и за ... >>  Лоша мисла-долга болес

-Ејди, комши, саде со велење „знам“-му рекла ластојцата-нема да напраиш ти седело како моето, ами како што праел татко ти, така ќе праиш и ти, чунки ти си кибар, неќеш клуно да го натопиш во кал. Без мака нема наука, а побратиме! Ете затоа не ќе изгледаш челад како мојте.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here