Потребно време за читање: 6 минути

Led Zeppelin е англиска рок група што во 1968. година ја формира гитаристот Џими Пејџ, по распадот на групата Yardbirds. Прво се викала The New Yardbirds, а ја сочинувале пејачот Роберт Плант, тапанарот Џон Бонам, придружниот пејач Мајк Скот и поранешниот басист на Yardbirds Крис Дреј.

Наскоро Дреј ја напушта групата и почнува да се занимава со фотографија (подоцна ќе направи фотографија што ќе се наоѓа на задната страна на деби албумот на групата). Го заменува долгогодишниот пријател и колега на Пејџ, студискиот музичар- басист и клавијатурист Џон Пол Џонс. Првиот избор на Пејџ за пејач бил Тери Рејд, но тој ја одбива понудата и го препорачува Плант. Овој прифаќа и го доведува својот пријател Џон Бонам од распаднатиот состав Band of Joy. Што се случило со Скот останува непознато.

Станува збор за група која од стартот се промовира со тежок гитарски блуз-рок звук. Некои сметаат дека токму таа е зачетник на хеви металот и хард рокот, но во нејзиниот звук се воочени и влијанија на блуз, рокабили, соул, фанк, џез, келтска, индиска музика, фолк, поп, латино и кантри.

Во текот на својата актива Led Zeppelin продал над 300 милиони албуми ширум светот, а од нив 109,5 во САД. Неспорно е дека е тој комерцијално една од најуспешните, а потврдено и дека е втор најпродаван состав на сите времиња во САД.

Освен продажбата на албуми, извонредни успеси постигна на топ-листите. Сите заземаа едно од првите 10 места, а 6 од нив првото. Списанието RollingStone потенцира дека Лед Зепелин е „најтежок бенд на сите времиња“, најголем во 70-тите години на 20. век и „несомнено еден од најиздржливите бендови во историјата на рок музиката“.

Називот го дал Кит Мун, тапанар на групата The Who, којцинично изјавил дека ќе издржи како оловниот цепелин во воздухот. Всушност, тој е варијација на изразот на Џен Ентвисл „Lead zeppelin“ (оловен цепелин) за лош настап (пад како оловен цепелин), при што на сугестија на менаџерот Питер Грант во конечното име од зборот Lead е исфрлена буквата „a“, за да се избегне изговарање на тој збор како „лид“ (Leed), што значи водечки.

Под името Led Zeppelin првиот концерт групата го одржа на 25. октомври 1968., а веднаш потоа се пресели во САД и прв концерт одржа на 26. декември истата година. На почетокот од следната (12. јануари) излезе првиот албум, за време на турнејата. Тој се смета за еден од главните во создавањето на хеви метал музиката. За него дискографската куќа Atlantic Revods платил за тоа време необично висок аванс од 200.000 долари. Забележано е дека до 1975. година албумот заработил 7 милиони долари.

Прочитај и за ... >>  Pink Floyd

На појавата на вториот албум, истата година, претходеа дури 4 извонредно успешни концертни турнеи низ САД и исто толку низ Велика Британија. „Led Zeppelin II“е снимен речиси целосно на нив, во повеќе студија низ Северна Америка, а го зазеде првото место на топ- листите на најдобри албуми во двете земји. Според многумина, токму овој албум е темелот на новиот музички правец- хеви металот.

Третиот албум едноставно, „редоследно“ е наречен „Led Zeppelin III“, објавен во 1970. Година. Тој претставува изненадување, пред се со акустичноста и вградените препознатливи елементи на келтската народна музика. Подоцна од него е издвоена првата песна- „Имигрант Сонг“ и издадена како сингл без согласност на групата, како многу други потоа. Исто така е интересно дека групата се противи на телевизиско појавување.

Забележлива е нападната екстравагантност на нејзините членови: светлечка облека, патување со приватен авион (наречен „Старшип“), изнајмување на цели оддели од хотели, неморални испади. Џон Бонам вози мотор на изнајмен кат во познатиот хотел „Куќа на Вревата“, а при настап во Токио уништуваат соба во ексклузивниот хотел „Хилтон“, па им е забрането засекогаш да престојуваат во него. Станаа познати според демолирањето на хотелски апартмани и фрлањето телевизори низ прозорците.

Во 1971. година Лед Зепелин го објави четвртиот албум, официјално неименуван, а „нефомално“ (не од групата) како Led Zeppelin IV. Не е именуван како „доказ“ дека музиката може да се продава сама, значи без „етикетирање“ на нејзините автори и/или изведувачи. Албумот е еден од најпродаваните во историјата, а хитот „Stairway to Heaven“ најбарана и најемитувана рок песна на радио, а ја придружуваат многу гласини. Најпозната е дека можат да се слушнат сатански пораки кога плочата ќе се пушти наопаку. Ова, заедно со признатото интересирање на Пејџ за окултистот Алистер Кроули, ги засили тврдењата дека тој е вовлечен во сатанизам. И Пејџ и Плант постојано го порекнуваа присуството на сатански пораки. Уште еден предмет на шпекулации било прикриеното значење на стиховите од песната, која Плант ја напишал наводно за еден ден. На концертниот филм „The Song Remains The Same“ пред да ја испее песната тој вели: „Мислам дека е ова песна на надежта“. Критичарите забележале дека воведниот риф е сличен на рифот на песната „Taurus“ на рок групата Спирит, за која Лед Зепелин свиреше како предгрупа на нејзината прва американска турнеја. Led Zeppelin остана на тврдењето дека не се работи за плагијат, туку оти сличноста е чиста случајност. Во анкета на списанието „Гитар Ворлд“ од 2005. читателите изгласаа дека „Stairway to Heaven“ има најдобро гитарско соло на сите времиња.

„Houses of the Holy“ од 1973. година донесе ново експериментирање, со зголемена употреба на синтисајзери и мелотрони оркестраци. Портокаловата обвивка на албумот прикажува фотографии од голи деца што се искачуваат на Џајантс Козвеј, во округот Антрим, Северна Ирска. Тие не се прикажани однапред, но предизвика контроверзи, па и забрани на албумот (Шпанија). Тој брзо го зазеде врвот на топ- листите, а турнејата истата година во Северна Америка ги урна сите рекорди на посетеност. На пример, во Тампа Беј, на Флорида, групата настапи пред 56.800 обожаватели и заработи 309.000 долари. Три распродадени концерти во Медисон Сквер Гарден во Њујорк беа снимани за игран филм, а пред одржувањето на последната вечер беа украдени 180.000 долари од парите за влезници, од индивидуален сеф во хотелот „Дрејк“.

Прочитај и за ... >>  Георг Фридрих Хендл

Во 1974. година групата формира своја музичка куќа- „Свон Сонг“. Називот е позајмен од една од 5-те никогаш објавени песни, а логото на куќата е на многу производи, особено на маички (слика на Аполон врз цртежот „Вечер: Крај на денот“ од Вилијам Ривер од 1869.; сликата е често погрешно сфаќана како на Икар, Луцифер, Сатана или Дедал). Куќата пропадна по нецели 3 години откако групата се распадна. Првото нејзино издание беше двојниот албум на Led Zeppelin, „Physical Graffiti“ (1975.).

Во тие години (70-ти на 20-от век) групата стана најголема рок атракција на светот, со повеќе продадени албуми од сите други, вклучувајќи го и „Ролинг Стоунс“. Албумот „Presence“, издаден на почетокот од 1976., доби различни, и позитивни и негативни критики, но достигна платинест тираж. Неговото снимање се совпадна со почетокот на користење на хероин од страна на Пејџ, иако тој тоа го негираше. Во таа година конечно беше комплетиран концертниот филм The Song Remains The Same“ („Песната останува иста“). Не постигна забележителен успех, а особено негативно беше оценет во Велика Британија.

Во 1977. година гупата постигна уште еден рекорд: на концертот на 30. април во Понтијак Силвердом (Северна Амерка) присуствуваа 76.229-мина луѓе, и тоа е најголемата посетеност на настап на изведувач според Гинисовата книга на рекордите.

Следната година во Стокхолм, Шведска, беше снимен албумот „In Through the Out Door“кој мошне брзо, за само две недели стаса на првите места на топ- листите во Британија и САД (на Billboard листата на албуми).

Во текот на јуни и јули 1980. Led Zeppelin организира европска турнеја. На 27. jуни во Нирнберг, Германија, концертот беше прекинат на средината од третата песна, кога Џон Бонам се струполи на сцената и итно беше однесен в болница. Се шпекулираше дека тоа било последица на прекумерно конзумирање на алкохол и дрога. На 24. септември Бонам го одвел нивниот асистент Рекс Кинг да се подготвува во Бреј Студиос за следната турнеја низ Северна Америка, закажана во октомври. При патувањето побарал да запрат за да појадува. Испил четири дупли вотки и изел еден сендвич, продолжил да пие и во студиото, а по полноќ бил одведен в кревет. Според некои, таа вечер испил 40 чаши. Наредниот ден двајца членови од групата го нашле мртов. Имаше 32 години.

Прочитај и за ... >>  Диригирање

Првично беше соопшено дека причина за смртта била задушување од повраќање, а при извршената аутопсија во телото на Бонам не е пронајдено присуство на дрога. Тој е кремиран на 10. октомври 1980. година.

Останатите членови решија да се разделат. Беше дадена изјава: „Сакаме да се знае дека загубата на нашиот драг пријател и длабокото чувство на единствена согласност од нас и од нашиот менаџер не натера да одлучиме дека не можеме да продолжиме како што бевме“.

Две години по смртта на Бонам групата го издава компилацискиот албум „Coda“ кој содржи неиздадени песни од сесиите по снимањето на сите студиски албуми. Во текот на 1983. албумот го зазеде 5-тото место на топ- листата на поп албуми на Billboard.

Албуми снимени во живо: The Song Remains the Same (1976), BBC Sessions (1997), How the West Was Won (2003).

Компилации: Led Zeppelin (Box Set) (1990), Remasters (1990), Profiled (1990), Boxed Set 2 (1993), The Complete Studio Recordings (1993), Early Days (1999), Latter Days (2000), How The West Was Won (2003), Mothership (2007)

Видео изданија (DVD): The Song Remains the Same (1976), концертно, ги вклучува 3-дневните концерти во салата Медисон Сквер Гарден во Њујорк во текот на 1973. година; Led Zeppelin DVD (2003), содржи колекција од концертни настапи во периодот 1969- 1979.

Во 1985. година тројцата живи членови на Led Zeppelin се собраа за Live Aid во Лондон и во 1988. на годишнината од основањето на издавачката куќа Atlantic Records. Тогаш на тапани свиреше синот на покојниот тапанар, Џејсон Бонам. Сетот песни беше краток, а е забележан коментарот на Плант: „…беше како да спиеш со својата поранешна сопруга, а не водиш љубов со неа“.

На 10. декември 2007. oдржаа Ahmet Ertegün Tribute концерт со Џејсон, но Роберт Плант ја одби понудата од 200 милиони долари за уште една голема светска турнеја како Led Zeppelin, со образложение дека во тој момент му била поважна турнејата со Алисон Краус, американска кантри пејачка.

Led Zeppelin доби Grammy награда за животно достигнување во 2005. и Polar Music Prize во 2006. Групата е рангирана на првото место на листата на 100 најдобри хард рок уметници на VH 1 и на листата од 50 најдобри настапи во живо на списанието Classic Rock.

https://www.youtube.com/watch?v=cwFQpRTwaP0

Извор: фото

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here