magare, магаре
Потребно време за читање: < 1 минута

Нема ум да сврши работа.

Во старо време пуштиле нашите чорбаџии еден чоек на Стамбол да даит еден арзоал на баба-алието за една мака што имале од Турците рисјаните во Прилеп.

Отишол чоеко во Стамбол и не се сторило к`смет да го даи арзоало на баба-алието, чунки бил шутикав во умо. Откоа и дојал парите што имал, си дошол во Прилеп и му кажал на чорбаџиите оти не го дал арзоало, по не знам какви себапи. Откоа беа го ислушале чорбаџиите чоеко, го познале оти бил шут и му рекле:

–А, бре, чоек, оти да не го даиш арзоало на баба-алието? Не преесапи оти толкуа пари кај се арџат за твоето одење во Стамбол?

-Е, вистина не го дадов арзоало со ова одење што појдов, чорбаџии, ама ајде пуштете ме текрар да одам, да белки ќе најдам време да го даам.

-Еда арно да те пратиме, бре чоече, ама па магаре ќе појдиш и магаре ќе дојдиш, како што појде и си дојде првио пат.

Прочитај и за ... >>  Куменџијата што си скршил ногата

Така му рекле чорбаџиите и другего пратиле.

Оттогај останал тој збор во Прилеп: Магаре појде, магаре си дојде.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here