ubavina licotija убавина личотија
Потребно време за читање: < 1 минута

Убавино, ни недостасуваш се повеќе. Те нема кога ни требаш, те мислиме дење, те сониме ноќе оти грд и груб ни станува животецов.

Убавино, биди со нас барем во невреме кога во време си се помалку и се поретко.

Македонски народни пословици за убавината-личотијата

  • Со сила убавина не бива.
  • Старо за прилика, младо за убавина.
  • Трпи баба за убавина.
  • Убавина пазар собира, а груботија куќа врте.
  • Убаина не се јади, само со очи се гледа.
  • Убајна куќа не крепит.
  • Личната мома се големеит со личотата.
  • Личната мома со личотата се продаа.
  • Личоќа пазар збира, куќа не чува.

Пословици од народите на светот за убавината-личотијата

  • Убавината на лицето се наоѓа во убавината на карактерот. (Арапска)
  • Само слепиот прашува зошто го сакаме она што е убаво. (Данска)
  • Сиромавиот од убавината има само непријатности. (Финска)
  • Убавината и скромноста, мудроста и богатството, младоста и постојаноста, староста и здравјето ретко кога одат заедно. (Француска)
  • Не го заведува човека само убавината на телото; исто така може да го заведе и убавината на духот. (Кинеска)
  • Не е убаво она што е големо, туку е големо она што е убаво. (Латинска)
  • Никој не е толку грд себе си да не се смета за убав. (Унгарска)
  • Позајмената убавина не може долго да трае. (Холандска)
  • Кој и служи на убавината лесно станува нејзин роб. (Германска)
  • Не е убаво она што е убаво, туку она што нам ни се допаѓа. (Италијанска)
  • На љубовта убавината не и е потребна. (Српска)
  • Тешко на онаа убавина што разум нема. (Полска)
  • Убавата песна никогаш не е долга (Финска)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here