Oil Olive Oil Bottle Glass Bottles Mediterranean
Потребно време за читање: 2 минути

Редовното користење на маслиновото масло е добро за срцето и го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести, покажале резултатите од една студија.

Таа покажала дека тие својства на маслиновото масло се резултат не само на монозаситените маснотии што тоа ги содржи, туку и на растителните состојки со антиоксидативни својства наречени полифеноли.

Студијата ја спроведе Градскиот институт за медицински истражувања од Барселона.

Потврда и од Австралија:

Консумирањето на масни киселини со рибино потекло во комбинација со умерено вежбање го олеснува намалувањето на телесната тежина, сметаат австралиски научници.

Тие утврдиле дека дневните дози на рибино масло, кое содржи омега-3 масни киселини, го подобруваат согорувањето на маснотиите во организмот поради тоа што го подобруваат протокот на крвта кон мускулите за време на вежбањето.

Во истражувањето што траело 3 месеци учествувале 68-мина испитаници со голема телесна тежина. Тие биле поделени во 4 групи. Испитаниците од првата група секој ден добивале помали дози на рибино масло, а од втората група добивале сончогледово масло (кое не содржи омега-3 масни киселини). И од едните и од другите се барало да имаат умерена физичка активност – три пати неделно оделе по 45 -минути или трчале.

Прочитај и за ... >>  Главен и најдобар рецепт за здравје

Испитаниците од третата група исто така добивале рибино масло, а од четвртата сончогледово масло, но ниту од едните ниту од другите не се барало да бидат физички активни.

По 3 месеци е утврдено дека испитаниците од првата група во просек ослабеле по два килограма, додека тие од останатите три групи воопшто не ослабеле.

„Бевме многу изненадени од ефикасноста на комбинацијата на омега-3 масните киселини и физичката активност бидејќи тие луѓе практично јадеа што сакаа, изјави Алисон Хил“, професор на Универзитетот.

Резултатите од едно 6-годишно истражување спроведено на Универзитетскиот медицински центар Раш од Чикаго покажале дека омега-3 масните киселини го подобруваат функционирањето на мозокот, го намалуваат ризикот од мозочен удар и го забавуваат негативното влијание на стареењето на мозокот.

Уште нешто поврзано со рибиното масло:

Истражувањето на американски научници покажало дека витаминот Д може значително да го намали ризикот од појава на рак на панкреасот. Учествувале повеќе од 120.000 испитаници. Научниците утврдиле дека лицата кои дневно внесуваат 400 милиграми витамин Д имаат за 43% помал ризик од појава на рак на панкреасот. Лицата кои секој ден внесуваат помалку од 150 милиграми од тој витамин имаат за 22% помал ризик, додаваат научниците.

Прочитај и за ... >>  Подолг живот без шеќер

Познато е дека во подрачјата со голема изложеност на сончеви зраци помал е ризикот за појава на различни карциноми, вклучувајќи го ракот на дојката и ракот на дебелото црево, а намалена е и смртноста од тие болести.

Витаминот Д е клучен за здравјето на коските поради тоа што на организмот му помага при апсорпција на калциумот од исхраната.

Витаминот Д го има во млечните производи и рибиното масло, а го произведува и кожата по изложеност на сончеви зраци.

Масните киселини омега-3, што ги има во рибата, можат да придонесат за намалување на вишокот на килограми, доколку се користат секој ден и во комбинација со умерена физичка активност, тврдат експертите од Универзитетот во Јужна Австралија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here