Потребно време за читање: 4 минути

Нема сомнение дека морските алги спаѓаат во најквалитетните продукти кои му се достапни на човекот. Иако најмногу ги користат макробиотичарите, навистина нема никаква причина да не станат дел од секојдневната вообичаена исхрана.

Алгите само ни се чинат скапи, но не се ако земеме предвид дека се користат во мошне мали количества. Особено ако се знае колку можат да му помогнат на нашето здавје.

Повеќе од 4.000 години алгите се користат како храна во Кина и Јапонија. Денес Јапонија е главен корисник на алги, а Јапонците развиле метод на култивирање и собирање на тн. лиснати алги.

Алгите се фотосинтетски растенија кои живеат во вода. Многу видови се мошне мали, некои можат да се видат единствено под микроскоп и често пливаат како планктони. Некоиа алги, кои често ги нарекуваме „морска трева“, се истакнати форми на вегетација. Најголемите се од родот Laminariae (кај нас во продажба познати како комбу алги), можат да бидат со мошен долги листови, до метар големина, и формираат мошне импресивни подводни шуми. Макроскопските алги се чести на плажите, а и инаку често ги среќаваме како храна, состојци на некои комерцијални производи, како и паразити во водата. Морската трева (алгите) има исклучително количество на минерални елементи од морето-до 36% од својата сува маса!

Алгите содржат натриум, калциум, хлор, калиум, сулфати, фосфати, а од микроелементите јод, железо, бакар, цинк, селен, молибден, флуориди, манган, бор, никел и кобалт. Тие имаат големо количество на јод, а примарно ги знаеме токму според содржината на овој елемент. Најногу го има во тн. кафени алги, како што е комбу (Laminaria japonica). Црвените и зелените алги имаат количество на јод кое, ако изедеме само еден грам дневно, ја обезбедуваат дневната потреба од овој микроелемент! Натаму, алгите се еден од продуктите најбогати со калциум. Содржат и неколку витамини, како што се каротин и витамин Ц, како и витамин Б12 кој го нема во повеќето растенија. Количеството на белтоци во алгите варира. Тие содржат малку масти, сенасе 1% до 5% од сувата материја, но имаат висок процент на есенцијални масни киселини. Зелените алги содржат линолеинска и алфа- линолеинска масна киселина. Исто така имаат високо ниво на влакна, 32% до 50% од сувата материја, кое го намалува холестеролот!

Прочитај и за ... >>  Лековитото дејство на пиперката и доматот

Јапонците ја одгледуваат прочуената црвена алга, porphyra (буквално значи пурпурно црвено), која во Јапонија се нарекува нори. Спорите на овие алги се расфрлани по школките; тие растат бавно и формираат фиданки, „филаменти“ на нив, кои потоа прават свои спори. За два месеца растението пораснува големо, се сече и се суши на сонце. Нори се користи за правење на суши. Келп или комбу се произведува исто така во Јапонија, се продава сува во суви парчиња од 10 см до 15 см долги, бара мало готвење, се става во сос од соја, а се произведува и во прав, како додаток на супи и разни варива од зеленчук. Трета алга е вакаме, а се продава како луксузна храна и за салати.

Денес Јапонија е водечки извозник на алги. Јапонците изедуваат 4 кг алги годишно!

Најчесто користени алги во макробиотичката исхрана се хиџики, комбу, вакаме, нори, араме и агар-агар. Во оваа исхрана алгите сочинуваат неколку проценти, воопштено околу 1 супена лажица по оброк, затоа што се извор на првокласни нутритивни елементи.

Прочитај и за ... >>  Сѐ за цвеклото-неговата хранливост и лековитост

Морските алги се екстремно јин, а се работи за добар јин кој треба да се користи според правилата на макробиотичката вештина на готвење, односно во мали количества. Корисни се поради своето богатство на минерали, но неконтролирано изобилната употреба може да доведе до тешки последици. Воопштено зборувајќи, можеме да кажеме дека алгите во макробиотиката овозможуваат добра елиминација на отпадните материи и пурини кои потекнуваат од животински производи, особено од млечните, имаат позитивни ефекти врз крвниот и нервниот систем и обезбедуваат добра рамнотежа на минералите во организмот.

Не е далеку времето кога голем број на жители на планетата Земја ќе почнат да конзумираат алги како најквалитетен извор на минерали. Алгите се наш единствен природен извор на јод.

Алгите се растителни форми кои постојат од настанокот на живот на Земјата, датираат од пред околу 4 милијарди години. Користени се како храна во многубројни култури, па така постои евиденција дека Астеците и Инките јаделе алги. Племиња во Африка исто така користат алги за исхрана, во Кина се користат со векови, како за храна исто така и во медицински цели. Ги користат и народите на Јапонија, Кореја, Полинезија, Хаваите, во Европа, Јужна и Северна Америка, Африка и Австралија.

Зголемената употреба на алги во одредени краишта се поврзува и со долговечноста и подоброто здравје.

Една студија објавена во списанието Medical Hypothese истакнува дак регуларната потрошувачка на алги може да послужи како превенција и да го намали развојот на ХИВ инфекцијата. Авторите забележале дека Јапонија, Кореја и Чад, земји каде што алгите се користат во секојдневната исхрана, имаат помал процент на ХИВ/АИДС. Просечната дневна потрошувачка во овие земји изнесува 3 кг до 13 кг.

Прочитај и за ... >>  Јапи диета

Меѓутоа, и во случај на користење на алгите треба да се биде внимателен, затоа што тие се мошне чувствителни на сите видови на загадувања во водата. Затоа е многу важно да се знае потеклото на алгите и состојбата на водите од кои се вадат, заедно со, се разбира, проверените тестови и сертификати за здравствената исправност. Исто така, треба да се има на ум дека алгите содржат и големи количества на јод, а зголеменото внесување на јод може да има и свои штетни ефекти.

Битно е да се истакне дека воведувањето на алгите во исхраната не мора да значи менување на вообичаениот начин на исхрана, доколку семејството не го сака тоа. Би било корисно алгите барем понекогаш да се користат како додаток на исхраната.

Алгите најчесто се врзуваат за макробиотиката, така што во конвенционалниот начин на исхрана речиси и не се употребуваат. Најчесто родителите имаат предрасуди, така што децата немаат можност ниту да ги пробаат. Доколку некогаш и дојдат во ситуација да пробаат јадење кое содржи алги, во повеќето случаи не им се допаѓа, зашто не се навикнати на нивниот вкус.

Алгите се богати со витамини и минерали, а некои содржат и значителни количества на протеини. Алгите спаѓаат во продукти со нешто посилен вкус на кој се чувствителни посебно децата, така што им треба одреден период за да се навикнат на него. Бидејќи постојат повеќе видови на алги, би требало да се изберат оние со поблаг вкус. За почеток можат да се додаваат на супи, чорби и јадења од мешунки.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here