Love Mother Handshake Friendship Hands Daughter
Потребно време за читање: 2 минути

По големо истражување за односот на свекрвите и снаите, во кое учествувале неколку илјади парови и голем број психолози, социолози и брачни советници, оформени се три најчести погрешни потези што ги прават свекрвите, а кои внесуваат немир во новонастанатата брачна заедница.

Др Тери Орбух, психолог на Универзитетот во Мичиген, тврди дека ненајавените посети се убедливо најчестата, но и најфаталната грешка што ја прават свекрвите. Таа повеќе од 26 години го следела развојот на илјада брачни заедници во голема студија за браковите и разводите, и токму ненајавените посети им пречеле на најголемиот број снаи.

„Едноставно, повикајте ја вашата снаа и порачајте ѝ дека би ви било мило да ја посетите. Доволно е одвреме-навреме да ја прашате како најдобро би ѝ одговарало нејзе, и проблемот е решен. Сите сакаме да имаме малку моќ, па не би штетело понекогаш да ги препуштите конците во нејзини раце“, смета Др Орбух.

Прочитај и за ... >>  Брачните кавги

На второ место се нашла желбата свекрвите да бидат нарекувани мајки, иако на повеќето снаи тоа им е тешко го прифатат. Проблем претставува и давањето совети кои никој не ги бара, а ситуацијата особено се комплицира кога свекрвата ги критикува внучињата пред снаата.

„Вие сте баба, би требало да имате најубаво мислење за своите внуци. Но ако постојано ги критикувате, посредно наведувате дека е тоа грешка на родителите, со што не правите добро дело. Бидете внимателни и конструктивни во критиките“, порачува Тери Аптер, авторка на бројни книги за воспоставување односи со „новото семејство“.

Третата најчеста грешка што ја прават свекрвите е озборувањето на снаите кај останатите членови на семејството, првенствено кај својот син а нејзин сопруг.

„Едноставно речено-не правете го тоа“, одлучно тврди Аптер. Таа наведува дека синовите неретко не го критикуваат таквото однесување на својата мајка, иако би требало.

Како што во најголемиот број случаи грешките се направени од љубов, така и нивното исправање, со малку добра волја, не би требало да биде тешко. Доколку од различни причини се почувствуваат запоставени, студијата покажува дека најдобро што можат да направат свекрвите е отворено да разговараат со синот и снаата, да признаат што чувствуваат и едноставно да прашаат: „Што би требало да направам за да ја подобрам ситуацијата?“

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here