Потребно време за читање: 3 минути

Се смета дека секое претпријатие, од кој било тип, од која било бизнис сфера, има две основни функции: маркетинг и иновација. Притоа, иновацијата не е само техничка и технолошка, туку се дефинира како оригинално решение во производството или во создавањето на нови производи, на нови начини на задоволување на потрошувачите, односно во дистрибуцијата и другите активности.

Што се однесува на маркетинг мискот, повеќето од четирите оддели (производ или услуга, цена, дистрибуција и промоција) денес не учествуваат подеднакво во маркетинг стратегијата. Таа најмногу се концентрира на огласувањето, како составен дел на промоцијата.

Од друга страна, маркетингот денес, а особено во наредниот период ќе стане мошне предизвикувачка работа. Не треба да се потсетува дека неговата задача никако не е само огласување, туку во најголема мера создавање на производи и услуги со кои ќе бидат задоволени потребите на луѓето. Тоа значи дека е потребна вештина во откривањето на новите можности, во пронаоѓањето на незадоволените потреби и решенија кои ќе ги подобрат условите на животот.

Прочитај и за ... >>  Snack култура

Кои се најчестите пропусти во маркетингот?

Првата е лоша сегментација на пазарот и избор на целната група.

На прашањето која е нивната целна група, претприемачите најчесто одговараат дека се тоа „сите“. Притоа, не водејќи сметка дека секоја група на потрошувачи не може да биде верен купувач.

Најважно: целната група мора да биде запозната со она што претпријатието го нуди и треба да ја знае точната разлика помеѓу нивната понуда и понудата на конкуренцијата. Исто така, тоа треба да ја развие и негува хиерархијата, на чиј врв се наоѓаат потрошувачите и да се преземат активности кои ќе доведат до подобро сознание за нивните желби и потреби.

Вториот пропуст е лошо управување со односите.

Се мисли на односите со вработените, добавувачите, дистрибутерите, инвеститорите, акционерите и останатите заинтересирани страни. Истражувањата и анализите потврдија дека вработените најдобро работат кога се добро избрани, обучени, мотивирани и почитувани. Незадоволството на работното место најчесто е предизвикано од лоша организација, неможност за усовршување и чести неоправдани критики.

Прочитај и за ... >>  Snack култура

Економските резултати на едно претпријатие зависат како од начинот на кој тоа постапува со своите партнери, без оглед дали е збор за вработените, дистрибутерите, добавувачите, исто толку, понекогаш и повеќе, од примената на иновациите.

За недостигот од иновации: тоа понекогаш е последица на мислењето дека не постојат нови можности на пазарот. А без нови идеи, одамна е потврдено, претпријатието на може да се одржи и развива.

Во врска со претходното (добрите односи со партнерите), се потенцира дека новите идеи можат да дојдат од различни страни (од кои било партнери), па според тоа треба да се донесат важни одлуки за управувањето со односите, односно за подобра соработка со вработените, добавувачите, дистрибутерите, инвеститорите, кои стануваат партнери во создавањето на вистинска добивка.

И уште еден важен маркетиншки пропуст: непознавање на конкуренцијата и нејзината работа.

На овој план раководителите на претпријатието најмногу размислуваат за најблиските и директни конкуренти, а речиси никакво внимание не обрнуваат на подалечните конкуренти и новите технологии.

Прочитај и за ... >>  Snack култура

Конкретен пример: синџирот на брза храна би можел да ја побара конкуренцијата помеѓу другите синџири на брза храна, но кога би се размислувало пошироко, тоа би можеле да бидат и различни пицерии, киосци со сендвичи и печива, супермаркети кои нудат готова храна и др.

Се препорачува да се избере лице кое ќе биде одговорно за прибирање на информации за конкуренцијата, како и вработување на лице кое порано работело во конкурентско претпријатие. Притоа, причината не смее да биде желба за откривање на деловни тајни, туку стекнување на увид во начинот на размислување и реагирање на конкуренцијата.

Голема закана за претпријатието може да претставува и новата технологија со која, меѓу другото, се брани сопствената иднина. Потребно е редовно да се прибираат информации за конкуренцијата, внимателно да се следи новата технологија и да се подготвува подобра понуда. На тој начин претпријатието ќе открива нови можности што ќе доведат до заземање на подобра позиција на пазарот и во мислите на потрошувачите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here