Потребно време за читање: 2 минути

Дали сте суеверни? Внимавајте, тешко дека ќе ви повевура некој ако одрекувате одлучно. Ако не сте, подобро одговорете вака: „Не сум, ама можеби нешто…“.

Кога ќе го прочитате изборов на најчудни суеверија, можеби ќе одговорите вака: „Да, сум, ама сепак не сум“.

Најнапред нешто веќе осознаено и практично спроведено:

Иако суеверието се сфаќа како неоправдано верување, во многу болници и хотели често не постои соба со број 13. Колку бројот 13 се смета за баксузен зборува и податокот дека многу светски аеродроми немаат писти, излези и седишта во авиони со тој број.

Статистиките велат дека само 30% од луѓето не се суеверни.

Нож и паричка
Според ова верување, пријателот може да ви даде нож само ако му дадете паричка, инаку пријателството ќе се прекине. Ако сакате тоа да го сочувате, морате да платите.

Три цигари
Откога на пазарот се појави запалката, ќибритот е сѐ помалку во употреба. Сепак, суеверието и натаму е присутно. Ако запалите три цигари со ист ќибрит, тоа е предзнак за лоша среќа. Значи, две цигари се прифатливи. Така ќе бидете спасени од лошата среќа-единствено во тоа не го сметате ракот на белите дробови.

Прочитај и за ... >>  Баења: Баење за секаква болест

Часовникот најавува смрт
Ако вашиот часовник кој одамна не работи се огласи случајно, можете да се запрашате кој ќе умре. Можеби би било најдобро да ја спречите клетвата ако навреме го поправите.

Скршено огледало
Ако огледалото се скрши само од себе, не морате да се грижите, тоа не може да ја поднесе вашата убавина. Сепак, ова најавува нешто многу полошо: значи дека некој од вашата куќа ќе умре. Веројатно огледалото е способно да ја види смртта како се шета низ куќата, па од силен страв на крајот и пука.

Лист кој паѓа
Витаминот Ц, тони грејпфрут, лимони или кое било друго овошје не се доволни да ве заштитат од настинка. Доволно е да фатите лист кој паѓа од дрво. Не морате да правите чај од него, доволно е да го фатите и среќата е на ваша страна.

Црна мачка
Според ова верување, црните мачки донесуваат многу среќа. Доколку црна мачка оди кон вас, можноста за среќа се зголемува, но ако е оддалечена таа ве напушта. Сѐ уште не е утврдено колку среќа може да ви донесе ако имате црна мачка како домашно милениче.

Прочитај и за ... >>  Ежова трева

Солена супа
Ако е супата премногу солена, тоа значи дека готвачката е вљубена. Се разбира, додека фантазира над тенџерето тешко дека ќе обрне внимание колку сол ставила во супата. Ова не мора да биде суеверие, туку мошне реална ситуација.

Три галеби
Не претскажуваат смрт само часовникот и огледалото. Иста е ситуацијата и со галебите. Иако ќе уживате додека ги посматрате овие преубави птици, тоа нема да трае долго зашто ќе слушнете лоша вест. Ако галеби летаат над плоштад, се чини дека лошата среќа ќе „опфати“ многу луѓе.

Векна леб
Никогаш не ја превртувајте векната леб ако пред тоа е отсечено парче од неа, инаку ќе ве следи лоша среќа. Веројатно ова звучи чудно, но е во прашање суеверие. Или сепак се работи за некој симптом на невроза.

Три лица заедно на фотографија
Три цигари, три галеби, сега и тројца луѓе. Се чини дека бројот три носи со себе повеќе лоша среќа одошто бројот 13. Ако три лица се фотографираат заедно, веројатно она во средината ќе умре прво. Се чини дека славни кои умреле млади како Курт Кобејн секогаш биле во средината кога се фотографирале со своите фанови.

Прочитај и за ... >>  Ако се пуштиш од некое високо место, во некое удолно и да не можиш да се качиш пак тамо, ќе ти куца работата и ќе падниш во сиромаштија

(Извор:http://www.b92.net/)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here