Потребно време за читање: 4 минути

Е-бизнис е релативно нов поим-поим кој во околу 90% случаи во светот е толкуван на погрешен начин. Луѓето имаат обичај да го идентификуваат со online продажбата и купувањето, притоа заборавајќи на неговата најзначајна улога-како средство за комуникација.

Еве некои од најзначајните поими од е-економијата:

Enterprise business, e-business електронско работење

-Самиот збор enterprise означува работење по пат на Интернет и/или електронски медиуми. Почетокот се бележи во раните 70-ти на 20. век, при првите употреби на EFT (Electronic Fund Transfer) и EDI (Electronic Data Interchange) апликација, главно користени помеѓу деловните субјекти. Нови димензии e-business добива во раните 90-ти на 20. век-со комерцијализација на Интернет и World Wide Web-, и е дефиниран како нов начин на работење: процес на размена на добра, услуги и информации online, по пат на Интернет, VANs, LANs и сл.

Брзината на неговиот развој, како и препознатите бенефиции на е-работењето доведуваат до поимот e-conomy или нова економија-нова економска ера. Некои уште ја нарекуваат и информациска ера. Како било да се нарече, очигледно е дека со тоа се поместени границите и правилата на традиционалните начини на работење. Во центарот на случувањата сега доаѓаат: (а) борба за купувачот- преку грижата за него и самиот купувач (б) на информацијата како и размена на истите по пат на IT, (в) тн. knowledge worker. Сите три дела денес се сметаат далеку повреден и позначаен капитал од оној од материјален карактер. Сметката е едноставна. Оние што ќе се прилагодат-ќе просперираат, а оние што ќе задоцнат-ќе пропаднат.

Прочитај и за ... >>  Инвестиции

Electronic Commerce, e-commerce-електронска или online продажба

-Е-продажбата е потесен дел на е-работењето. Станува збор за начин на работење во текот на кое доаѓа од купување и продажба, односно размена на врењдности или трансакции на парични средства. Пример на е-работење кое во себе содржи иe-commerce, во вид на мал e-shop е “Večernji list” (www.vecernji-list.hr). Од друга страна, кога е збор за начин на работењее на нов дневен печат “24 sata” (www.24sata.hr), зборуваме само за е-работење.

Business Models

-Моделите на работење се честа тема на разговори, но што е всушност модел наonline работење? Со оглед на тоа дека е-работеењет е сепак една нова сфера и сосема нова наука, која ликтературата ја менува од ден на ден бвлагодарение на секојдневниот напредок и промените, дефиниции има многу. Едни велат дека дефинирањето на моделот на работење е условено од одговорот на прашањата кој продава, кому му се продава, како и кои вредности за продаденото се добиваат. Други велат дека моделот на работење е дефиниран од начинот на работење, односно од начинот на кој деловниот субјект стопанисува т.е. генерира приходи.

Постои дефиниција на поимот модел на работење која го дефинира како метод со кој фирмата гради и користи ресурси- со цел креирање на вредности кои купувачите ќе ги ценат повеќе од оние конкурентските. Една од поновите дефиниции business model го одредува според начинот на кој е-работењето ја користи информациско-комуникациската технологија со намера остварување на долгорочни партнерства, добри односи со околината, како и придобивање на лојални купувачи, а се со цел што посилен просперитет. Или пак: business model е збир на улоги и односи помеѓу потрошувачите, купувачите, партнерите и добавувачите-кои го дефинираат главниот тек на произоводот/услугата, информациите, парите, како и бенефициите кои тој проток им ги донесува на сите субјекти.

Прочитај и за ... >>  Економски науки

Изгледа комплицирано, но верувајте ми-воопшто не е, ако го земете предвид фактот дека целта на секое е-работење е искористување и оптимализација на сите можности на технологија и поврзување. Да не збунувам натаму, сега ја изнесувам квалификацијата на е-работењето според природата на трансакциите (кој, кому и за која вредност), на следните модели:

B2B (Business-to-business) -модел во кој учесниците се правни лица/фирми. Примери:

http://www.prava-stvar.com

B2C (Business-to-Consumers)-модел кој вклучу ва retailing (малопродажба) на крајните потрошувачи-купувачите. Примери: http://www.croart.com , http://www.croata.hr и сл.

C2C (Consumer-to-Consumer)-модел во кој крајниот купувач продава и купува од крајниот купувач, физичко лице. Под овој модел можеме да ги најдеме и огласувањето и нудењето на лични услуги. Примери: http://www.e-burza.com , www.ebay.com, http://www.crodream.com и сл.

P2P (People-to-People)-модел во кој доаѓа до размена на добра, главно дигитални. Пример: www.napster.com.

C2B (Consumers-to-Business)-моделот вклучува физички лица кои своите производи и услуги им ги продаваат на деловни субјекти или пак купувачи кои трагаат по продавачи. Пример на добро организиран C2B моделот е секако www.priceline.com.

Прочитај и за ... >>  Безработица/Невработеност

B2E (Business-to-Employees)-категорија која ги опфаќа сите интерни активности во рамките на претпријатието, обично по пат на Интранет и корпоративни портали. Овде можат да се одвиваат следните активности: размена на информации помеѓу вработените, размена или продажба на производи на вработените, online тренинг и сл.

G2C (Government-to-Citizens), G2B (Government-to-Businesses)-се категории во кои државните служби разменуваат производи, услуги и информации со физички и правни лица. Се осмелувам да речам дека моментно во РХ (Република Хрватска) токму оваа категорија а најзапуштена. Искрено, ме чуди како фактичката состојба вешто им се извлекува на медиумите.

Тука се уште на пример: C2G (Citizens-to-Governments), B2G (Business-to-Governments), E2E (Exchange-to-Exchange или End-to-End), m-commerce, c-commerce и многу други, не така застапени модели. Пример на E2E од РХ би можел да биде http://www.snizenje.com. Велам-би можел, оти web site-от дефинитивно боледува од недостиг на информации за целта на своето постоење.

И шеќерот на крајот…Оние што користат само еден модел се далеку од вистинското е-работење. Со други зборови, не постигнуваат соодветна продуктивност и профитабилност на работењето.

При максимална искористеност на е-работењето, успешниот web site обединува повеќе модели. Така на пример, на порталот еден B2B ретко доаѓа сам. Задолжително би требало да бидат интегрирани B2E, потоа B2G, Б2Ц, како и други модели-во зависност од индустријата.

Верувате ли сега во силата и нужноста на е-работењето? Дали можеби треба да размислите за постојните страници?

Grapnet – Sabina A. Latin
E-business specialist

(Преземено и преведено на македонски од: http://www.biznis.ba)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here