Потребно време за читање: 2 минути

На македонските пејачи, композитори, аранжери-музичари им останува како трајна задача да испејат или препејат (од видено-чуено) уште многу песни запишани од собирачи на народни умотворби. Или сѐ уште само слушани, сѐ поретко, кои опстојуваат пред заборавот заедно со народните пејачи и нивната старост.
Во мигови на лирско расположение најмногу читам македонска народна поезија. Ви нудам и вам три помалку познати песни:
Џан Невено, китка неносена
Е Невено, џан Невено,
Гиди китка невенова,
Невенова, неносена,
Цариграда допратена,
На ергени нарачана,
Ергени си болни лежат.
-Ако лежат, нека станат
А што им е понудата
Густа леќа неварена,
У копанка небркана,
До два леба ‘ржаници.
-Е Невено, џан Невено,
Гиди китка невенова,
невенова, неносена,
Цариграда допратена,
На момиче нарачана;
Момите си болни лежат.
-Ако лежат, нека станат,
А што им е понудата,
Гуруби шеќерли,
Две погачи црвенкини.
-Е Невено, џан Невено,
Гиди китка невенова,
Невенова, неносена,
Цариграда допратена,
На невести нарачана,
Невести си болни лежат.
-Ако лежат, нека станат,
А што им е понудата-
Теганици маслосани.
Разделина мајка плети
Разделина мајка плети(ј), леле,
разделина мајка плети.
Ем ја плети, ем ја колни(ј), леле,
Ем ја плети, ем ја колни:
-Разделино, мила ќерко(ј), леле,
Разделино, мила ќерко,
Веќе ми се здодеало(ј), леле,
Веќе ми се здодеало,
Плетеејќи твоја коса(ј), леле,
Плетеејќи твоја коса,
Плетеејќи, чешлаејќи(ј), леле,
Плетеејќи, чешлаејќи,
Твоја, ќерко, руса коса(ј), леле,
Твоја, ќерко, руса коса,
Плетеејќи се плетенки(ј), леле,
Плетеејќи се плетенки,
Сто згорници, сто здолници(ј), леле,
Сто згорници, сто здолници,
Сто ј педесет подлесници(ј), леле,
Сто ј педесет подлесници.
Разделина се насрди, леле,
Разделина се расрди
Од мајкините зборои, леле,
Од мајкините зборои,
Та си појде кај берберо(ј), леле,
Та си појде кај берберо.
Та обриче своја коса(ј), леле,
Та обриче своја коса.
-Ој бербере, млад Имере(ј), леле,
Ој бербере, млад Имере,
Обричи ми моја коса(ј), леле,
Обричи ми моја коса,
Да не мачам моја мајка(ј), леле,
Да не мачам моја мајка,
Плетееќум, чешлаеќи(ј), леле,
Плетееќум, чешлаеќи,
Чешлаеќум моја коса(ј), леле,
Чешлаеќи моја коса.
Сто згорници, сто здолници(ј), леле,
Сто згорници, сто здолници,
Сто ј педесет подлесници(ј), леле,
Сто ј педесет подлесници.
-Разделино мало(ј) моме(ј), леле,
Разделино мало(ј) моме,
Не бричи си твоја коса(ј), леле,
Не бричи си твоја коса.
Не улишуј твоја глава(ј), леле,
Не улишуј твоја глава.
Твоја глава, твоја става(ј), леле,
Твоја глава, твоја става,
Ти прилегаш за кад’на(ј), леле,
Ти прилегаш за кад’на.
Разделина се устрами(ј), леле,
Разделина се устрами,
И се назад повратила(ј), леле,
И се назад жална врати.
На вода оди бела Румена
На вода оди бела Румена,
На вода оди, на бела чешма,
Вода да леи, лице да мие.
Оздола иди лудоно младо,
Прао ми трга кај бела чешма;
Да штом је рече лудоно младо:
-Дај ми, Румено, студнана вода
Да се напијам, да се оладам.
Оф, што му рече бела Румена:
-Мајка ме, лудо, мене заколна
На ерген вода јас да не давам,
Ергенска вера не се веруат!
Оф, што си симна лудоно младо
Танкана пушка од десно рамо
И ми ја удри бела Румена.
И ми ја удри во клето срце.
И ми извика бела Румена.
И ми заплака со танки гласи,
И ми се сврте кај другачките
И жална таа му зборуваше:
-Ој вие, мили моите другачки,
Мили другачки и мили сестри,
Да не слушате мајкина клетва
На ерген вода да не давате,
Ергенска тага била голема.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here