Потребно време за читање: 5 минути

Неодамна двајца научници, Стјуарт Хамероф и сер Роџер Пенроуз, дошле до заклучок дека душата се наоѓа во мозокот, а го напушта по смртта на човекот и останува да живее во универзумот.

Неодамна рускиот научник Константин Коротков го сними моментот кога нашето астрално тело го напушта физичкото!

А, пак, Роберт Ланза, познат американски научник и професор, изнесе теорија дека смртта не постои.

Сите големи и познати религии потврдуваат дека душата постои, но материјални докази бараат сите оти е тешко да се поверува во нешто што не може да се види со физички очи. Работите се менуваат со брзина на светлината, а на сите ни е веќе јасно дека нашата свест е клуч во креирањето на нашата стварност.

Хамероф и Пенроуз се еминентни научници по квантна физика. Првиот е доктор на Универзитетот Аризона, а вториот психијатар. Двајцата се автори на новата квантна теорија на свеста, според која нашите души се наоѓаат во специфични структури, тн. микротубули (микроцевчиња), сместени во мозочните клетки, а по смртта продолжуваат да постојат во универзумот. Дцвајцата работеле на оваа теорија од 1996. година, кога тргнале од идејата дека мозокот е биолошки компјутер составен од речиси 100 милијарди неврони- нервни клетки, како и специјални нервни влакна и синаптички врски кои се однесуваат како информациска компјутерска мрежа.

Најнапред заклучиле дека нашето свесно искуство е резултат на процес кој се одвива во микроцевчиња, кои ги нарекле оркестрирана објективна редукција (Орцх-ОР). Тие ги изучувале случаите на луѓе кои доживеале клиничка смрт. Притоа микроцевчињата од мозочните клекти губеле квантни податоци, но информациите во нив не биле уништени. Со тоа потврдиле дека душата не умира, туку оди некаде во универзумот.

Доктор Хамероф изјавил дека, доколку по клиничка смрт лекарите успеат да го оживеат пациентот, сите квантни информации се враќаат во микроцевчињата, а човек кој се нашол на работ на животот тврди дека имал чувство како да ќе умрел за малку. Следствено, возможно е кога човек навистина ќе почине, неговите квантни информации целосно да го напуштат телото во вид на душа и да продолжат да постојат во вонтелесна форма, некаде во универзумот.

Доктор Константин Коротков, управител на Институтот за физика во Санкт Петерсбург, го сними човековото тело во моментот на смртта. Фотографијата е направена со посебен метод на снимање, напредна форма на Кирлијановата фотографија (слики направени со помош на вид фотограм под напон). Овој метод на снимање на енергијата го потврди и Министерството за здравје на Руската федерација и се користи како техника за дијагностицирање на болести.

Прочитај и за ... >>  Богот Перун

Коротков вели дека енергијата што го напушта телото во моментот на смртта може да биде душата. Душата, односно животната сила најнапред ги напушта трупот и главата, а последни ги напушта срцето и половите органи.

Иако сите овие истражувања се сеуше во пионерска фаза, од нив се очекува многу. Овој систем на снимање на енергијата може да се користи во широк спектар на посматрање на дисбалансот, од оној во телото до оној во просторот. Од личната биоенергија до промена во просторот. Интересно е дека овој научник тврди оти со промена на нашите мисли ја менуваме и енергијата во просторот. Веќе постојат докази на јапонскиот научник Масару Емот кој сликал кристали на вода под влијание на различни енергии на мислата. Колку енергијата била почиста и попозитивна, кристалите биле поубави.

Дека смртта не постои тврди Роберт Ланза, познат американски научник и професор на Инситутот за регенеративна медицина на Универзитетот „Вејк Форест“ во Северна Каролина.Објави текст на неговиот сајт под наслов „Дали постои смртта? Новата теорија вели: Не“. Го пренесуваме во целост:

„Многумина од нас се плашат од смртта. Веруваме во смрт зашто ни е речено дека ќе умреме. Себе си се поврзуваме со своето тело, а знаеме дека телата умираат. Меѓутоа, новата научна теорија тврди дека смртта не е толку конечен настан како што мислиме.

Еден од познатите аспекти на квантната физика е тоа дека одредени опсервации не можат да се предвидат апсолутно. Наместо тоа, постојат низа можни опсервации од кои секоја има различен степен на веројатност. Едно од „мејнстрим“ објасненијата (теоријата за „многу светови“) наведува дека секоја од овие можни опсервации кореспондира со различен универзум („мултиверзум“). Новата официјална теорија наречена „биоцентризам“ ја продлабочува оваа идеја.

Постојат неограничен број универзуми и се што воопшто би можело да се случи се случува во некој од нив. Смртта не постои во стварна смисла во овие сценарија. Сите можни универзуми постојат истовремено, без оглед на она што се случува во кој било од нив. Иако поединечните тела се предодредени да се самоуништат, чувствувањето на животот (прашањето “Кој сум јас?“) е само фонтана на енергија од 20 вати која се јавува во мозокот.

Прочитај и за ... >>  Велика Сабота

Но, оваа енергија не исчезнува со смртта. Една од најизвесните аксиоми на науката е дека енергијата никогаш не умира, а не може ниту да биде уништена. Но, дали оваа енергија трансцендира од еден свет во друг?

Земете го предвид експериментот кој е неодамна објавен во списанието „Саенс“, а кој покажува дека научниците ретроактивно би можеле да променат нешто што се случило во минатото. Честичките морале да одлучат како ќе се однесуваат кога наишле на разделувач на зрак. Подоцна, спроведувачот на експериментот можел да вклучи и исклучи друг прекинувач. Се установило дека она што посматрачот го одлучил во тој момент го одредува она што се случило во минатото.

Без оглед на изборот кој вие, како посматрач, ќе го направите, вие сте тие што ќе ги искусите последиците кои ќе уследат. Врските помеѓу овие разни истории и универзуми ги трансцендираат нашите вообичаени класични идеи за времето и просторот.

Замислете енергија од 20 вати која едноставно холограмски го проектира овој или оној резултат на екран. Без оглед на тоа дали другиот разделувач на зракот е вклучен или исклучен, и натаму е во прашање иста батерија или агенс одговорен за проекцијата.

Според биоцентризмот, времето и просторот не се цврсти предмети како што мислиме. Замавнете со рака низ воздухот- ако однесете се, што ќе остане? Ништо. Истата работа се однесува на времето. Не можете се да видите низ коските што го обвиваат вашиот мозок. Се што гледате и доживувате во овој момент е вир на информации што се случуваат во вашиот ум. Времето и просторот се само алатки за собирање на целината.

Смртта не постои во безвремениот и беспросторниот свет. Дури Ајнштајн признал: „Сега Бесо се издвои од својот чуден свет малку пред мене“. Тоа не значи ништо. Луѓето како нас знаат дека дистинкцијата помеѓу минатото, сегашноста и иднината само е упорно тврдоглава илузија“.

Прочитај и за ... >>  Митологија на Средна Америка- основни сознанија

Бесмртноста не е постојано постоење во време без крај, туку престојува од онаа страна на времето.

Ова ми стана јасно кога ми умре сестра ми Кристин. Кога го посетив нејзиното тело во болница, излегов да разговарам со членовите на семејството. Мажот на Кристин Ед почна неконтролирано да плаче. Во неколку минути почнав да се чувствувам како да ја трансцендирам провинцијалноста на времето. Размислував за енергијата од 20 вати и за експериментите кои покажаа дека една честичка може да помине низ две дупки во исто време. Не можев да го отфрлам заклучокот: Кристин беше и жива и мртва, надвор од времето.

Кристин имаше тежок живот. Конечно го најде човекот кој ја сакаше многу. Мојата помлада сестра не можеше да стаса на венчавката оти имаше закажано партија карти неколку недели однапред. Ниту мојата мајка не можеше да дојде поради големи обврски во клубот „Елкс“. Венчавката беше еден од најзначајните настани во животот на Кристин. Бидејќи никој друг од нашето семејство не се појави, Кристин ме замоли да ја испратам до олтарот и да ја предадам на нејзиниот иден маж.

-Ед, не можам да ја почувствувам ногата,- рече.

Не знаеше дека црниот дроб и е преполовен и оти јурнала крв.

Кога му умрел синот, Емерсон напишал: „Нашиот живот не е толку загрозен како нашата перцепција. Жалам за тоа што жалоста не може да ме научи на ништо, ниту може да ме одведе еден чекор понатаму во вистинската природа“.

Без оглед на тоа дали го притискате прекинувачот во експериментот за списанието „Саенс“ или да го вртите воланот на оваа или онаа страна додека возите по лед, енергијата од 20 вати е таа која ќе го искуси резултатот. Во некои случаи автомобилот ќе излета од патот, но во други случаи тој ќе продолжи по својот пат до куќата од соништата на мојата сестра.

Кристин неодамна изгуби повеќе од 45 килограми, а Ед како изненадување и купи дијамантски обетки. Знам дека ќе биде тешко да се чека, но знам дека Кристин ќе изгледа прекрасно со нив кога ќе ја видам следниот пат“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here