Потребно време за читање: 3 минути

Се смета дека една од најтешките улоги што може да му (и) биде доделена на таткото или мајката е самохраниот родител. Најнапред, тој никогаш нема доволно пари, потоа нема доволно време, мора со сета сила да се носи со емоционалните рани, а згора на сѐ е несигурноста што ја има односно чувствува секој член на семејството.

Списанието „Focus on the Family“ објави напис токму на темата самохран родител, под наслов „Да се даде слобода“, во кој преку една животна приказна ги назначува и објаснува најголемите проблеми.

Постојат три главни „состојби“:
-мајката ја оставил мажот и таа се плаши дека децата повеќе ќе го сакаат таткото отколку неа;
-таткото се плаши дека неговата поранешна жена ќе ги сврти децата против него;
-целиот свет на децата им е свртен по разводот на родителите, па некаде во длабочината на душата се прашуваат дали е тоа нивна грешка и вина.

Следува животната приказна на родител по развод:

„Зборовите висеа во воздух неколку секунди. Тонот на гласот на мојот 16-годишен син беше остар, но тивок. Бев смирен додека возевме дома.

Прочитај и за ... >>  Татковците негативно влијаат врз интелектуалниот развој на момчето

„Размислував“, рече, „јас сакам да живеам со мама“.

Токму тоа беа зборовите кои никогаш не сум сакал да ги слушнам. Сакав да заплачам, да му се развикам и да му речам:

„Тоа не можеш да ми го направиш!“, но го задржав јазикот за заби. На многу начини мојот син е едно од посреќните деца на разведени родители.

Има родители што го сакаат и сакаат целосно да се грижат за него подеднакво. Затоа не го разбрав неговиот избор кој сосема би ме исфрлил од оваа одлука. Битката се подготвуваше веќе неколку месеци. Секогаш бевме блиски, доста разговаравме и минувавме време заедно.

Меѓутоа, кога тој тргна во средно училиште почувствував дека ја изгуби почитта спрема мене и почна да се оддалечува.

Еден ден додека се возевме со автомобил со часови разговаравме за тоа што се случува во средните училишта, за влијанието на околината, дрогата, алкохолот, па сѐ до сексот и училишната програма. Во еден момент се сврте и пламна:

„Но тато, јас едноставно повеќе не верувам во ништо, ниту во Господ“.

Порано тоа лето се жалеше дека му е тешко да живее со мама. Зборуваше за мајка му дека работите што ги прави таа не се доволно „совршени“. Го советував дека проблемот што го има мора да го реши со мајка му, но ако му стане неподносливо секогаш може да дојде и да се пресели кај мене.

Прочитај и за ... >>  Удирањето на детето „по газе“ влијае врз подоцнежниот сексуален живот

Меѓутоа, по само три кратки месеци се сврте против мене и стана непрепознатлив. Продолжи со својата декларација за независност, а јас се чувствував како да ми задава ниски удари. Се кршев од болка и вриев од бес. Сакав да го барам своето право и да му кажам се што сторив за него:

„Никогаш не сум пропуштил ниту еден фудбалски натпревар кога ти играше! Одев на безброј излети со тебе! Те испраќав во летни кампови! Научив да фаќаш риби! Со ноќи ги слушав твоите приказни за тоа дека ти е болен родителскиот развод. Се откажав од мошне вносна работа за да можам да минувам повеќе време со тебе“.

Но ги задржав тие мисли во себе и смирено реков:

„Синко, без оглед на твојата одлука јас ќе те сакам. Можеби нема секогаш да се согласам со она што ти ќе го направиш и кажеш, но тоа нема да го промени фактот дека секогаш можеш да ми се обрнеш и дека мојата врата ти е секогаш отворена“.

Прочитај и за ... >>  Европјаните се постари, разводи се повеќе

Таа ноќ неколку пати влегов во Марковата соба и го молев Бога да се погрижи за мојот син на начин кој го може само Тој.

Во следните неколку дена ги прашав за совет сите свои пријатели кои имаат деца адолесценти, што да правам. Нивниот совет беше: „Пушти го“.

Ми остана тоа да морам да верувам дека времето што го вложив во неговиот живот еден ден ќе се исплати. Секогаш му зборував дека не е битно колку е човек успешен на финансиско и персонално поле, туку колку му е човек верен на Господ и како се однесува спрема другите луѓе. Тоа е она што е највредно.

Морам да верувам дека еден ден ќе се сврти кон Бога, па кон мене. Најпосле, ќе има уште можности за риболов, за спортски активности и за молитва. Верувам дека е тоа она што го сака и тој, но моментно за тоа не е свесен.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here