OLYMPUS DIGITAL CAMERA
Потребно време за читање: 2 минути

За кабата сурла и џурата, гарнетата, тарамбуката, чампарите, свирката врбоа, таламбазите и чкрталото.

Кабата сурла и џурата

Кабата сурла и џурата свират со писќите. Писката има едно колце од коска шпто му крепи рилќите. Гарнетата свири со камиш. Камишо ет од трска клаена во к`л`во што се клава в уста и се дуа да свири.

Тарабука

Тарамбуката е напраена од црвена земја од грнчарите: долга околу три педи; едната страна широка околу педа и пол, а од другата страна широка устина колку еден чепар`к; од широката страна е залепено со волосќи меур, као на дајре. Тарамбуката се клава под левата мишка и се чука со обете раце, као наместо дајре. Најпоеќе Турчињата свират со тарамбуќи и песни пејат. Има и од рисјанцќите деца.

Чампари

Чампарите сет од туч, големи колку една бела меџидија и во стредето со дупќи; во дупќите проврено по еден гајтан за колку да влегуа палецо и показалецо, та да се чукаат и да тропаат. Во старо време машќи убаи момчиња викаа ченѓии, играа и тропаа со чампарите: чипа-чупа, чапа-чупа, и виткај му се пред Турците и му седеа на колено да `и лепа(т) со чакмаци.

Прочитај и за ... >>  Тапан

Врбоа

Свирката врбоа. Во марта коа ќе се развиеа врбите, ќе кршевме прачќи и ќе си праевме, та си свиревме: фиу, фиу.

Таламбази

Таламбазите сет као некој длабоќи вагани, со широќи усти и залепени со кожи, као некој тремпетиња; двата таламбаза се опашуаат за појас и се бијат со по едно стапче, као што се бие тремпетето (барабан). Во време на Грчкото востание врвеа низ Прилеп башибозуци и, влегуајќи во градо, биеа со таламбазите; страв и трепет имало од гласот на таламбазите, а уште поголем страв од конаците на башибозуците, чунќи во која куќа ќе кондисаа, требаше да `и ранат и дишпара да платат.

Чкртало

Чкрталото ет долго околу седм-осум прсти и широко околу четири. На горнио крај има рачка проврена во крајо на штичето; во стредето има едно колце со заби и во колцето има едно штиче као јазик, во стредето на штичето, и тоа штиче е закачено во запците од колцето, та коа ќе го завртевме ќе чкрташе многу силно и со свирчето што е во рачката си свиревме.

Прочитај и за ... >>  Кавал

(Запишал: Марко К. Цепенков)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here