Потребно време за читање: 5 минути

Група фински научници открила дека дел од малиот мозок, одговорен за препознавање на лица, побрзо се активира кога човек ќе здогледа голо тело, отколку некое познато лице, а сметаат дека е тоа еволуциски механизам кој служи како помош при избор на партнер.

Mозокот на машките испитаници реагирал посилно на фотографии на голи женски модели отколку на голи мажи.

Истражувањето е спроведено така што на припадници на обата пола им биле мерени мозочните функции при гледање на фотографии на мажи и жени кои биле комплетно облечени, скудно облечени и голи. На тој начин ја следеле брзината на визуелното процесуирање.

Резултатите покажале дека колку моделите биле поскудно облечени, толку визуелното процесуирање било поизразено.

Научниците воочиле една занимливост: мозокот на машките испитаници посилно реагирал на фотографиите на голи женски модели, отколку на голи мажи, додека на активноста на женскиот мозок не влијаел полот на моделот.

Според нив, истражувањето сугерира дека приоритетот на мозокот при обработката на голотијата може да служи за ефикасна перцепција на потенцијални сексуални партнери, како и можните конкуренти во опкружувањето.

Нешто и за загриженост на дебелите:

Дебелината е поврзана со зголемен ризик од развој на дијабетес од типот 2, за кој е познато дека е поврзан со когнитивните оштетувања.

Истражувачот Антонио Конвит, од Факултетот по медицина во Њујорк, сакал да види каков ефект има дебелината врз физичката структура на мозокот. Конвит користел магнетна резонанца за да ги спореди мозоците од 44 дебели лица со оние од 19-мина луѓе со нормална граѓа, а притоа да се на слично доба и со искуство.

Открил дека дебелите лица имаат повеќе вода во амигдалитот, делот од мозокот кој е вклучен во навиките во исхраната. Исто така открил дека орбитофронталниот кортекс е помал кај дебелите лица, а тој е важен за контролата на импулсите и исто така е вклучен во нив.

„Што единствено може да значи дека има помалку неврони или оти тие неврони се собрале“, објаснува тој.

Ерик Стајк, од Oregon Research Institute, смета дека овие наоди ја јакнат теоријата дека дебелината е во суштина лоша:

„Ако сега сте се прејале, се чини дека тој чин резултира со неврални пореметувања кои го зголемуваат ризикот од идно прејадување“.

Прочитај и за ... >>  ПРОБЛЕСОЦИ ВО МИСЛАТА VIII

Дебелината е поврзана со константно воспаление на ниско ниво, за кое Конвит смета дека објаснува промени во големината на мозокот.

Интересно откритие поврзано со Паркинсоновата болест: во текот на еден од часовите односно вежбите за заболени од оваа болест мажот стоел зад количката на сопругата, полека се наведнал и нежно ги допрел нејзините неподвижни раце, точно во ритмот на музиката. Танцот може да понуди повеќе од вежба.

Две работи што ги доближиле Михаел и Рослин Либ еден до друг не можат да бидат поспротивставени: Паркинсоновата болест и танцот едно што полека одзема од нивните животи, а друго што им враќа дел од животната содржина на начин кој никогаш не би можеле да го помислите.

Откако добил треперење на десната рака и нога пред 11 години, на Мајкл Либ му е дијагностицирана исцрпувачката болест на мозокот, а тогаш грижата за него ја презела неговата сопруга Рослин. Но пред две години и таа почувствувала треперење. Дијагноза: Паркинсонова болест.

„Не можев да верувам: Ми се чинеше неверојатно обајцата да имаме иста болест. Тоа беше голем шок“, изјави Мајкл.

„Никој во нашите семејства немал Паркинсонова. Не изненади обајцата“, додава неговата сопруга.

Сега обајцата се пензионери и сакаат да читаат, да одат на концерти на симфонија и на опера и да се дружат со семејството и пријателите. Еднаш неделно посетуваат необична школа на танц во Чигако што е креирана за заболени од Паркинсонова болест.

Пред три години на Мајкл му е препорачано да оди на часови по танц во чикашката школа на танцот „Hubbart Street“, на што се согласил зашто помислил дека нема што да изгуби. Рослин тргнала со него, прво да му помогне, но сега и поради својата болест.

„Кога доаѓаме болеста ја оставаме пред вратата, тогаш сите сме една заедница во која членовите ги поддржуваат другите и сите танцуваме заедно“, додава нејзиниот 71-годишен маж. „Тоа едноставно е прекрасно искуство“.

Треперењето и вкочанетоста, придружниците на Паркинсоновата, тешко да можат да се поврзат со танцот. Но, вежбите понекогаш им се препорачуваат на заболени за да им се поправи флексибилноста, додека специјалисти за работа на мозокот сега проучуваат дали танцот нуди повеќе од тоа.

За брачниот пар Либ одговорот е јасен:

„Едноставно, го крева духот“, вели Ролсин (69): „Не носи на друга планета каде што Паркинсоновата толку не пречи“.

Прочитај и за ... >>  ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА

Бесплатните часови недалеку од центарот на Чикаго ги нуди меѓународно позната група во чии настапи се мешаат модерен танц, џез и балет.

Сара Кулен Фулер, која за „Hubbart Street“ танцувала 7 години, ја започнала оваа школа пред 3 години, позајмувајќи и ја идејата на танцовата група „Mark Morris“ од Њујорк.

На почетокот имало неколку танцувачки парови, но сега се над 30-мина членови. Фулер наведува дека помеѓу нив има поранешни професори, научници, доктори и други професии. Овие танцувачи не можат да се заменат со Баришњиков, Марта Грахам или дури оние аматери кои настапуваат во телевизиски емисии. Но, нивните движења се елегантни на некој помалку провокативен начин.

„Тие сметаат дека не се танцувачи, додека јас ги гледам како такви. Јас не ја гледам нивната болест, барем се обидувам да е така. Се обидувам да не дозволам болеста да влезе во собата. Но, гледам дека и тие мошне се трудат да пронајдат нови начини на движења“, вели таа.

Фулер ги води членовите низ основни транцови вежби-кревање на рацете во ритам, наведнување и степување со нозете- додека тие некогаш седат во столици, некогаш стојат или се нишаат со своите партнери на танцовиот подиум.

Мајкл Либ бил прочуен ученик на англискиот поет Џон Милтон и долго време бил професор на универзитетот Илиноис- Чикаго. Роз работела како јавен правобранител. Тие се помалку погодени од Паркинсоновата болест од некои нивни колеги од часовите по танц. Нивните раце се тресат кога ќе ги кренат кон таванот, а нивните движења на подиумот некогаш не се долги и грациозни како оние кај Фулер. Но кога Мајкл и Розлин ќе се свртат еден кон друг, се смешкаат и ритмично ги поместуваат стапалата, никој не може да не сфати дека е збор за танц.

Школата за танц им станала врв на неделата. Без оглед дали е збор за физички или психички бенефит, Мајкл Либ вели дека танцот „придвижил нешто во мене што ме тера да продолжам и се додека е така јас ќе продолжам“.

Паркинсоновата болест предизвикува губење на мозочни ќелии што го контролираат движењето. Освен прреморот, може да предизвика вкочането, забавено движење, забавен говор и некогаш деменција. Симптомите се влошуваат со текот на времето и може да се контролира со лекови, но моментно е неизлечива болест. Според податоците на Националната Паркинсонова Фондација, во САД има милион заболени, додека на светско ниво тој број е 6 пати поголем. Причината не е позната, но се смета дека гените имаат одредена улога.

Прочитај и за ... >>  ПРОБЛЕСОЦИ ВО МИСЛАТА VIII

Помеѓу заболените се и светски познати личности, како боксерските легенди Мохамед Али и глумецот Мајкл Џ. Фокс.

„Никој не знае што носи иднината и тоа е она што најмногу плаши“, вели Розлин Либ додека гласот и пука. „Сакам да танцувам на венчавки на моите внуци“.

Бидејќи го следи музика, танцот може да понуди повеќе од вежба за заболени од Паркинсонова болест, вклучувајќи ја социјализацијата на луѓето кои без него би биле изолирани поради својата состојба, смета професорот по неврологија од Харвард, Д-р Даниел Тарси, директор на Центарот за Паркинсонова болест во бостонскиот медицински центар Beth Israel Deaconess.

„Кога слушате музика, таа на некој начин ги придвижува емоционалните делови на мозокот. Тоа можеби помага во премостувањето на оштетените мозочни ќелии кај заболените од Паркинсонова, со што движењата се олеснуваат“, вели Тарси кој истражува дали ова навистина значи напредок во функцијата на мозокот.

Гамнон Ерхарт, истражувач на Паркинсоновата болест на универзитетот Вашингтон во Сент Луис, бил на чело на тимот чија студија покажала дека часовите по танго, два пати неделно, им помага на заболените да одат побрзо и со помала крутост од оние пациенти кои не танцуваат.

Вежбите во „Hubbard Street“ вклучуваат движења слични на оние во тангото, заедно со движења од балетот и послободни форми на модерен танц.

Мајкл Либ вели дека му недостасувала енергија и волја за некои од танцовите вежби. Се пензионирал зашто Паркинсоновата болест му ја одзела енергијатга, неговиот импулс да дели идеи и „да ги возбуди студентите без непотребеното треперење“.

Тој и сопругата се венчале пред 52 години. Нејзината кратка сребрена коса и неговите очила и седата брада укажуваат на достоинственост, па сепак и рационалност при зборувањето за тоа како болеста ги променила нивните животи.

Поради болеста морале да ја продадат пространата куќа каде што ги одгледале двата сина и тројцата внуци и да купат стан во кој нема скали.

(Извор: Новински агенции)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here