Потребно време за читање: 4 минути

Под овој наслов е објавен текст на Д-р Васил Иљов на web сајтот „Македонска нација“ (http://www.mn.mk/). И досега сме имале можност да читаме есеи и фељтони од овој автор за древната македонска цивилизација, а овојпат тој акцентот го става на археолошката лингвистика, конкретно на писмените споменици од крајот на мезолитот и почетокот на неолитетот напишани на древен македонски јазик и со древни македонски азбуки.

Текстот го пренесуваме во целост:

„Благодарејќи на истражувањата од доменот на археологијата, археолошката лингвистика и, општо земено, од ДРЕВНАТА МАКЕДОНИСТИКА, за последните 10 години е утврдена нова апсолутна хронологија за културниот континуитет на македонскиот народ и за најстарото живеење на Македонскиот Полуостров (Балканот). Веќе не може да се оспорува фактот дека черепот на младиот човек (25 – 30 годишен), кој е пронајден во пештерата „Црвени Стени“ близу до селото Камени Гумна (Петролона) во Егејска Македонија, е сведоштво за Македонците дека во Македонија луѓето одат исправени и размислуваат со своја глава најмалку 600.000 – 160.000 г.п.н.е. или со поегзактен метод е утврдена старост од 260.000 -240.000 г.п.н.е.

Археолошката лингвистика за последните десет години презентирала повеќе писмени споменици од крајот на мезолитот и почетокот на неолитетот, кои се напишани на древен македонски јазик и со древни македонски азбуки („јавна“ и „тајна“), а со тоа во писмената традиција го осведочи најстариот супстрат за сите подоцнежни дериватни јазици и азбуки не само на Македонскиот Полуостров (Балканот), туку и пошироко во светот. Најстариот споменик на писменоста, кој е дешифриран со древно македонско гласовно писмо и е на древен македонски јазик е со старост од околу 13.000 – 11.000 г.п.н.е. или со вкупна апсолутна хронологија на континуираниот македонски јазик од околу 15.000 – 13.000 години и потекнува од пештерата Мас де Азил (Франција) од времето на условно наречената Голема македонска митолошка империја.

Прочитај и за ... >>  Иконите на минимализмот на Арне Јакобсен

Праисториските сведоштва од Осинчани, Говрлево, Младо Нагоричане, Ш’пел (Дупјак) Костурски, тумбите во Маџари и Чаир во Скопје, населбата од рано камено време кај Стенче – Тетовско, тумбите од Породинската група покрај реката Црна, непроценливиот натпис од Скочивирската Клисура, глинената плочка од Градешница близу до Враца (Бугарија), надгробниот споменик на херојот и поетот Димо Ријдил од VII в.п.н.е. од Лемно во Егејско Море итн. се само дел од најстарата македонска цивилизација во која доминирал култот на Сонцето и Космосот, култот на огнот и домашното огниште, култот на Големата Мајка – богиња на земјата и симбол на плодноста итн.

Керамичкиот печат од „Церје кај Говрлево близу до Скопје, кој е пронајден во 1981. година, е непобитен доказ дека Македонската неолитска револуција ја создавале писмени, интелигентни и неверојатно рационални македонски луѓе, кои во времето на македонските „зетови“ и „невести“, „тестови“ и „тешти“ од крајот на мезолитот и почетокот на неолитот (7.000 – 6.000 г.п.н.е.), биле САМО СО БОГА или останувале насамо со БОГА да медитираат во периодот на зетувањето за севозможните филозофски аспекти на постоењето и развитокот на човекот и човештвото, на севозможната семантика во просторот, на единичното и заедничкото во космосот и светот, т.е. за култот на Сонцето и Космосот, за космогонијата и космологијата, за „вишите“ и „нижите“ науки во времето на „зетите“, „зетовците“ и „зетувањето“.

За постоењето на соодветна македонска воена олигархија сведочи металниот печат од Говрлево (околу 1500 г.п.н.е.).

Најстарите сведошта за архитектонските поединечни и групни волуменско – просторни композиции во вид на наколни живеалишта на Костурското, Дојранското, Охридското, Преспанското и другите македонски езера, како и неолитските континентални и островски населени места на Древна Македонија го афирмираат големиот степен на развиток на македонската цивилизација. Светилиштата во вид на „Камени Столици“ („Долмени“) од Црна Лома или Илина Гора кај Осинчани – Скопско и комплексот од разновидни долмени од „Штерпа“ близу до Богданци, како и најстариот неолитски обелиск од „Милисин“ во подножјето на Кожуф Планина близу до Гевгелија се само непобитни праисториски сведоштва за континуитетот и разновидноста на материјалната култура на Македонија, чија територија била и долго време ќе остане привлечна за секој вид истражувачки работи и репер за проверка, споредба и ширење на другите светски цивилизации.

Прочитај и за ... >>  Сушноста на природата

Ваквиот македонски супстрат целосно го објаснува еволутивниот процес на македонската писменост, јазик и култура и овозможува да се објасни и степенот на материјалниот и духовниот растеж кој овозможил во историското време да се создаде, созрее и оформи во IV в.п.н.е. Големото македонско царство од времето на Филип II Македонски (359 – 336 г.п.н.е.) и Александар III Македонски (336 – 323 г.п.н.е.) со територија од 3,8 милиони квадратни километри од Дунав до Северна Африка и од Јадран и Египет до Индија и Централна Азија со извонредната и незгасливата филозофија на синкретизмот за обединување на државите, народите, митологиите, боговите, обичаите итн., овозможувајќи да се шири на Исток и по целокупниот цивилизиран свет Големата македонска цивилизација, која перманентно се оплодувала со нови импулси. Тој македонски космополитизам најмалку 2336 години се шири, тлее и се распламтува независно од севозможните облици на притајување, приграбување, заборавање, присвојување, преиначување и приспособување од страна на подоцнежните цивилизации, империи, царства, држави и народи.

Вековите и годините што изминале не биле секогаш наклонети кон афирмацијата на Македонската Цивилизација.

По македонската доминација со светот (336 – 30 г.п.н.е.), дури во периодот на Второто историско македонско царство (таканареченото Византиско Царство), големиот Македонец од Таор – Управда, Вистинијан, Истинијан или Јустинијан I (527 – 565 г.н.е.) во 529 и 534 година успеал да го кодифицира супстратот на македонското право, кое во вид на Јустинијанов Кодекс со 4652 указа мораше да најде своја плодна почва и во таканареченото Римско Царство во кое само се завршувале отпочнатите големи проекти на Древната Македонска Цивилизација. Големиот историчар, писател и просветител Т’рп Руен (567 г.н.е.) е само уште едно сведоштво за способноста на Македонецот да се враќа кон корењата на своето потекло, да го модифицира македонскиот супстрат на писменоста и да го оплоди семето на македонското историско паметење во развојот на писменоста и културата на човештвото пред големите семакедонски и сесловенски просветители Св. Кирил, Св. Методиј и Св. Климент.

Прочитај и за ... >>  Јапонска книжевност

Република Македонија и нејзиниот стручен и научен потенцијал не смее да си дозволи да го заборави или да го отстапи културниот идентитет на својот народ или да го промени ИМЕТО кое, како МАКЕДОНЦИ, го носиме најмалку од времето на зетот Пир М’кед’нзки или во постојано траење најмалку од околу 7.000 години.

Древната, средновековната и современата МАКЕДОНИСТИКА треба да најде свое заслужено место во сите етапи на системот на образованието во Република Македонија. Сегашните и наредните македонски истражувачи треба да вложат напори да се ослободат од заблудите на XVIII, XIX и XX век, т.е. на минатото, и аргументирано и убедливо најновите истражувања од областа на писменоста, јазикот и културата да ги вградат трајно во континуитетот на македонската цивилизација, да најдат свое заслужено место во сите публикации и средства за јавно информирање кај нас и во светот и на тој начин во третиот милениум да се фрли соодветна МАКЕДОНСКА СВЕТЛИНА на СÑ што е МАКЕДОНСКО за да се расветли најстарото жариште на цивилизациите – МАКЕДОНИЈА.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here