Потребно време за читање: 2 минути

Толедо, град во американската сојузна држава Охајо, во 2007. броел 295.029 жители и бил четврти град во сојузната држава, зад Колумбус, Синсинати и Кливленд. Поширокото греадско подрачје има околу 650.000 жители.

Градот се простира на север на Охајо, на западниот брег на езерото Ери, непосредно вдолж границата со Мичиген, 80-тина километри од Детроит. Основан е во 1833. година, а името го добил според дредвниот шпански град Толедо.

Толедо е еден од најстарите американски индустриски градови и веќе со децении неговото стопанство опаѓа. Познат во минатиот век според производството на стакло и автомобили, Толедо сега се труди повторно да се издигне. Бидејќи спомнатите индустрии го губат здивот, а работните места се гасат, неколкумина деловни луѓе почнале да трагаат по нови перспективни индустрии.

Тие сметаат дека решение нашле во соларната технологија. Во изминатата година се отворени неколку компании за користење на енергијата на сонцето, кои планираат трансформација на Толедо од град во тн. „за’рѓан појас“ во центар на „зелената технологија“.

Прочитај и за ... >>  Науката за литература

Бизнисмените претходно утврдиле дека Толедо е добро место за соларни компании, зашто има многу квалификувани работници кои стекнале знаење правејќи опрема за автомобили и работејќи во индустријата на стакло. Сега произведуваат опрема за соларната индустрија.

На почетокот од 19. век Толедо бил познат како престолнина на стакло во Америка. Во него почнало масовно производство на евтино стакло, а подоцна се појавиле фабрики за автомобили. Меѓутоа, со опаѓањето на тие две индустрии почна да пропадна и градот. Невработеноста изнесува 12%, значително над националниот просек.

Претприемачот Норман Џонстон сака да го преобрази Толедо од запуштен индустриски град во центар на производство на обновлива енергија. Неговата компанија „Солар филдс“, како и другите фирми, работат на развој на технологија на тенки соларни ќелии, која претставува процес на премачкување на стаклени плочи со хемикалии во кои произведуваат струја кога се изложени на сонце.

„Тенките премази пред неколку години заземаа сенасе 2% од пазарот. Денес е тоа повеќе од 10% затоа тоа што чинат најмалку, односно е најевтин начин за производство на соларни плочи“, вели Џонстон.

Прочитај и за ... >>  Иконите на минимализмот на Арне Јакобсен

Зголемената продажба овозможила отворање на повеќе од 5.000 нови работни места во тој крај. Џонстон очекува нивниот број во наредните години да расте со геометриска прогресија.

 

 

 

 

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here