High Wellness Butterfly Ease Affection Thumb Like
Потребно време за читање: 2 минути

Во општото и конвенционалното значење отпимизмот е став кој ги изразува добрите страни во човекот или општеството; подготвеност сѐ да се види како добро; на доброто и убавото да им се припишува постојано присуство во човечките односи.

Во филозофијата постојат различни доктрини што се квалификувани како оптимистички: збирот на доброто во светот го надминува збирот на злото (Лајбниц); верување во природната добрина на човекот (Русо); верување во неминовноста на прогресот на човечкиот род и цивилизацијата (француските енциклопедисти од 18. век).

Оптимизмот е особина на личноста што се покажува и се потврдува во сфаќањето дека „ѓаволот не е никогаш така црн како што изгледа“; дека никогаш не е се изгубено; дека нашиот живот на Земјата е полн со смисла и секојдневната работа на човекот е корисна; дека светот и општеството можат да се усовршуваат, а човекот во тоа може да даде свој придонес.

Во оваа позитивна смисла оптимизмот е раздвижувач на сите форми на активност и основен принцип на секој морал; човекот не би бил активен кога би сметал дека секој негов акт е нужно бесмислен и некорисен, односно дека сите други се неизбежно лоши, и оти животот во општеството и животот на човекот во индивидуална смисла е пекол.

Прочитај и за ... >>  Филозофијата како наука

Оптимизмот во основа е свест за неизбежното движење на животот и општеството, движење што е творечко и нагорно. Тој е претпоставка и движечка сила на секое револуционерно движење во општеството. Оптимизмот посебно се докажува во ситуациите кога изгледаат безизлезни, и тогаш е знак на човечка храброст и нужност.

Потребно е да се разликува емоционалниот од рационалниот оптимизам: првиот е често израз на безгрижност, на ставот „лесна работа“, а вториот на сознанието и искуството.

Спротивен на оптимизмот е песимизмот, а него го оспорува филозофијата на апсурдот.

Утврдено е дека, освен што оптимизмот може да ја подобри општата состојба на човековиот организам, тој влијае врз имунолошкиот систем на здравиот човек и на тој начин спречува појава на некоја болест. Имено, луѓето кои позитивно ги оценуваат своите навики и очекуваат успех имаат посилен имунитет од оние кои не се сигурни во себе и во својата иднина.

Научниците наведуваат дека психолошките фактори имаат голема улога во појавата на хроничните болести, а луѓето со „поздрав дух“ помалку заболуваат и од настинка, грип, но и некои форми на рак.

Прочитај и за ... >>  Хералдика

Пред 30 години е спроведено интересно истражување во Америка кое со својата долговечност надживеало и голем број од испитаниците. Учесниците одговарале на прашања за физичкото и менталното здравје, социоекономскиот статус, семејните работи, работниот век итн. Тие имале и задача да утврдат каков им е ставот спрема стареењето, така што морале да се определат спрема тврдењата како што се: „Среќен сум исто како кога бев помлад“ или „Колку што сум постар, се повеќе сум бескорисен“. Оние кои имале позитивен став спрема стареењето живееле во просек 7 ипол години подолго од оние со негативен став.

Ставот спрема стареењето, како и ставот спрема животот, можат значително да влијаат врз должината на животот, но и врз физичкото и менталното здравје во процесот на стареењето. Научниците ги изненадил уште еден податок: дека факторите кои се инаку поврзани со физичкото здравје- тежината, вежбањето, холестеролот и пушењето- немале толку влијание врз должината на животниот век колку оптимистичките ставови.

Прочитај и за ... >>  Како изгледала површината на Јадранското море во леденото доба?

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here