Потребно време за читање: 2 минути

Пазарот на пари (англ. money market) е дел од финансискиот пазар, но не е конкретно место, туку вообичаен апстрактен поим за севкупните краткорочни парични дејанија со кои финансиските институции, главно банките, доаѓаат до додатни ликвидни средства, позајмуваат свои вишоци на резерви или тргуваат со краткорочни хартии од вредност. Тој ги содржи понудата и побарувачката на краткорочни финансиски средства, чиј рок на втасување не преминува една година.

Учесници на пазарот на пари се претпријатија кои имаат потреба на краток рок од готови пари и оние што сакаат своите привремено слободни вишоци на пари привремено да ги пласираат со определена каматна стапка и определени посредници.

Помеѓу учесниците на пазарот на пари се и државата и централната банка. Државата преку овластен орган (трезор) емитира краткорочни хартии од вредност за да се стекне со парични средства за финансирање на некои потреби. Централната банка со промена на есконтните и ломбардните стапки (со кои им одобрува есконтни и други форми на кредити на деловните банки), како и со операции на отворениот пазар, битно влијае врз промената на понудата, побарувачката и каматната стапка на пазарот на пари.

Прочитај и за ... >>  Стока

Инструменти на пазарот на пари се благајнички записи (меѓу нив и државни-treasury bills), обврзници или облигации (меѓу нив и државни-treasury bonds), сертификати, банкарски акцепти, комерцијални хартии, краткорочни банкарски кредити и др.

Дел од купопродажбата на пазарот на пари се врши преку банките, а дел на берзите.

Централната банка е регулатор и контролор на вкупната активност на пазарот на пари. Нејзина посебна и мошне значајна активност се операциите на отворен пазар.

Во зависност од висината на понудата и побарувачката, како и од рокот на кој се позајмуваат парите (на една ноќ-overnight money, на еден ден-daily money, на седум дена, на еден или повеќе месеци или до отповикот-call money), се формира каматна стапка. Таа е цена на парите и значи извршена исплата за нивна употреба. Каматната стапка е сума на камати платени на единица време. Имено, луѓето плаќаат за можноста од позајмување на пари. Всушност, тоа е трошок за позајмувањето на пари.

Прочитај и за ... >>  Безработица/Невработеност

Каматните стапки се разликуваат според карактеристиките на заемот-рокот, доспеаноста, ризикот, ликвидноста, административните трошоци.

Растечкиот тренд на каматната стапка е знак за слаба ликвидност, а трендот на нејзино опаѓање значи поголема понуда на краткорочни парични средства од побарувачката.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here