Потребно време за читање: 2 минути

Тим на чело со Д-р Михаел Ристов, ендокринолог на Универзитетот во Јена, утврдил дека ограничувањето на глукоза, прост шеќер каков што се наоѓа во слатките и претставува примарен извор на енергија, го придвижува процесот со кој кај некои црви животниот век се продолжува до 25%, извести Ројтерс.

Доколку ограничувањето на глукоза би имало слично дејство и врз луѓето, нивниот живот само со таа промена во исхраната би можел да се продолжи за 15-тина години.

Интересно е дека првиот чекор во тој процес на таложење во телото на тн. „слободни радикали“-нестабилни молекули кои можат да го оштетат организмот и од кои луѓето често се обидуваат да се ослободат конзумирајќи храна и пијалок богати со антиоксиданси, како што е Е витамин, или земајќи витамини како додаток на исхраната.

Ограничувањето на глукозата, која му е потребна на организмот но не во претерани количества, прво го поттикнало организмот на црвите да наталожува слободни радикали, но набрзо потоа го активирал долгорочниот систем на заштита од овие штетни молекули.

Прочитај и за ... >>  Додатоци во исхраната што ги препорачуваме за оваа зима

Од порано е познато дека ограничувањето на калории во исхраната на црвите и на мајмуните го продолжува нивниот животен век, а германската студија ја стеснила листата на ограничување на глукоза.

Оваа студија првпат укажала и на можните причини поради кои антиоксидансите, чие конзумирање е долго сметано за битен фактор на доброто здравје, можат да направат повеќе штета отколку корист.

При истражувањето германскиот тим користел извесно хемиско соединение кое ја блокирало способноста на црвите да ја преработуваат глукозата, поради што нивниот организам прибегнал кон засилување на други извори на енергија во одделни ќелии. Таа активност произведувала додатни количества на слободни радикали, но тоа набрзо провоцирало и создавање на ензими со помош на кои се развила долгорочна заштита од нив.

Кога на црвите во текот на истражувањето им се давани витамини и други антиоксиданси, дошло до превремено неутрализирање на слободните радикали, па долгорочниот систем на заштита не се развил.

Од тоа германските истражувачи извеле прелиминарен заклучок дека широката примена на антиоксиданси како додатоци на исхраната може да има негативни последици.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here