Потребно време за читање: 2 минути

(21.03.2007)
Воопшто не изненадува, туку напротив, сосема очекуван и логичен е првиот резултат од зачленувањето на Бугарија во Европската унија на економски план (еден од најважните): за првпат во нејзинoто поблиско минато (од смената на системот) во 2006. година нејзиниот извоз е поголем од увозот.

Не треба многу знаење или експертност за да се одговори што значи тоа за севкупната позиционираност на земјата во регионот и пошироко, а пред се на европскиот пазар.

Изјава на бугарскиот министер за финансии Пламен Орешарски:

„За првпат извозот на Бугарија, иако со мал процент кој се движи помеѓу 1% и 1,5%, е поголем од увозот“.

Притоа тој изрази уверување дека таа тенденција ќе продолжи и во наредните години (што е повеќе од сигурно).

На неодамна одржаната тркалезна маса во Софија (13.03), што ја организира Атлантскиот клуб, Орешарски информира дека Бугарија веќе сега исполнува 4 од 5-те критериуми од Мастрихт за влез во Еврозоната, односно во групата на земји во кои националната валута е заменета со еврото. Единствениот критериум кој се уште не e исполнет е нивото на инфлацијата. Затоа што според тие критериуми годишната инфлација не треба да преминува 2,9%, а во Бугарија во 2006. таа изнесувала 6,5% .

Прочитај и за ... >>  Се демократизираат (европеизираат?) албанските политичари

Што се однесува на извозот и увозот на Бугарија, последните статистички податоци го потврдуваат она што го назначив како очекуван и логичен резултат: 55% од увозот отпаѓаат на земјите членки на Европската унија, но и 85% од вкупните странски инвестиции. За конкурентноста и нејзиното влијание, особено во однос на квалитетот и на домашниот и на странскиот пазар не треба многу да се зборува. Што би рекле измислувачите на „топла вода“: тоа е тоа.

Влезот на Бугарија во ЕУ не се случи толку одамна за да заборавиме на коментарот или поточно честитката за успехот од страна на претходната македонска Влада на екс премиерот Бучковски (и негова лична): дека тоа и за Македонија значи „многу“ во однос на нејзините напори за приближување- што побрзо зачленување во Унијата. Забележувате макар едно нешто од тоа „многу“, пред се на економски план (но и на секој друг)?

Засега единствената „придобивка“ од добивањето на уште еден европски сосед (досега ептен „придобивме“ од европска Грција) е најновата (всушност поприлично стара), вчерашна изјава „во дует“- на еврокомесарот за проширување Оли Рен и бугарската „Европејка“ Меглена Кунева: дека нема датум (никогаш?) за почеток на преговори за членство на земјите од Западен Балкан, вклучително и Македонија, се додека тие не се реформираат (се разбира, целосно, „компплетно“, а не како, на пример, Бугарија и некои од претходните). Со ова барем опозицијата не ќе може повеќе да ја обвинува Владата на Груевски оти нема „индиции“ за добивање на датум затоа што нема резултати. Оти и таа, кога беше позиција, но и од сегашната позиција знае, самата повторува (како сите други „папагали за реформирање“): секоја реформа е болна и бара многу жртви.

Прочитај и за ... >>  Сомневање: не свинскиот грип, туку вакцината против него опасна по здравјето!

Добро е што почнавме да ги броиме. Засега само од бизнисменскиот, но во догледно време сигурно и од политичкиот дел на нашата полит- бизнис олигархија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here