Потребно време за читање: 3 минути

Во рамките на предизборната кампања од лидери на политички партии и нивни кандидати за пратеници секој ден слушаме најразлични ветувања, особено кога се работи за македонската економија. Во не мала мера неодмерени, што ќе рече не втемелени на реални и стручни анализи и проценки, пред се во однос на моментните и перспективните светски процеси и случувања, а во не мала мера и дилетантски.

Доволно е да прочитате што во најновиот извештај ОЕЦ (Организација за економска соработка и развој при ОН) и препорачува на Македонија да направи за во наредните 4 години да привлече инвестиции. Тој сигурно ќе ви ја олесни евентуалната (не)определба при гласање на изборите.

Главни „задачи“ на краток рок се: промени во даночниот систем и царинското работење, во процедурата и условите за водење на бизнис, политика на конкурентност и државнапомош.

Најавен е зголемен интерес на странски компании за инвестирање во Македонија во наредниот период, но едновремено е во тек „битка“ со соседните земји за нивно дефинитивно определување. Станува збор за десетина компании од Италија, Германија САД, Индија и Турција кои се моментно во засилени преговори со Македонската агенција за инвестиции, но и со агенциите од соседството. Рокот на одлука е кон крајот на летото, а дотогаш треба да се обезбедат конкурентни услови. Тие работат за автомобилската, машинската индустрија и од областа на електрониката.

Прочитај и за ... >>  Томи Стефановски не направи подвиг со препливувањето на Ла Манш, туку значаен личен и македонски успех

Инаку, според Агенцијата за инвестиции за првите 2 месеца од годинава се забележани 100 милиони евра странски инвестиции, што е приближно на нивото од целите кризни 2009. и 2010. година.

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) објави дека шансите за економски растеж во САД и ЕУ се поправени и предвидува раст за годинава од 2,6% во САД и 2% во Европа. Брутодомашниот производ на сите 34 држави членки на Организацијата ќе се зголеми годинава за 2,3%.

Светскиот растеж се проценува на помеѓу 4,25% и 4,5%, а што е помалку од минатата година, кога изнесуваше 4,9%, пред зголемувањето што се очекува во 2012 година на 4,6%.

ОЕЦД заклучува дека глобалното економско закрепнување се уште се соочува со многу ризици кои лесно може да предизвикаат стагфлација. Зголемените цени на нафтата и на другите стоки, катастрофалниот земјотрес во Јапонија и наглиот пад на економијата на Кина во некои земји може да се рефлектира со постојан растеж, но и со висока инфлација. Главен причинител на оваа светска состојба беше дополнителното зголемување на нафтата во текот на политичката нестабилност на Блискиот Исток.

Со оглед на континуираната кревкост на економиите во најголем дел од светот, од агенцијата предупредија дека доколку некои од овие ризици би се материјализирал, тоа би можело да доведе до дополнително нарушување на финансиските пазари. Сепак, доколку цените на производите се стабилизираат, ефектот од нивните неодамнешнизголемувања и од катастрофалниот земјотрес се очекува да исчезнат, а со тенденција на растење во текот на втората половина од годинава.

Економистите од ОЕЦД укажуваат на можноста од затворена побарувачка за трајни добра кај западните потрошувачи, како и за капитална опрема за фирмите, што може да придонесе за многу побрз пораст од предвидувањата.

Во овој контекст внимание привлекува еден извонредно значаен проект на Македонија (Министерство за економија), а поддржан од ОЕЦД:
„Иновациска политика на РМ 2012-2020“. Целта еунапредување и зајакнувањена македонската индустрија преку вмрежување на науката, технологијата, дизајнот и иновациите. Првата драфт-верзија се очекува да биде готова кон крајот на септември годинава.

Како што е најавено, документот, меѓу другото, ќе содржи длабинска анализа на нивото на иновации и состојбата со иновативноста во Македонија, како и информации за најдобрите практики за политиките и програмите во оваа област.

Финансиската и техничката помош од ОЕЦД е во рамките на Повелбата за инвестиции за Југоисточна Европа и новиот регионален проект „Иницијатива за регионална конкурентност на Западен Балкан“.

Претставникот на ОЕЦД, Антоно Фанели, потенцирадека преку имплементацијата на проектот во Македонија, кој има регионална компонента, организацијата ќе се обиде да се идентификуваат најзначајните полиња на иновациите за да бидат искористени во градењето на конкурентноста и унапредувањето на економијата.

„Работата ќе ни биде олеснета бидејќи во Македонија веќе има солидна основа на документи кои ќе можат да дадат придонес и од кои ќе се почне во изготвувањето на иновативната политика“, потенцира тој.

Веќе изготвената индустриска политика и неодамна презентираната иновативна матрица се основа за натамошна работа. Квалитетот на документот ќе зависи од соработката помеѓу јавниот сектор, науката, приватниот и стопанскиот сектор.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here