Потребно време за читање: 3 минути

Со последното рочиште помеѓу Македонија и Грција во врска со прекршувањето на Времената спогодба од 1995. година, во Меѓународниот суд на правдата во Хаг заврши судењето, а одлуката се очекува на есен.

Пресудите на судот се сметаат за конечни и обврувачки за земјите- членки на ОН, односно за страните на спорот.

До 7- ми април Грција, а до 14- април Македонија треба да ги достават последните забелешки.

Грција побара судот да се прогласи за ненадлежен зашто смета дека е во прашање одлука на НАТО. Аргументот е дека, доколку судот донесе одлука, ќе се вмеша во политичкиот процес за решавање на разликите за името на Република Македонија.

Задоволството на Грција од своите „силни аргументи“ и цврстата позиција во Хаг и го помати едно прашање од судијата од Мароко, Мохамед Бенуна, а кое аналитичарите го сметаат за клучно; се однесува на „активностите“ на Грција за време на самитот на НАТО во Букурешт, кога Грција стави вето за прием на Република Македонија.

Има едно „правило“ во секој спор, а особено судски: кога повторуваш едни исти аргументи или не си сигурен во нивната сила или ти е јасно дека тоа не се, а нови немаш.

Токму тоа го потврдија и застапниците на официјална Атина во завршницата. Ги повторуваа веќе изнесените аргументи со кои се напрегаа да ги убедат судиите оти не Грција, туку подносителот- Република Македонија е страната која ја прекршила Времената спогодба.

Прочитај и за ... >>  Има ли спас за Грција

Марија Телалиан, од грчкото МНР, ги изнареди примерите каде што Македонија со користењето на антиката до степен на присвојување го предизвикала нивниот револт и го прекршила интерим акордот, а притоа наведе каде се е ставено сонцето од Кутлеш, кои се објекти се именувани со Александар Велики и татко му Филип, а ги спомна и учебниците по историја. На судот во Хаг му се потребни правни, а не историски аргументи, ама кога тие се немаат или не се доволно убедливи…

Очигледно, токму таа- историјата, кога е во прашање античкиот период (кој не е и не може да биде „сопственост“ на Грција), односно Античка Македонија е „коската в грло“ која почнува да ја задушува Грција, но и нејзини сојузници во ЕУ и НАТО (се разбира не сите). За жал не и мал број на приучени- недоучени, заслепени- ослепени политичко- медиумски манипуланти- шпекулантиво Република Македонија.

Телалиан го повтори смешното обвинение дека Македонија има територијални претензии и со тоа била закана за мирот и стабилноста во регионот.

Професорот Мајкл Рисман од Јеил универзитетот се осврна на прашањата кои се однесуваат на јуриздикцијата на судот, тврдејќи дека спорот за името е индиректно и директно поврзан со предметот против нив и доти треба внимателно да се работи на текстот од спогодбата за да се види врз основа на кои делови би можело да се прогласи ненадлежност на судот.

Прочитај и за ... >>  Спасување на Грција

Професорот Џејмс Крофорд од Кембриџ универзитетот, пак, се задржа на толкување на членовите 11 и 22 од Времената спогодба, но и натаму спореше со македонската политика визави прашањето за името и тоа што Грција никогаш не се повикала на заштитната одредба.

Застапниците на Грција одвај успеаја да одглумат смиреност, дури рамнодушност по директното прашање до грчката страна во процесот. Спомнатиот судија од Мароко побара тужената страна конкретно да одговори каков беше грчкиот став во Букурешт кога се носеше одлука за македонскиот прием во НАТО:

„Имам едно прашање кое сакам да и го упатам на Грција. Во периодот пред и на Самитот во Букурешт, во периодот од 2-4 Април, каков беше ставот кој Грција го искажуваше во контактите со другите членови на организацијата, во однос на приемот на Поранешната Југословенска Република Македонија?“

Очигледно, трите дена објаснување на правниот тим на Грција не беа доволно убедливи за судијата. Одговорот треба да ја одгатне загатката дали Грција ја прекрши Времета спогодба.

Сега ќе се чека тој- мора да биде доставен најдоцна до 7. април. Треба да и биде доставен и на македонската страна, за таа најдоцна до 14. април да даде коментар на него.

Што може да се случи на есен? Каква одлука би можел да донесе судот во Хаг? Одговорот е во сферата на манипулациите и шпекулациите, особено стравувањето кај некои македонски аналитичари дека таа би можела да биде „балансирана“, односно повеќе политичка одошто правна. Во секој случај, каква и да биде- позитивна или негативна за Република Македонија, таа ништо не губи, а Грција не може ништо да добие. Освен да се „осили“ и да продолжи со натамошни прекршувања на спогодбата, арогантно однесување и уште понастојчиво неаргуемтнирано наметнување на нејзините сојузници дека името на Македонија е „билатерален проблем“ помеѓу неа и Грција. (За што веќе имам пишувано, а се сведува на една „проста логика“: доколку е тоа, каков проблем има Македонија со името на Грција?)

Прочитај и за ... >>  Нужно преиспитување

Клучно прашање е дали одлуката на судот во Хаг ќе има импликации врз натамошниот тек на разговорите- преговорите за разликите за името на Република Македонија.

Тоа ќе зависи пред се од Македонија; на пример крајната- да ја искористи за нивен прекин и да побара прием во ОН под уставното име (а што можеше и досега да го стори).

Меѓутоа, осудата на Грција сериозно ќе ја разниша нејзината позиција на меѓународен план, а пред се кај своите евро- атлантски сојузници. За нив ќе биде „прилично незгодно“ да се брани одбивање на членство на Република Македонија поради потврдено прекршување на Времена спогодба кое се однесува токму на тоа. Особено зашто пресудите на судот во Хаг се сметаат за конечни и обврувачки за сите земји- членки на ОН.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here