Потребно време за читање: < 1 минута

Од „Писмата до пријателот” од римскиот филозоф и писател Луциј Анеј Сенека, роден во 4-тата година пред н.е. во Кордоба, умрел во 65-тата година во Рим. Претставник на римскиот стоицизам и еден од најголемите моралисти:

„Биди уверен дека работите стојат вака како што јас ти пишувам: еден дел од времето ни се отима, еден дел незабележано ни бега, а еден дел, пак, едноставно ни се оттргнува од раце”.

„Јас секако ќе ти ја признам својата слабост: никогаш не се враќам дома онаков каков што сум заминал”.

„Многу значи кога некој има во куќата богатство, а тоа него да не го расипе; голем е оној човек кој во богатството е сиромав”.

„Никој никогаш ништо не довршил, оти секогаш го одлагаме за иднината она што би морале да го направиме сега”.

„Маската треба да им се симне не само на луѓето, туку и на нештата, и да им се врати нивниот вистински изглед”.

Прочитај и за ... >>  Алтруизам

„Лесен си, о болу, ако можеме да те поднесеме, краток си ако не можам да те поднесам”.

„Неубаво е да се зборува едно, а да се мисли друго; уште понеубаво е да се пишува едно, а да се мисли друго”.

„Храбриот и мудар човек не смее да бега од животот, туку мора од него да излезе”.

„Осамата секогаш ни советува само лоши дела”.

„Оти вистината треба да му се кажува само на оној што е подготвен да ја слуша”.

„Не може да живее среќно никој што гледа само на себе и кој сѐ свртува во своја корист: мораш да живееш за друг, ако сакаш да живееш за себе”.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here