Потребно време за читање: 2 минути

Доколку во организмот не внесуваме количество на вода која е неговата минимална потреба, и доколку тоа трае со години, како што во низа свои стручни и практични трудови покажа Доктор Ферејдун Батманхелиџ од САД, нашиот организам полека но сигурно дехидрира. Тоа доведува до физиолошки одговор на низа механизми на организмот за заштита од дехидрација (што сме ги наследиле уште од нашите претци водоземците) и до соодветни промени во функционирањето на организмот.

Какво е влијанието на дехидрацијата врз крвните садови, чие здравје е од суштинска важност за здравјето на срцето?

Крвните садови се еластични и се прилагодуваат на количеството на течност која е во нив, ширејќи го и собирајќи го својот лумен (обем). Тие мораат на недостигот на течност моментно да се прилагодат со грчење, намалување на обемот, оти инаку би дошло до издвојување на гасови од крвта што би имало фатални последици. Значи, дехидрацијата, која го намалува и количеството на крвна течност, доведува до грчење, односно до намалување на обемот на крвните садови.

Прочитај и за ... >>  Јадрата на сливите и кајсиите во борба против канцер

Второ, намалувањето на количеството на течност во крвотокот доведува и до пад на притисокот врз неговите краеви-капиларната мрежа која ги снабдува ткивата и органите со крв. Работата е сосема иста како со водоводот: помалку вода, помал притисок во славината! За да не дојде до оштетување на ткивата поради недостиг на крв, кардиоваскуларниот систем реагира со зголемување на притисокот! И така, парадоксално, помало внесување на течност доведува до покачување на притисокот. Тоа е оној вид на покачен притисок на кој всушност не му се знае причината и кој, лекарски домислено, се нарекува „есенцијална хипертензија“.

Ако хипертензијата од овој вид ја лечиме со диуретици, ние всушност уште ја влошуваме ситуацијата. Организмот има недостиг од вода, а ние го тераме уште да ја исфрлува! Така се создава затворен круг кој доведува до се поголемо влошување. Тој може да се прекине единствено со постепено зголемување на внесување на чиста вода, додека не се достигне нивото на минималните потреби-2 литра дневно!

Прочитај и за ... >>  Куќните апарати и нивната штетност за здравјето

Кога во организмот се внесува доволно течност, крвта, како воден раствор, станува погуста. Според принципот на осмоза, крвта тогаш почнува да ја црпи водата од ќелиите на крвните садови. Меѓутоа, секоја ќелија има примарен механизам кој е „постар“ и кој ја штити од дехидрација- а тоа е создавање на „тули“ на холестерол кои ја спречуваат водата да истекува од ќелиите! И така, парадоксално, помалото внесување на течност доведува до зголемување на количеството на холестерол на ѕидовите на крвните садови, а тоа е познато како затнување („закречување“) за кое, за жал, доведува до постепено намалување на снабдувањето на срцето со крв и прогресивно пропаѓање на срцевото ткиво.

Пациентите на Доктор Батманхелиџ, кои пателе од висок притисок и холестерол, под негов надзор успевале да ги решат тие проблеми само со зголемено внесување на вода. Звучи неверојатно, но е вистинито, што покажува неговата документација, историите на болестите и сведоштвата на самите пациенти.

Се разбира, ако саката да го пробате овој метод, морате да се консултирате со лекарот. Зашто мора да се исклучи можноста од проблеми со бубрезите и да се следи здравствената состојба, во случај некој веќе да се лечи со класични медикаменти против холестерол и висок притисок, кои под лекарски надзор би требало се намалуваат онака како што, со зголеменото внесување на вода, се намалуваат и видливите симптоми.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here