Потребно време за читање: 3 минути

Низ времињата се случиле многу интересни, необични, бизарни нешта поврзани со времето, од почетокот на мерењата и прогнозите на временските состојби. Останале забележани, запишани, и како никогаш одново случени и како повторливи.

Временски прогнози

-Според старо народно верување, временските прилики се повторуваат на секои 11 години. Ако летна ноќ е ведра, се гледаат ѕвезди, но се чини како да пловат, утредента ќе има ветер и промена на времето.

Англиско верување е и дека ако дожд врне пред 7 наутро, од 11 часот ќе има сонце. Во 69% случаи оваа прогноза е точна;

-Првата телевизиска временска прогноза е прикажана на 11. ноември 1936. година во 13 часот. Била точна. Бил предвиден дожд за тој ден и навистина врнело;

-Шкотскиот научник Стефен Салтер, угледен изумител од Единбург, осмислил машина за производство на дождовни облаци со која од жед би можела да спаси милиони луѓе кои живеат во сушни подрачја.

Уред за создавање на облаци во сушни подрачја

Уредот може да создаде облаци во сушни подрачја, во пустини или подрачја кои се претвораат во пустини. Станува збор за 60-метарска турбина слична на голем миксер за шлаг, која ја придвижува втер, а на морска површина ја одржува пловен објект. Придвижената турбина ја вшмукува водата, испраќа големи количества на ситни водени капки во воздухот и создава водена пареа која се претвора во дождовни облаци.

Прочитај и за ... >>  Како да минете добро на разговор за работа

За жал, тие вештачки создадени облаци не можат да бидат делотворни во мошне сушни предели, зашто со Салтеровиот „мискер“ не може да се достигне критична маса на влага за создавање дождови. Тие би биле користени само во подрачја над кои има по малку облаци, но недоволно.

Најинтересно е дека цената на просторен метар на така произведената дождовница би била илјада пати помала од цената на водата која се добива со десалинизација од морска вода.

И покрај сомничавоста на научниците, Салтер во скора иднина гледа илјадници свои турбини раштркани низ морската површина. Негова изјава: „Зборуваа дека не ќе може да се градат бродови од челик и оти радио брановите не можат да се шират подалеку од хоризонтот. Официјалната наука никогаш не е во право“.

Напомена: оваа вест е објавена во февруари 2004. година. Во меѓувреме…;

-Повеќе од 60 години костури на околу 200-мина луѓе пронајдени на Хималаите во 1942. година ги збунувале историчарите, научниците и археолозите кои се прашувале дали тоа биле војници загинати во борба, тибетантски трговци кои подлегнале на хипотермија или на некоја непозната болест.

Прочитај и за ... >>  Инвенција и имагинација

Форензичката истрага донела нешто светлина на овој случај откако костурите, но и цели тела сочувани во мразот, се пренесени во лаборатории. Се чини дека овие луѓе го изгубиле животот од најсилните бури на Земјата, бидејќи се најдени вдлабнатини на телата и пукнати черепи, предизвикани од тркалезни тврди објекти поголеми од тениски топки. Се проценува дека околу тоа наоѓалиште во мразот има уште околу 600 тела;

-Добро е ако ве снајде силен порој, добро е ако ве фати песочна бура, малку помалку е добро ако наидете на снежна бура, но ако сите ве „дрмнат“ истовремено, тогаш сте во голема неволја.

Токму таква бизарност ѝ се случила на група истражувачи и инженери на Кинеската национална нафтена компанија.

70-тина истражувачи работеле во провинцијата Квингао кога почнало силно невреме. 15-мина загинале на самото емсто, додека 13-мина биле тешко повредени. Ваква бура се случува еднаш во 100 години;

-Распаднати калаисани копчиња наводно одиграле голема улога во Наполеоновиот пораз и повлекувањето од Русија во 1812. година. Според теоријата на канадската научничка Пени Ле Кутер, студеното време ги претворило во прав лимените копчиња на униформите на војниците на Наполеон, што нивните тела ги изложило на смртоносен студ.

Прочитај и за ... >>  Менталното здравје

Отако ја зазел Москва во есента 1812. година, Наполеон бил принуден на повлекување до крајот на годината, што бил почеток на неговиот крај, па две години подоцна бил принуден на егзил на Елба.

„Нема сомнеж дека студените температури во зимата 1812. година одиграле голема улога во уништувањето на Наполеоновата војска, а знаеме дека калајот се разградува при ниски температури. Бидејќи копчињата на војниците биле од калај, не е исклучено дека се распаднале и така ги оставиле нивните тела изложени на студ“, изјавила Ле Кутер.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here