Потребно време за читање: 3 минути

Психолозите и други „одговорни” за личното расположение и семејната хармонија препорачуваат одвреме-навреме или во утврдени временски периоди односно сезони преуредување на станот-куќата-домот. Не само поради совладување на пројавите на деструкција на животот, туку можеби многу повеќе за одржување-негување, обновување или повторно раѓање на креативниот дух.

Многумина мислечки луѓе, особено филозофи и писатели, и тоа го имаат предвид кога, промислувајќи за сушноста на животот, заклучуваат дека таа најмногу се темели на промената.

Еве некои од главните најнови трендови на преуредувањето, а патем неколку евтини идеи што можат да ви (до)помогнат:

Се смета дека во оваа и во наредните неколку години три битни фактори (ќе) влијаат врз уредувањето на домот: економијата, модниот стил и природноста. Бидејќи е јасно дека светската криза ќе потрае, потрошувачите се повнимателни во трошењето на парите и поконзервативно пристапуваат кон промена на домот. Во таков „контекст“ акцентот се става на боите, внесување на природата, осветлувањето и конфорот.

Боите што преовладуваат се главно неутрални и природни, но и светли. Се препорачува секоја просторија да се бојоса во друга боја, внесувајќи промена и разновидност.

Прочитај и за ... >>  Боите во куќниот амбиент

Сѐ повеќе зема замав и трендот на природа во домот, па така просториите се украсуваат со разновидни собни растенија (земајте ги-внесувајте ги оние што се одржуваат лесно); со делови од мебел кои потсетуваат на некои детали од природата-ламби со пејзажни мотиви, слики инспирирани од природата итн. Освен тоа, модерно е да се поседуваат и рачно изработени делови од мебел. Тоа можат да бидат клуб столици, табуретки, држачи за весници, дури и поситни предмети како подметнувачи за чаши, држачи за хемиски пенкала итн.

Приоритет се доброто осветлување и конфорот на секоја просторија. Наместо лустери, можете да се одлучите за повеќе ламби правилно распоредени низ просторијата. Мебелот кој се користи најчесто, како за дневен престој, е удобен и пријатен, направен така што просто повикува на дружење. Не морате нужно да купите нов мебел, таков ефект можете да постигнете со примамливи перничиња и меки прекривачи.

А познатата шведска куќа H&M акцентот го става на едноставноста и порачува дека за да се освежи домот не е потребно да се вложат многу пари или да се биде драматичен.

Прочитај и за ... >>  Street art: графити

Како и во модната индустрија, наутиката како тема е популарна и во дијазнот на ентериерот. Класичната црвена, сината и белата се додаваат во вид на постелнина или како детал-украсни перници на гарнитури за седење, во вид на кујнски покривки или крпи.

Боите на ѕидовите станаа поенергични и се дизајнирани за урбана популација. Инспирацијата пронајдена во тековните модни трендови испливува во вид на светли-речиси неонски бои, атрактивно пругаста постелнина, стрип печатени мотиви-било на перници или како слики на ѕидовите, поради контраст.

Како да не ве совлада „надворешната“ депресија (светот е се повеќе депресивен), а не само да ја одржите, туку и да ја зголемите ведрината?

За почеток осветлете го својот животен простор со ведри бои, за да ве енергизира. Избегнувајте ги депресивните бои и лошто осветлување. Потоа применете ги следните евтини совети:

1. Преместете ги предметите

Понекогаш е доволно да се размести мебелот за на домот да му дадете сосема нов изглед. Најдобар почеток е да го исфрлите сиот мебел од собата, потоа да враќате едно по едно парче односно предмет од него и да го сместувате на ново- подобро место. Оние парчиња- предмети што ќе бидат вишок префлете ги во друга просторија, а некои од други простории внесете доколку подобро се вклопуваат.

Прочитај и за ... >>  Најинтересни бордели на светот

2. Барајте поевтино

Ако нешто навистина ви се допаѓа обидете се да се ценкате. Доколку тоа не мине, барајте низ градот поевтини копии или нешто слично се додека не пронајдете. Немојте да купувате ништо што ви е прескапо.

3. Градинарските столици не се само за градина

Градинарските столици можат да се користат како клуб столчиња во дневниот престој. На вашиот животен простор ќе му дадат сосема нова удобност, а за евтини пари.

4.Купи нови навлаки за перници/ перници во весели вибрантни бои

Можете да ги менувате сезонски. Пастелни за пролет, а светли за лето.

5. Бидете креативни

Не морате да ѕидовите да имате скапи ремек дела. Убави декорации можете да направите и сами или некој од семејството со малку повеќе уметнички талент.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here