Sunrise Dew Morning November Fruit Trees Cold
Потребно време за читање: 3 минути

Одгледувањето на мошне родни сорти на овошје бара примена на најсовремени агротехнички мерки, како што се ѓубрење, резидба, наводнување, заштита.

Во такви услови често се јавуваат фитопатогени бактерии и габи кои предизвикуваат инфекции во текот на есенските и зимските месеци. А симптомите на болеста се јавуваат на пролет. Тоа се сушење на гранки, некорза на пупки, деформација и гниење на плодови, кадравост и пегавост на лисјата.

Пролетно прскање

Поради тоа раното пролетно прскање има исклучително значење. Се спроведува во текот на февруари и март, односно пред почнување на вегетацијата.

Во заштитата на овошките мошне битна улога игра токму нејзиниот почеток. Доколку е таа предвремена, опасноста од зарази е поголема, што ќе рече дека треба порано да се започне и со нивната заштита.

Pseudomonas syringae

Фитопатогената бактерија Pseudomonas syringae ги заразува овошките преку повреди на гранчињата, најчесто на местата кај што опаднало лисјето. На незаштитеното ткиво се создава инфекција, а некорзата на пупките и сушењето на гранките се воочуваат на пролет. За да се спречат штетите овошките се прскаат во време на опаѓање на лисјето, но извесни резултати можат да се остварат и со зимско третирање по резидбата. Неизбежна е заштита на коскените овошки (цреша, праска, кајсија, некои сорти на вишни), а придонесува и за сузбивање на оваа бактерија на јаболковите видови.

Истовремено, може да се спречи развој на карантинската бактерија Xanthomonas pruni која предизвикува пегавост на лисјето и плодовите и некроза на лисни и цветни пупки на праска, но и на кајсија и слива.

Прочитај и за ... >>  Што е горна граница за одгледување на земјоделски култури?

Leucostoma cincta

Габата Leucostoma cincta на коскените овошки предизвикува сушење на гранки, понекогаш и на цели стебла. До зараза доаѓа преку повреди по резидба и лузни настанати при опаѓање на листовите.

Taphrina deformans

Раната пролетна заштита е неопходна за сузбивање на габите Taphrina deformans (кадравост на лисјето на праската), Phoma prunicola (шупливост на лисјето на коскените овошки) и Taphrina pruni (рогач на слива). Притоа се намалува инокулумот (количеството на паразити) на габи од родот Monilinia, а кои можат да ги заразат цветовите на коскените овошки.

Venturia inaeljualis, Venturia pirina

Освен редовното зимско прскање со бакарни препарати и масла, пролетната заштита треба да се продолжи со препарати кои дејствуваат против најзначајната болест-саѓава краставост (Venturia inaeljualis, Venturia pirina) на ниски температури. Предизвикувачот на саѓавата краставост на плодот на крушката (Venturia pirina) презимува на гранчињата, па раното прскање на пролет значително ја намалува штетата (препарати Chonus и Clarinet). Задолжително треба да се користат и превентивни средства на база на каптан, дитан и сл.

Посебно треба да се обрне внимание на можноста од појава на инфекција и да се дејствува што е можно повеќе превентивно (пред дожд) со средства на база на каптан, делан, дитан.

Препарати на база на бакар

Во наведените цели се користат препарати на база на бакар. Тоа се Бордовска чорба, Блубордо, Фунгуран, Купроксат, Купрозин, Бакроцид, Флоубрикс, Купраблау и други. Важно е да се применуваат во концентрации кои ги препорачал производителот и пред почетокот на вегетацијата, зашто подоцна можат да бидат фитотоксични. Овие препарати се лесно достапни, еколошки прифатливи и имаат важна улога во интегралниот концепт на заштита.

Прочитај и за ... >>  Од историјата на шампанското

Во случај на веќе пројавени зарази можно е истите да се лечат со куративни средства на база на фенбуконазол (Indar), дифенконазол (Skore),флуквиконазол (Clarinet) и слични средства со додаток на превентивни.

Бактериозна пламеница (Ernjinia amylovara)

Освен саѓавата краставост треба да се обрне внимание на можностан од појава на бактериозна пламеница (Ernjinia amylovara). Оваа исклучително опасно болест може во целост да го уништи овоштарникот. Се препорачува зголемување на хигиенската дисциплина која претставува основен облик на борба против оваа болест.

За сузбивање на предизвикувачи на кадравост на лисјата на праската, шупливост на лисјата на коскените овошки и рогачот на сливата неопходно е пред почетокот на вегетацијата овошките да се третираат и со органски фунгициди. Можат да се користат Ciram, Mazur, Elect, Bravo, Merpan, Kaptan, Dakoflo и други.

Стручњаците потенцираат дека на пролет треба да се обрне внимание на појавата од јаболков цветојад, црвен пајак кај јаболкото и крушкина болва кај крушката.

Јаболков цветојад

Јаболковиот цветојад може да направи огромни штети во одделни години. Поради неповолното влијание на пролетните мразеви може да дојде до значително уништивање на цветот (потенцијален принос), така што евентуалните штети од јаболковиот цветојад додатно го намалуваат приносот. Некогаш е доволен само еден третман со инсектициди пред цутењето и опасноста од штети од него да биде значително намалена.

Прочитај и за ... >>  Израелски рецепт за земјoделство

Црвен пајак

Црвениот пајак презимува во форма на зимски јајца со црвена боја, а подвижните форми обично се појавуваат со појавата на зелени делови на растенијата на кои почнува со исхрана. Зимскиот третман на база на маслени средства би требало да уништи висок процент на презимувачки јајца ако е изведен во моментот на отворањето на стигма на јајцата низ кои ембрионот почнува да дише. Во третманите по започувањето на вегетацијата треба да се користат акарициди кои имаат првенствено овицидно дејство (уништување на јајца), зашто јајцата се речиси секогаш присутни на зелестите делови на растението. Зимскиот третман на база на маслени средства исто така ги уништува и јајцата на крушкината болва. Потребата од сузбивање на овој штетник обично се јавува повторно по цутењето.

Поради сузбивање на штетни инсекти се додаваат препарати на база на минерални масла или нивни комбинации со други инсектициди.

Важно е да се спомене дека и времето на резидба игра важна улога во спречување на некои заболувања, па поради тоа резидбата на праската, кајсијата и црешата се препорачува на почетокот на пролетта, а не во текот на зимските месеци.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here