Потребно време за читање: 3 минути

-Сѐ почесто недоаѓање на работа поради „болест“;
-Докажано: помала плата-пократок живот;
-Најефикасен лек за стрес на работа

Најчести оправдувања за недоаѓање на работа.
-Најново истражување ги утврди најчестите причини за земање боледување, односно „оправдано“ недоаѓање на работа.

Интернетската страница CareerBuilder спроведе истражување, со кое биле офпатени 7.000 испитаници, а резултатот е: луѓето земаат боледување токму за време на божиќните и новогодишните празници-околу 33%.

Настинките и грипот во овој период се навистина актуелни, но некои работници тоа го злоупотребуваат, па лажат за сопствената здравствена состојба. Повеќето тоа го прават зашто времето околу празниците сакаат да го минат во кругот на семејството, и тоа што е можно подолго.

29% од испитаниците признале дека планираат да го направат тоа годинава- веќе планираат „бегање“ од канцеларијата во текот на декември и јануари. Повеќето тоа ќе го сторат така што ќе јават дека се болни. Околу 84% тоа го прават со телефонски повик, 24% по електронска пошта, а со СМС пораки околу 11%.

Истражувањето покажало дека луѓето користат многу бизарни оправдувања само за да се извлечат од работа. Некои од тие оправдувања се објавени:

  1. „Мојата 12- годишна ќерка ми го украде автомобилот и немав како да дојдам на работа“;
  2. „Ми се заплетка лилјак во косата и не можев да дојдам на работа“;
  3. „Не можам да дојдам зашто фрижидерот падна врз мене“;
  4. „Ме касна елен во лов, па не можам да дојдам“;
  5. „Ми се вкочани вратот додека трчав по дабарот, па не можам да работам“.
Прочитај и за ... >>  Што мрази Вашиот шеф?

Она што многумина го претпоставуваа, сега и научно е докажано: лицата кои животот го минуваат како слабо платени работници живеат пократко! Статистиките со години покажуваат дека Германците живеат се подолго, но тоа не се однесува на оние кои заработуваат под просекот.
-Од одговорот на Бундестагот на прашањето, што го упатила Левицата за животниот стандард на сиромашните слоеви на општеството, произлегува дека работник со пониски примања просечно доживува 75,5 години старост.

Пред 10 години сиромашните работници во просек живееле 2 години подолго. Трендот е најизразен во (посиромашниот) источниот дел на земјата. Истовремено, животната старост на граѓаните со просечни примања не се менувала, додека подобростоечките живеат во просек уште подолго.

Како работници со пониски примања во статистиката влегуваат оние што заработуваат помалку од три четвртини од просечниот личен доход во Германија. Спроед Секретаријатот за пензиско осигурување за 2011. година, просечната годишна заработувачка во оваа земја изнесувала 30.268 евра (бруто);

Стрес на работа? Кинески рецепт: тепајте се со перници на кои се имињата на шефовите!
-Стотици Кинези „вооружени“ со перници, на кои се напишани имињата на нивните шефови или професори, секоја година учествуваат во Шангај во масовна тепачка со перници чија цел е ослободување од стрес.

Прочитај и за ... >>  Се учиме ли на грешките?

На овој настан има се повеќе млади луѓе кои сакаат да се ослободат од стрес од работа или училиште, пренесоа агенциите.

„Многумина вработени и студенти кои со текот на годините се соочуваат со голем притисок на работа или на училиште учествуваат во овој настан. Се надевам дека им даваме излез да се ослободат од стресот пред крајот на годината“, изјави основачот на оваа тепачка Елевен Ванг, додавајќи дека луѓето, кои трпат притисок во текот на целата година поради шефови, наставници и испити, на тој ден „можат да полудат“.

Тој објасни дека сите учесници пишуваат на перниците имиња на раководечки луѓе, професори и имиња на испити и уживаат во тепачката.

„По ослободувањето од стрес ќе можеме повторно лесно да се соочиме со животот“, изјави Ванг.

Перниците за тепачка им се делат на учесниците на влезот во просторот каде што се одржува борбата. Целиот под е исполнет со перници, а за да се засилат емоциите се организира и рок концерт. Тепачката почнува кога се слушаат првите звуци на музиката.

Прочитај и за ... >>  Десет заповеди на претприемачите и менаџерите

„Мошне уживав во тепачката, но мојот пријател беше бескорисен. Тој се плашеше дека други луѓе ќе го претепаат и не можеше да продолжи“, изјави Чен Ји.

Некои од учесниците рекоа дека уживале во тепачката дури и кога завршиле во купот перници на подот додека други ги напаѓале.

„Не знам кој ме турна, но наеднаш завршив на подот и така станав мета на други луѓе“, изјави студентот Зу Шишан.

Инаку, од 2008. година се обележува Меѓународен ден на тепачка со перници. Во Лондон, Њујорк, Брисел и Хонг Конг „во име“ на ослободување од стресот, односно на добра забава, во април се организираат масовни тепачки. Учеснивите главно се собираат на градските плоштади преку договор на социјалните мрежи на Интернет.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here