рационално користење на струја
Потребно време за читање: 4 минути

Современиот- модерниот живот не треба да признава и прифаќа штедење на што било, туку рационално користење или трошење. Тоа наједноставно значи без она што не ни е неопходно, без што можеме.

Можеме без се, само со леб, сол, корени и вода? Да, ама тоа (со уште по нешто) не е живот, најмалку современ- модерен, туку живуркање (беда, сиромаштија).

На Интернет може да се најдат многу осознаени, проверени и потврдени нешта и совети за што порационална денешна живеачка.


Еве еден мал избор за рационално користење на електричната енергија:

1.Енергија во вредност над 13 милијарди долари годишно се растура (оди „во ветер“) во домаќинствата поради лоши инсталации и изолации.

2. Просечно домаќинство троши околу 10 ипол мегават часови(MWh) струја годишно.

3.Ако нивото на потрошувачка на енергија продолжи со ова темпо, во атмосферата ќе се испуштат додатни 43 милиони тони јаглероден двооксид.

4. Поголем дел од електричната енергија се произведува во термоелектрани кои согоруваат фосилни горива. Помало количество доаѓа од нуклеарките и хидроелектраните. Мошне малку енергија се добива од обновливи извори, како што се соларните ќелии и ветерниците.

5. Оставени полначи за мобилни телефони во штекери, апарати во StandBy фаза и запалени светла се помеѓу најчестите потрошувачи на електрична енергија.

6. Ако би ги гаселе печатарот и мониторот преку ноќ, би се заштедела доволно енерегија да купиме компјутер на секои неколку години.

7. Screen saver-ите во суштина не штедат електрична енергија така што екранот, иако црн, троши.

8. Само една искра на статичен електрицитет има напон од околу 3.000 волти.

9. Флуоросцентните светла произведуваат исто количество на светлина користејќи четвртина електрична енергија во споредба со обичните сијалици, а траат и 10 пати подолго. Тие користат исто сијалично грло.

Прочитај и за ... >>  Избор: живот во град или надвор од него

10. Валкани, масни, зачадени сијалици можат да ја намалат светлината за дури 10%, што претставува една од поголемите загуби на електрична енергија во домаќинствата.

11. При осветлување на просторија 3 сијалици обично можат да осветлат ист простор еднакво како и четири, ако се погодно позиционирани.

12. На соби бојосани и украсени со предмети во светли бои им е потребно помалку осветлување, зашто светлите бои рефлектираат светлина.

13. Регулатори на јачината на светлината значително ја намалуваат потрошувачката на струја. Во простории каде што придушеното осветлување има смисла, на пример трпезарија или спална соба, регулаторот зачувува онолку енергија за колку е светлото придушено (сијалица придушена 15% ја намалува потрошувачката на енергија за околу 15%).

14.Одржување на климата на 26ºC- за секој степен пониско трошоците растат за 6%. Температура на 24ºC чини 18% повеќе, а термометарот поставен на 22ºC дури 36% повеќе.

15. Користете програмабилен термостат. Климата ја користиме само ако сме дома, затоа тајмерот поставете го така да се запали 30 минути пред да дојдете.

16. Држете врата затворена. Отворената врата ја грее/ лади просторијата што не ја користите, со што се зголемуваат трошоците.

17. Одржувајте ја температурата во фрижидерот и замрзнувачот. Фрижидерот може да се користи до 20% од вкупната електрична енергија потрошена во вашиот дом. За да си ја намалите сметката, не користете повеќе енергија одошто е потребно. (Фрижидерот треба да биде наместен на температура помеѓу 3ºC и 6ºC).

18. Дали знаете дека полн фрижидер троши помалку струја одошто празен (под услов да не е толку натрупан за воздухот да не може да циркулира)? Дополнителниот простор може да го пополните со бокал вода поставен во задниот дел, па така да имате и студена вода за пиење.

Прочитај и за ... >>  Урбан еко живот

19. Прашина и влакна можат да предизвикаат фрижидерот да работи понапорно, со што се зголемува потрошувачката на електрична енергија. Чистете го моторот најмалку два пати годишно.

20. Вратата на фрижидерот треба да биде цврсто затворена. Погледнете дали на гумата има пукнатина. Ако постои, заменете ја.

21. Секогаш кога ја отворате вратата на фрижидерот топол воздух јурнува во него, па е потребна дополнителна енергија за тој повторно да се олади.

22. Не ставајте врела или топла храна директно во фрижидерот. Прво нека се олади надвор од него. Така ќе заштедите енергија потребна за ладење.

23. Храната постојано испушта влага. Поради тоа компресорот на фрижидерот/ замрзнувачот мора да работи понапорно за да го отстрани вишокот.

24. Енергетски ефикасни тушеви и чешми можат да го намалат количеството на испорачана вода до 50%, што значи 50% помалку вода треба да се грее.

25. Оптималната температура на топла вода во бојлерот е 49ºC. Не загревајте ја над неа. Исклучок од ова правило се машините за миење на садови на кои им треба нешто поголема температура на водата.

26. Славината која капе може да потроши и повеќе од 40 литри вода дневно (а и да не спомнуваме колку нервира звукот на капнувањето). Причина се најчесто дотраени славини, а поправката трае само неколку минути.

27. Исклучете ги грејачите на вода ако планирате да бидете отсутни повеќе од неколку дена. Водата во бојлерите постојано се лади и бојлерот постојано се грее повторно, со што се зголемува потрошувачката на електрична енергија. Направете си напомена дека повторно ќе ги запалите грејачите кога ќе се вратите.

Прочитај и за ... >>  Кан- бисерот на Азурниот брег

28. Додавање на топлинска изолација на бојлерот може да помогне за зачувување на енергијата (водата во него останува подолго топла). Ова е едноставно за вградување и не е скапо.

29. Угасете го вишокот на светло. Многу постари канцеларии и складишта имаат повеќе светло одошто е потребно. На многу места и половина сијалици се доволни за осветлување. Кога ќе ги отстраните непотребните, не заборавете да ги исклучите и електричните водови.

30. Често во големите згради десетици светла се под контрола на еден прекинувач, а не треба да бидат сите запалени. Овие светла можат да се препојат во помали групи со раздвоени прекинувачи. На тој начин е можно да се запалат само оние што се потребни.

31. Греењето и ладењето трошат половина од вкупната енергија во канцелиариите. Ако имате поединечни термостат контроли, поставете ги на 18ºC, а климата на 24ºC.

32. Еден компјутер може да користи над 100 вати сила, а повеќето работни маси имаат по еден. Исто е и со печатачите. Кога ги менувате компјутерите, купувајте нови, енергетски ефикасни типови кои користат и до 90% помалку енергија.

33. Едно Google пребарување произведува околу 0.2 грама CO2. Бидејќи е тешко да се добие одговор од едно, класичното повеќекратно пребарување троши доволно енергија да сварите чај.

34. Обработката на спам пораки троши 33 билиони киловатчасови секоја година, доволно да се снабдат со струја 2 ипол милиони домаќинства. Во тој процес се произведуваат 17 милиони тони CO2.

35. Google користи околу 15 милијарди киловатчасови струја годишно, повеќе од повеќето држави. Меѓутоа, повеќето од својата енергија Google ја произведува користејќи сопствени соларни плочи.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here