Потребно време за читање: 4 минути

Која е и каква релацијата помеѓу нив? Тие се меѓузависни? Можно ли е кај романтично вљубените да се случи нешто, сеедно големо или мало, што ќе бара простување, а за што ќе биде нужна особена умешност?

Прво, кај романтичната љубов најголем проблем, но не за простување, е нејзиното траење. Не трае долго, откриено е „стручно“ колку просечно, и додека трае ништо не може да го поремети течењето „мед и млеко“. А второ, додека трае обично не се прави никаква разлика помеѓу простувањето и заборавањето. Притоа најчесто се простува заборавањето.

Веројатно многумина нема да се согласат со тврдењето дека романтичната љубов трае одвај нешто повеќе од една година. Меѓутоа…

Истражувачите од Универзитетот „Павија“ во Италија утврдиле дека една хемикалија во мозокот е одговорна за првиот бран на љубовта. Според нив, зголемувањето на нивото на еден вид протеин е во директна врска со чувството на еуфорија и зависност кои постојат на почетокот од љубовната врска.

Од друга страна, пак, по интервјуа со лица во долги и кратки врски, како и со самци, тие утврдиле дека тоа ниво опаѓа напоредно со протекот на времето.

Во извештајот објавен во Билтенот за психоневроендокринологија стои дека научниот тим ги анализирал протеините познати како невротрофини, во крвотокот на мажи и жени помеѓу 18 и 31 година. Биле вклучени 58 лица кои неодамна влегле во врска, а нивното ниво на протеини е споредено со ист број на лица кои се или самци или се во долги врски.

Прочитај и за ... >>  Национален идентитет

Кај оние кои штотуку започнале врска, нивото на протеини под називот фактор на нервниот раст (NGF), кој предизвикува знаци како што се потење на дланките или скокоткање во стомакот, е значително повисоко.

Кај 39 лица кои по една година останале во своите врски нивото на NGF е редуцирано на нормално.

Коавторот на извештајот, Пјерлуиџи Полити, вели дека овие наоди не значат дека по една година повеќе нема љубов, туку само дека таа љубов повеќе не е „акутна“:

„Љубовта станува постабилна. Романтичната љубов исчезнува. Сѐ уште недоволно знаеме за невробиологијата на романтичната љубов. Но оваа студија наведува на заклучокот дека биохемиските механизми веројатно влијаат врз промените на расположението од раната фаза на љубовта до моментот кога врската станува стабилна“.

Д-р Ленс Воркмен, шеф на катедрата за психологија на Универзитетот „Бат Спа“, вели:

„Може да се заклучи дека романтичната љубов исчезнува по неколку години, а речиси е сигурно дека биолошките фактори тука имаат значителна улога. Меѓутоа, иако сме суштества кои се најчесто во парови, не е извесно дека ова се однесува само на моногамните врски или и на полигамните. Различни општества имаат различна практика и различни трендови“.

Без оглед на траењето на романтичната љубов, добро е, дури е неопходно да знаете да простувате. Па и кога е во прашање заборавањето. Одамна е речено дека простувањето не е слабост, туку сила, но и дека не е глупост, туку мудрост. Многумина сметаат дека во својата суштина тоа е благородност.

Прочитај и за ... >>  Седум големи вистини за сексот

Еве што велат психијатрите-психотерапевтите:

Простувањето е христијанска категорија, но не старозаветна. Во Стариот завет пишува „Око за око, заб за заб“. Тој принцип води потекло од паганството, кога одмаздата била најнормален дел од човековиот живот, од неговото суштествување, идентитет, од начинот на кој се стекнувала самодоверба, се извршувала правда. Христијанството го воведува простувањето во својот религиозен контекст поради потребата на човекот за простување, односно за добрина. Одмаздата има свој корен во агресијата, а простувањето во добрината-во либидото (се мисли не на сексуалното, туку на убавината на живеењето, на свртеноста кон животот, а не кон деструкцијата, агресивноста и танатофилијата-самиот инстинкт на смртта).

Одмаздата и простувањето се поврзани со разрешувањето на чувството на омраза кое има свој корен во деструктивното, агресивното. Меѓутоа, мразејќи други се инфицираме со омраза себеси и стануваме несреќни. Кога мразиме, нашето внимание е концентрирано само на тоа, па ништо убаво не можеме да видиме и доживееме, ништо убаво не може да ни се случи.

Простувањето е најдобар лек за омразата. Мелани Клајн тоа го нарекува репарација, односно повторно воспоставување на целовитоста на објектот што сме го мразеле (кој ни направил нешто лошо или ни префрлил во кој било поглед) и негово согледување како добар, а не лош објект.

За простувањето и заборавањето:

Во простувањето не би требало да постои елемент на заборавање. Тоа воопшто не се две исти категории, а и не смеат да бидат. Зашто, ако ние нешто заборавиме, тоа значи дека и не сме се занимавале со простување, туку или не ни било важно или сме толку невнимателни и неодговорни што некои работи сме потиснале. Тоа, пак, значи дека воопшто не сме ги разрешиле на вистински начин. Она што е потиснато може да се врати вооружено со агресивна енергија и агресивен набој. Враќањето на потиснатото е секогаш полошо од првобитниот проблем.

Прочитај и за ... >>  За секојдневните односи на работното место

За разлика од омразата, простувањето бара мошне интензивна и комплицирана психолошка елаборација. Прво, барање сознавање на самиот себе, понирање во сопственото јас и средба со самиот себе, со својот капацитет за добро, за љубов. Потоа, значи релативизација на злото, негово обезвреднување и ставање во друг план.

Простувањето говори за големината на нечија личност и силата на неговото его. Пред сѐ, за силата на механизмот на одбрана. Потиснување на еден од механизмите на одбрана, но примитивен. За разлика од него, алтруизмот, сублимацијата и хуморот се трите најразвиени, најзрели, најдобри механизми на одбрана низ кои може да се одвива простувањето.

Ако сакаме да ја испитаме својата зрелост, тогаш тоа најдобро можеме да го сториме низ самосогледување на себе си, низ тоа колку сме подготвени да простиме. Едновремено треба да водиме сметка и колку други ни простуваат нам. Често луѓето грешат и простувањето го сфаќаат како слабост на други. А се работи токму за спротивното.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here