Потребно време за читање: < 1 минута

Се возат двајца 90-годишни старци во московски трамвај. По некое време на молчење, едниот му вели на другиот:

-Алексеј, дали си тоа ти?

-Сум, а кој сте Вие?

-Па, се сеќаваш, бевме заедно во Комсомолот.

-Да, бев во Комсомолот, но не се сеќавам на Вас.

-Алексеј, па јуришавме заедно на Зимскиот дворец!

-Да, вистина е, јуришав на Зимскиот дворец, ама на Вас не се сеќавам.

-Па, како не Алексеј, остана да висиш на бодликавата жица, ти се закачи капутот, а јас те симнав во последен момент, пред да те застрелаат!

-Бога ми, да, се закачив…но не се сеќавам на Вас…Па, како Вие се сетивте на мене?

-Според капутот што го носиш, Алексеј!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here