Потребно време за читање: 4 минути

Една анкета што ја направи американското списание „Гламур“ покажа дека дури 31% од мажите мастурбираат на работа. Меѓутоа, тоа не е единственото шокантно откритие.

Такви се и следниве резултати од разни анкети во кои учествувале 1.000 мажи ширум светот:

  1. Каде сте мастурбирале? (Изберете еден од понудените одговори):
    На работа: 31%
    Во родителска куќа: 31%
    На журка: 10%
    Во текот на возењето: 24%
    На ниедно од понудените: 4%.
  2. Кога жена ќе се разголи пред вас, кој дел од нејзиното тело прво го забележувате?
    Нејзините гради: 52%
    Стомакот: 11%
    Гениталиите: 10%
    Бутините: 6%
    Толку сум залуден што не забележувам ништо: 21%.
  3. Кој дел од вашето тело најрадо би го промениле?
    Стомакот: 33%
    Големината на пенисот: 18%
    Косата: 7%
    Лузните: 4%
    Не размислувам за тоа: 38%.
  4. Кој е вашиот најголем страв?
    Смрт: 23%
    Сиромаштија: 36%
    Брак: 5%
    Јавно обраќање: 10%
    Неуспех на работа: 13%
    Самотија: 13%.
  5. Кога жената би морала да има само два од предложениве квалитети- добар изглед, памет, грижливост, духовитост- кој би го избрале?
    Добар изглед и памет: 25%
    Добар изглед и грижливост: 30%
    Добар изглед и духовитост: 15%
    Памет и духовитост: 8%
    Памет и грижливост: 14%
    Грижливост и духовитост: 7%.
  6. Што мислите, за што жените најмногу разговарат?
    Што им се случило на работа: 18%
    Гардероба, шопинг, облека: 42%
    Нивните љубовни јадови: 33%
    Озборување за познати: 41%
    Планови што ги имаат со мажи: 8%
    Проблеми во врската: 14%.
  7. Откако сте и испратиле порака, таа одговара веднаш. Што сте помислиле?
    Ефикасна е: 85%
    Очајна е: 15%.
  8. Ако би морале да и купите на девојката тампони…
    Не е срамота да ги купам. Тоа е нормално: 67%
    Ќе купам пиво и мезе заедно со нив, за да и го свртам вниманието на касиерката: 16%
    Никогаш не би купувал тампони: 17%.
  9. Која е најголемата лага што сте ѝ ја рекле на жената за да ја одвлечете в постела?
    Дека имам подобра работа: 11%
    Дека имам повеќе пари: 17%
    Дека повеќе ми се допаѓа: 55%
    Дека сум сингл: 17%.
  10. Колку би сакале да ви трае секој сексуален однос (не сметајќи ја предиграта)?
    5 до 9 минути: 9%
    10 до 14 минути: 16%
    15 до 19 минути: 19%
    20 до 29 минути: 18%
    30 до 39 минути: 14%
    Еден час: 21%.
  11. Сте излегле на вечера со девојката. Што би сакале таа да нарача:
    Салата: 11%
    Бифтек: 38%
    Жесток пијалок: 13%
    Прво десерт: 7%
    Не е важно: 31%.
  12. Нејзиниот телефон се наоѓа на масата, а таа е во бањата. И стигнува порака. Дали ќе ја прочитате?
    Да: 24%
    Не: 76%.
  13. Геј маж се обидува да ве шармира. Вие:
    Мислите дека е тоа симпатично: 56%
    Непријатно ви е: 44%.
  14. Кога би можеле да бидете Бред Пит еден ден, би сакале да:
    Водите љубов со Анџелина Џоли колку пати можете: 37%
    Се дружите со Клуни: 11%
    Го поправите Њу Орлеанс: 8%
    Играте со децата: 6%.
  15. Дали би раскинале со девојката ако таа не им се допаѓа на вашите пријатели?
    Да: 16%
    Не: 84%.
  16. Дали ви се допаѓа кога кај девојката под маичката се наѕираат бретелите од брусхалтерот?
    Да: 42%
    Не: 21%
    Никогаш тоа не го забележувам: 37%.
  17. На која тема вашата девојка не смее никогаш да се шегува?
    Вашата мајка: 16%
    Вашиот пенис: 21%
    Вашите финансии: 12%
    Вашите вештини в кревет: 18%
    Тимот за кој навивате: 6%
    Може да се шегува на која било тема: 53%.
  18. Кој тренд ви се допаѓа или би го испробале во наредната сезона?
    Сандали со чорапи: 21%
    Чевли без чорапи: 16%
    Ногавици сечени над глуждот: 8%
    Машка торбичка: 8%
    Пантолони со јарки бои: 15%
    Тенка кравата: 22%
    Ниедно од понудените: 39%.
  19. Кој од предложениве козметички третмани би го спровеле врз себе?
    Пилинг: 17%
    Хидратација: 24%
    Депилација: 16%
    Употреба на коректор: 6%
    Користење на маска: 6%
    Маникир и педикир: 10%
    Ништо од понуденото: 37%.
  20. Дали Сури расте премногу брзо?
    Да- не би требало да носи штикли и кармин: 21%
    Не- нејзините родители се прекрасни: 14%
    Која е Сури?: 65%.
  21. Ви треба ли сериозна врска?
    Не ми треба: 32%
    Сериозната врска е сѐ што ми треба: 68%.
  22. Дали би ви пречело вашата девојка или жена да заработува повеќе од вас?
    Да: 16%
    Не: 84%.
  23. Кога ја нема мачката, глувците:
    Излегуваат и се пијанчат: 19%
    Ги викаат другарите и прават куќна журка: 23%
    Седат дома и јадат брза храна: 25%
    Им недостасува мачката и одвај чекаат да се врати: 33%.
  24. Поминаа 10 минути, а таа не достигнува оргазам. За што размислувате вие?
    За спортот: 14%
    Што би можел уште да сторам за да ја задоволам: 62%
    Сака ли повеќе?: 10%
    Не можам повеќе: 14%.
  25. Дали кога било би ги лажеле пријателите дека имате девојка?
    Да: 8%
    Не: 92%.
  26. Кога ќе видите жена во стриптиз клуб посакувате:
    Таа да игра за вас: 25%
    Да имате секс со неа: 45%
    Да пронајде друга работа: 30%.
  27. Ако се колебате да се врзете, што ве спречува?
    Сакате да заработите повеќе пари пред да се скрасите: 46%
    Уште слобода да се дружам со пријателите: 21%
    Се чувам за некоја подобра: 21%.
  28. Кога би можеле еден ден да бидете жена, што би сториле?
    Би се играле со вашите гради цел ден: 15
    Би откриле како изгледа женскиот оргазам: 48%
    Би јаделе и пиеле на моминска вечера: 12%
    Би разговарале со жените во тоалет: 18%.
  29. Замислете да морате да водите љубов само во една поза до крајот на животот. Која би била тоа?
    „Кучешка“: 31%
    Мисионерска: 19%
    Стоечка: 2%
    Таа горе: 39%
    Некоја друга: 9%.
  30. Кога би можеле да одите на пиво со некое од предложениве лица, кое би го избрале:
    Барак Обама: 22%
    Марк Санчез: 5%
    Џеј Зи: 8%
    Џон Стјуарт: 15%
    Марк Закерберг: 5%
    Меган Фокс: 45%.
  31. Седите во бар и ви приоѓа една жена. Што би сакале да ви каже?
    „Здраво, јас сум………“: 64%
    „Сакам да одам одовде“: 13%
    „Можам ли да ти платам пијалок?“: 23%.
  32. На нејзиниот Фејсбук профил стои дека има тетоважа. На кој дел од телото би сакале да ја има?
    Во бикини зоната: 32%
    На долниот дел од грбот: 24%
    На стопалото или глуждот: 14%
    На рачниот зглоб: 4%
    На рака: 5%
    Никаде. Не сакам тетоважи: 20%.
  33. Чија задница е подобра?
    На Ким Кардашијан; 63%
    На Пипа Мидлтон: 37%.
  34. За што мислите секој ден?
    За секс: 38%
    За храна: 5%
    За мојот спортски тим: 4%
    За мојот изглед: 8%
    За работа: 14%
    За пари: 31%.
  35. За каков секс точно фантазирате?
    За секс со некој што сум го видел во филм или магазин: 32%
    За секс со која било жена: 14%
    За секс што сум го имал во минатото: 15%
    За секс со мојата девојка/жена вечер: 39%.
Прочитај и за ... >>  Зошто мажите ги лажат жените?

Магазинот „Глаумр“ направил и споредби на анкетите од 1995. и испитувањата од 2012. година. Еве ги резултатите:

Кога би било безболно, безбедно и бесплатно, дали би сакале вашата девојка/жена да вгради импланти во градите?
1995: 55% одговориле „да“
2012: 29% одговориле „да“.

Дали би гласале за женски претседателски кандидат?
1995.: 29% одговориле „да“
2012.: 74% одговориле „да“.

Дали би сакале жената да го земе вашето презиме?
1995.: 24% одговориле „да“
2012.: 42% одговориле „да“.

Дали порадо би се ожениле со 10 години постара или со 10 килограми потешка жена од вас?
1995.: 53% рекле 10 години постара
2012.: 51% рекле 10 години постара.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here