Потребно време за читање: 2 минути

„Сезам“ најчесто се врзува за една волшебна формула -„Сезаме, отвори се!“, од приказната за разбојникот Али Баба и неговите 40-мина разбојници. Ја изговарал само тој за да се отвори таинствената пештера во која разбојниците го криеле своето украдено богатство.

Што е Сезам?

„Сезаме, отвори се!“ е повик упатен кон богатството затворено во пештера, било да е тоа пештера на хранлива и плодна семенка или ковчег со материјално богатство, било да е тоа пештера -прибежиште на духовната објава или лавиринт на несвесното.

Не се знае од каде потекнува формулата „Сезаме, отвори се“, но останува како симбол кој е поврзан несомнено со плодноста бидејќи семето, кога ќе се раствори, го дава сето богатство на земјата.

Се смета дека неговото семе овозможува апстиненција од житарици и постигнување на долговечност. Лао Ци и Хин Кси се хранеле со зрна на сезам кога тргнале кон земјите на Западот, според Кунлун, средиштето на светот.

Прочитај и за ... >>  Книжевните награди

Уште едно толкување-од психолошка гледна точка: таа не е без значење при соочувањето со затворени врати што суштествата ги претставуваат едно по друго. Доволен е само еден волшебен збор, па да се отворат не само срцата, туку и тајните на патувањето на несвесното.

Постои семе „сезам“, едно традиционално кинеско средство за јакнење. Всушност, сезам е род на мошне стари културни растенија од семејството Pedaliaceae кое, поради семенките, се одгледува во Индија, Кина, Јапонија, во подрачјето на Средоземјето, Африка и други тропски и суптропски земји.

Ситните семенки содржат околу 50% растително масло кое од нив се добива со пресување. Сезамовото масло служи во многу земји како масло за јадење, а и како суровина за производство на маргарин и сапун. Брашното од сезамови семенки и цели семенки се употребуваат на Исток за приредување на различни видови на слатки (на пример таан-алва). Најголеми производители се Индија-околу 450. 000 тони годишно, Кина-околу 361.000 тони, Судан-околу 220.000 тони, Мијанмар-околу 139.000 тони и Мексико-околу 127.000 тони годишно.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here