Потребно време за читање: 2 минути

Постои општа согласност дека еден од клучните предизвици во наредните 50 години ќе биде изнаоѓање на решение за порастот на урбаната популација во подрачјата односно градовите кои веќе сега се пренаселени. Лондон е еден од најгусто населените градови на светот-има дури 5 пати поголема густина по квадратен километар од Париз, дури 8 пати поголема од Каиро, а само 13,5% од вкупната територија е под згради.

Заедничко за сите големи градови сега, во иднина многу повеќе: како што расте бројот на жителите се зголемува и хоризонталната експанзија на околината на самиот град, притоа голтајќи сѐ пред себе-земјоделски имоти и полиња, а ги наметнува и сите форми на транспорт кои доаѓаат со урбаниот развој.

Проценка за загриженост: Лондон мора да обезбедува дом за 100.000 луѓе секоја година. Тоа не е само резултат на големите миграции, туку и потреба постоечките станбени населби да се заменат со нови.

Логично решение, веќе познато и применувано: во потрагата по простори ахритектите „одат” во височина.

Прочитај и за ... >>  Боите во куќниот амбиент

Британскиот тим Populararchitecture го откри својот предлог за решение на овој проблем. Се предлага гигантски еколошки облакодер, висок цела милја, со 500 ката, кој би бил дом за 100.000 луѓе.

Станува збор за повеќе од обичен станбен проект. Имено, тоа е вистинска населба меѓу облаците која содржи болници, училишта, продавници, пабови и се друго што еден град треба да има, и тоа под еден покрив.

Се чини неверојатно, но оваа кула ќе биде дури 3 пати повисока од највисоката постоечка зграда во Лондон.

Додека некои овој зафат го сметаат за непрактичен, сигурно е дека со својата реализација ни најмалку не би ја пореметил постојната градска структура. Лондонските познати паркови и отворениот простор би биле целосно сочувани.

Се поставува суштинско прашање: дали е можно оваа градска кула да биде решение на сите проблеми на еден пренаселен град?

Доколку би се реализирала, би била највисока зграда на светот и ново обележје на Лондон како симбол на новото време. Изборот на локацијата се свел на 7 области околу реката Темза, во источниот дел.

Прочитај и за ... >>  Неживот во зграда: и за лифтовите нека му ја мислат „горните“

Кулата е разбиена на зони според хиерархија. Најмалата зазема еден кат со приближно 600 луѓе, населбата покрива 20 ката и приближно 6.000 луѓе. Кулата е поделена на 3 дела: горен, среден и долен, секој со околу 33.000 луѓе. Сите овие единици би имале свој демократски избран претставник во локалната управа.

На овој начин се отишло чекор натаму во планирањето на градовите, па така новата лондонска кула претставува вистински град како политички, исто така и во однос на хиерархиската заедница.

Целата населба е замислена како издлабена вертикална цевка со процепи кои би го обезбедиле неопходниот воздух, а и светлина. Пространата внатрешна дупка би овозможила и отвореност на две страни. Кулата е додатно ишуплена со кружни отвори кои функционираат како градини, паркови за локалното население, базени…

Секој отвор нуди единствена специфична функција-од лизгалиште до ботаничка градина, отворен театар и тениско игралиште. На 419. кат има дури и противпожарна станица. Отворите се поврзани со континуална спирална лента која претставува продолжение на улица.

Прочитај и за ... >>  Штедливи сијалици? Не, благодарам!

Архитектите планираат изградба во фази-по 20 поврзани ката. На тој начин Кулата ќе биде вселива и во текот на градбата.

Целта е да се ограничи движењето низ целиот Лондон со концентрација на животот, работата и забавните содржини во рамките на една локација.

Големите идеи се изнесуваат во различни амбалажи и можат да делуваат како луѓе, паметни, големи, мали. Овој концепт има од сѐ по малку. Она што сепак го издвојува од другите е предизвикот.

(Извор: списание RLN- realno! (http://www.realno.org/)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here