Потребно време за читање: 2 минути

Бебињата од машки пол што ги воспитуваат тактковците покажуваат полош успех на училиште, покажа истражувањето што го спроведоа научници од универзитетот во Бристол. Бебињата кои по 15 часа неделено минувале со татковците подоцна во училиштата покажувале полош успех, изјави водачот на истражувањето Елизабет Уошбрук.

Грижата за малите деца секоја година сѐ повеќе паѓа на грбот на младите татковци, а што ја поттикнално Уошбрукова на проувуање на социјалните и конгитивно-интелектуалните последици на нивното воспитување.

Во текот на истражувањето научниците ја проучиле здравствената состојба и интелектуалното ниво на повеќе од 6.000 деца родени на почетокот од 90-тите години на 20. век, кои во првата година од животот минувале приближно исто време со двајцата родители. Добиените податоци се споредени со исти на сегашните мали деца, при што научниците вниманието го фокусирале на подготвеноста на 4-годишниците за учење.

Научниците заклучиле дека во првите 3 години од животот на детето татковците се главните помошници во неговото негување, а често биле и единствен родител кој со малечкиот минувал подолго време. Во првата година од животот речиси за третина новороденчиња освен мајките се грижеле исклучиво нивните татковци, со тоа што со нив биле во просек 5 часа неделно. Времето кое татковците го минувале со бебињата се зголемува со нивното растење, и до втората година 20% од децата по 15 часа неделно биле исклучиво со татковците. Карактерот на влијанието на односот на детето со таткото се формира во зависност од полот на детето, возраста кога таткото се грижел и должината на времето што синот или ќерката го минувале со него, заклучиле научниците.

Прочитај и за ... >>  8 водечки стратегии за новите родители на близнаци

Момчињата, кои како мали минувале со татковците по 15 часа неделно, покажуваат незадоволителни резултати при уписот на училиште, што значи дека татковците своето внимание, кога се момчињата во прашање, го фокусираат првенствено на дисциплината и развојот на физичките способности на детето, додека мајките го поттикнуваат развојот на интелектуалните способности на децата без оглед на полот. Интелектуалниот развој на девојчињата не е во така блиска зависност од тоа кој родител се занимавал со воспитувањето во првите месеци од нивниот живот.

Оваа појава научниците ја објаснуваат со фактот дека татковците на различни начини се однесуваат спрема децата од различен пол.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here