Way Garden House Traditional Japanese Stones Path
Потребно време за читање: 3 минути

За неа може да се говори на долго и широко, а доволна е мала прошетка низ сајтовите на Интернет посветени на градежништвото и архитектурата, особено на оние кои пренесуваат светски искуства. Се разбира, предност имаат оние посветени на Јапонија, на животот на Јаппонците, нивното минато, традиција…

Најважното во градбата на традиционалната јапонска куќа е „појдовната позиција“: се гради за сопственик, односно за оној што во неа ќе живее. Што ќе рече по негова мера, прилагодена на него, на неговите карактерни особини, навики, начин на живеење и однесување…за разлика од западната цивилизација, која тргнува од плацот и зградата на кои човекот мора да се прилагоди. Тоа е мошне важна животна мудрост која западниот човек или не ја научил или ја заборавил. Доколку се имаат предвид некои општи специфики на Јапонците, сами по себе се наметнуваат и основните принципи на градба: едноставност, ведрина, скромност, слобода, прилагодливост, коегзистенција и холистички- органички пристап.

Многумина ќе се изненадат кога ќе слушнат/прочитаат дека јапонската куќа почнува да се гради од-оградата! Имено, таа претставува граница која, веднаш треба да се нагласи, не изгледа заканувачи, како ѕид од камен или метал, туку е изградена од плетен бамбус, и тоа без ниедна шајка. Впрочем, и традиционалната јапонска куќа се гради без ниедна шајка! Притоа се користи бамбусот кој расте на семејно земјиште, а што на симболичен начин претставува опредметување на карактеристичната јапонска идеја за рамнотежа, самодоволност и скромност.

Прочитај и за ... >>  Сушноста на природата

Втората „фаза“ е приодот кон куќата. Во оградата од бамбус има капија, а кога посетителот ќе мине низ неа, тоа значи дека влегол во внатрешноста на куќата.

Патеката до неа исто така има големо значење-претставува дел од приватниот свет на семејството. Таа се проектира за да го води посетителот низ дефиниран амбиент. На почетокот се воспоставуваат клучните точки на градината, а градинарот ги резервира најдобрите камења и ги поставува на тие точки. Тие, пак, се функицонално и визуелно значајни и се викаат „добри камења“. Првиот „добар камен“ го обележува почетокот, вториот обично се поставува на место каде што патеката се двои, а секој следен на место на некој од убавите погледи на градината. Обичните камења се сместуваат помеѓу нив, а патеките се поделени со мали рустични засолници- клупи заштитени со едноставни покриви. Тоа се места за одмор и уживање во природа.

Кога се доаѓа до куќата, помеѓу столбовите кои го потпираат покривот постојат неколку патриции издвоени со подвижни ѕидови. Всушност, тоа се врати, прозорци, отвори и ѕидови. Можноста од промена на позициите на преградите создава флексибилен простор, сличен на канцеларии во деловни згради. Направени од бамбус, кедар или хартија во различни позиции, панелите го дефинираат влезот на различни начини. Кога се затворени тие се ѕидови, а отворени поврзуваат два простора. Редењето на просторите според грижливо избрани секвнци го води посетителот во куќата по мера на човекот.

Прочитај и за ... >>  Новиот „интерен човек“ и нормите на животот

Мора да се наспомне дека пред започнување на проектирање на куќата традиционалниот јапонски архитект во разговор со идниот сопственик дознава колку татами асури ќе бидат потребни. Татами, главната подна простирка на јапонската куќа, се состои од лесен слој на густо плетени трски, цврсто поврзани со јаже на површината на асурата. Горната површина е за долната сошиена со двојно влакно. Асурите се идеални за подовите зашто не се премногу меки за одење, но не се ни премногу цврсти за лежење на нив. За површината на куќата главни пропорции се токму овие простирки. Бидејќи се користат за седење и одморање, тие се главно базирани на димензиите на човекот-изнесуваат метар по два метра. На овој начин планот на куќата станува своевидна сложувалка во која различни начини на простирање на татамите ја одредуваат формата и големината на просториите, па и на самата куќа.

Во јапонскиот јазик не постои збор кој точно соодветствува на нашиот „соба“. Европскиот концепт на просторот и просторијата не постојат во традиционалната јапонска архитектура, па не постои ни потреба од дефинирање на тој простор со еден прецизен збор. Најслична служба има јапонскиот збор „ма“, но тој попрво означува место или простор. Едноставно, ѕидот во јапонската куќа е подвижна преграда. Значи, не постои фискирана локација на ѕидови, па нема спални, дневни и детски соби, ниу трпезарии. Карактеристиките на просторот, осветлувањето и материјалите драматично се менуваат со воспоставување на нов распоред на „ѕидовите“. Тоа значи дека во секој момент јапонската куќа е можно да се изгради одново и да се прилагоди на актуелните потреби на станарите.

Прочитај и за ... >>  Култура на живеење - културен живот

Следствено, имињата на просторите во неа се одредени не според употребата, туку според оддалеченоста од улицата: „окузашики“ (okuzashiki) е внатрешна соба за седење, наканома (nakanoma) е средна соба, а зашики(zashiki) е просторот најоддалечен од улицата, исто така и најукрасен. Поради локацијата и степенот на приватност и самотност, тој се користи за ноќни гости, учење, читање и тивко ручање. Значи, просторот креиран со подвижни „ѕидови“ нема специфична функција „по себе“,туку е само „карактер“ кој го сугерира типот на користење.

Виден од градината, подот изгледа како да лебди околу половина метар од тлото. Тој е изработен од бамбус, со оплати од кипарис или кедар и прилагоден на деликатните аранжмани на татами асурите. Навистина е издигнат и се доживува како дел од мебелот.

Освен подот, од мебел постојат само ниска маса, неколку сандаци и едноставна полица на која се чита или пишува.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here