treva трева
Потребно време за читање: 5 минути

Тревите му припаѓаат на видот на монокотиледони и се една од најбројните растителни заедници на планетата. Познати се над 600 родови на треви со околу 10.000 видови. Во средна Европа се познати околу 50 родови со околу 200 вида.

И покрај толку големиот број на тревни видови, за потребите на спортските тревници, како и за парковите, се користат сенасе околу 15 вида со околу 100 сорти одгледани посебно за таа намена.


Кај изборот на тревата разликуваме економски критериум, т.е. како трева која служи за сточна исхрана и хортикултурен критериум, кој предност му дава на следните карактеристики: отпорност на газење, отпорност на суша, на болести, поднесување на често косење, конкурентност спрема други треви, финост на лисјето, поднесување на сенка, способност за самообновување, изедначен изглед и лете и зиме, начин на размножување. Треба да се има предвид дека само мал број од видовите ги задоволува сите наведени критериуми, но со создавање на нови сорти значително е зголемен бројот на погодни треви за хортикултурна намена.

При изградбата на нов тревник мораме многу да водиме сметка за наведените критериуми, за во што поголема мера да ги задоволиме естетските и други услови за убавината на тревните површини.

За почвата

Нејзините механички својства се менуваат релативно бавно, па податоците за корелацијата на водниот капацитет, воздушноста и топлинските својства се многу важни за секоја анализа.

Под механички својства подразбираме текстура и структура. Тие се едни од битните показатели на почвата. Текстурата е количествен однос на механичките елементи кои, меѓу другото, ни го покажува степенот на распаѓање на минералните честички во фаза на формирање на почвата, како и нејзината способност да ги задржува водата и хранливите материи, како и да дејствува врз другите односи важни за процесите на растење и развој на растенијата.

Разликуваме: песочни, иловести и глинести почви

Песочните имаат прилично добар однос спрема воздушноста и топлината, додека наедно не ја задржуваат водата, па на то начин брзо се губат и хранливите елементи кои се испираат заедно со неа. Под услов вештачки да се надомести недостигот на вода (со наводнување) и со прихранување со вештачко ѓубриво, минерално или органско, таквите почви се многу поволни за изградба на тревници.

Прочитај и за ... >>  Јадрата на сливите и кајсиите во борба против канцер

Од еколошки апсект иловестите почви се покажале како најповолни за одгледување на тревници. Тие имаат најповолни односи на водозадржување, воздушност и температура, благодарение пред се на урамнотежениот однос на механичките честички.

Глинестите почви содржат висок процент на глинести честички, па поради тоа се тешки и студени, т.е. поради својствата на глината тешко да прима и тешко да отпушта вода често се случува растението да не може да земе вода од таквата почва иако е таа присутна. Поради високиот кохезиски фактор на глината останува многу малку простор за воздух, а влијанието на сончевата топлина од површината е битно намалено, па таквите почви тешко се загреваат.

Може да се каже дека секој од наведените типови може да се користи, но на пример на глинестите почви треба да им се додадат покрупни фракции на песок, а на песочните одреден процент на глина.

Најчести штетници на тревниците се ларвите на инсектите кои живеат во почвите и се хранат со коренот на тревата. Полжавите се исто така чести „гости”, при што прават штета хранејќи се со листовите на тревата. Трета група на штетници се малите цицачи кои прават штета на тој начин што копајќи тунели под земја механички го оштетуваат корењето и површината на тревникот ја прават нерамна. Со оштетувањето на кореновиот состав настануваат сериозни оштетувања, а како последица е менување на бојата на растението и на крајот свенување.

Птиците и глистите спаѓаат меѓу корисните животни, но сепак прават штета по тревниците. Освен што глистите исфрлаат грутчиња земја и со тоа ја нагрдуваат естетиката на тревникот и механички го оштетуваат коренот, птиците во потрага по ларви ја колваат тревната површина и на тој начин директно го менуваат тревниот состав, а доста придонесуваат и за ширење на плевел пренесувајќи негови семенки.

Прочитај и за ... >>  Магдонос-„зелен гладијатор“

Поважни штетници

Tipulidae, голем долгоног комарец

Тој е најчест штетник на ливади и тревници. На развојот на комарците им одговара влажно време, а се појавуваат веќе во рано лето. Благата зима исто така овозможува појава на голем број на овие инсекти, а сушни есени во голема мера го редуцираат нивниот број.

Ларвите на овие инсекти се хранат исклучиво со корењата на растенијата, па и оштетувањата се манифестираат во согласност со тоа. Најнапред се појавуваат знаци слични на оние што се гледаат кај недостигот од вода, а потоа растенијата добиваат сламнасто жолта боја и на крајот угинуваат.

Присутноста на овие инсекти во тревникот може да се провери на неколку начини, а еден од поефективните е да извадиме слој со големина 25 х25 см и дебелина 3-5 см, па откриената површина да ја залееме со солен раствор (2 кг сол на 10 л вода). По третирањето од околу 30 минути се појавуваат ларви (ако ги има) и едноставно ги пребројуваме. Ако ги има повеќе од 7, на таа површина можеме да ги третираме со некој од инсектицидите на база на паратион.

Мравки

Тие се изразито социјализирани заедници, иако постојат неколку подсемејства во рамките на семејството со различни развојни степени на заедницата. Сите мравки се социјални инсекти.

Најголема штета прават со изградба на своите мравјарници, уништувајќи го тревникот на местото на градбата. Друг начин на штета е естетскиот изглед и отежнатото одржување на теренот.

Мравјарницте главно се јавуваат на запуштени и лошо одржувани тревници, а тоа значи дека со редовно и правилно одржување проблемот со нив се решава лесно и ефикасно.

Дождовни глисти

Тие му припаѓаат на семејството Lumbriciae, кое опфаќа околу 15 видови.

Неспорно е дека спаѓаат во групата на корисни организми. Помагаат во изградбата на органски материи и со тоа ја зголемуваат содржината на хумусот во почвата. Правејќи каналчиња ја раситнуваат земјата и со тоа помагаат коренот полесно да се развива, а исто така ја зголемуваат воздушноста на почвата.

Прочитај и за ... >>  Чудесно растение: аронија

Спротивно, понекогаш ги оштетуваат листовите на фините треви, го отежнуваат косењето, а бројните купчиња исфрлена земја грдо изгледаат на негуваниот тревник. Исто така го потпомагаат растењето и развојот на плевелот.

Активноста на глистата трае од пролет до есен, а во потопло време се продолжува до доцна во есен.

Сузбивањето се спроведува првенствено со превентивни методи: отстранување на искосената трева од тревникот, развивање на pH вредноста со додавање на песок и примена на физиолошки кисели ѓубрива.

Крт- Talpa europea

Се храни со глисти и ларви кои се наоѓаат под површината на почвата, значи дека постои директна врска помеѓу активностите на глистите и појавата на кртови. Знаете и сами дека купишта исфрлена земја „убаво” изгледаат на тревникот. Кртовите посредно го оштетуваат, а штетите настануваат како последица на потрагата по храна.

Со намалување на бројот на глистите со веќе наведените мерки на одржување, како и со зголемено движење низ тревникот, мошне е голема веројатноста дека ќе ги избегнеме штетите настанати со активноста на кртовите.

Треба да се одбегнува убивањето на овие во основа корисни животни. Ако сакаме да ги истераме, тоа можеме да го направиме со помош на за нив непријатни мириси или електрични направи кои им прават непријатни вибрации, а енергија добиваат по пат на фотоќелии или од батериски влошки. Доколку се случи преку ноќ да не изненади купче земја треба да го рашириме и да досееме тревна маса на тоа место.

Полжави

Тие прават штета оти се хранат со листовите на тревата и во случај на помасовна навала треба да се отстранат од тревникот. Ако сте доволно брзи, можете да ги фатите и едноставно да ги префрлите во дворот на соседот. Оние побавните и кои имаат големи површини можат да употребат некои од хемиските средства.

Делотворно е вкопување на мали садови наполнети со пиво кое неодоливо ги привлекува.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here