Потребно време за читање: 5 минути

Забележани бизарности врзани за малку познати личности, некои можеби за сите времиња:

-Џон Фајрфакс-„најхрабриот“ човек на светот;
-Лорна Бејли-вратена од мртвите;
-Ед Базинет-бизнисмен во пензија со празни џебови;
-Борни Вејр-за петте работи за кои жалиме пред смрт

„Најхрабриот“ човек на светот

Џон Фајрфакс умре во 74-тата година во својата куќа на Флорида. Неговата поранешна девојка Силвија Кук вели дека не може да верува оти е умрен: „Сите очекувавме дека ќе живее вечно“. Таа го запознала овој авантурист кога смислувал план како да го превесла Пацификот.

Имено, Џон дал оглас во весници во кој бара каков било облик на спонзорство или помош за да може да ја оствари својата идеја за пловидбата. Се јавила Силвија на која, иако не била посебно заинтересирана за море, идејата ѝ се сторила прекрасна. На првото патување Џон бил сам, а на втората пловидба по океанот сепак ја повел неа. За британскиот „Мирор“ таа изјавила дека по првата средба и разговор било очигледно дека си се допаднале еден на друг.

„Џон беше ретка личност која можеше да оствари сѐ што ќе замисли, а тоа е затоа што бил размазен како дете“, вели таа.

Тој е роден во 1937. година во Рим. Мајка му била Бугарка, а татко му Британец кој работел во Би-Би-СИ (BBC). Татко му го сретнал еднаш и признал дека веднаш го расипал. Иако имале пари, на Џон му недостасувал татко и авторитет во куќата. Затоа кога имал 6 години мајка му го запишала во извидувачи. Уште тогаш дошол до израз неговиот бунтовнички дух. Една ноќ во текот на престојот во кампот Џон влегол во колибата каде што спиеле момчињата и почнал да пука од пиштол. За среќа не убил никого. Тука неговата кариера на извидувач завршува, но авантуристичкиот живот допрва почнува.

Потоа Џон се сели со мајка му во Аргентина, но набрзо посакал да живее како Тарзан, па отишол во цунгла на Амазонија, на само 13 години. Станал вешт ловец, па се вратил во Буенос Аирес да ги продаде кожите на животните што ги убил. Тогаш прочитал во весник дека двајца Норвежани го препловиле Пацификот со веслање и веднаш дошол на идеја и самиот да се впушти во таква авантура.

Прочитај и за ... >>  Луди закони

Тога го направил дури по 15 години. Претходно доживеал љубовен бродолом, па решил да оди во џунгла и да заврши како храна на јагуар. Но кога биле еден спроти друг Џон, кој имал пушка кај себе, инстинктивно реагирал и ја убил дивата мачка.

По 3 години пиратство и шверц се преселил во Лондон каде што почнал да го остварува својот сон- да го преплови океанот. По неколку месеци вежбање и и физички подготовки, Џон во јануари 1969. година во својот наменски направен чамец „Британија“ запловил.

На тоа патување се борел со џиновски бранови, но и со ајкули. Кога се вратил, прво што рекол било: „Следниот пат ќе земам некоја девојка“. Така и било. Во 1971. Џон со Силвија тргнал на патување по океанот. Парот го завршил патувањето по 363 дена на островот Хајман, на самиот брег на Австралија;

Вратена од мртвите по искажана љубов

Лорна Бејли, 49-годишна Британка, лекарите ја прогласиле за мртва откако на 10. февруари 2013. година доживеала тежок срцев удар, а и лекарите и нејзиното семејство ги запрепастила кога 45 минути по прогласувањето на смртта се вратила во живот.

Семејството на Лорна било скршено по 3-часовна борба на лекарите за нејзиниот живот. Се собрало во болницата за да се прости од неа, кога лекарите соопштиле дека нивната мајка, сопруга и баба е „технички мртва“ и оти вештачки ја држат во живот со помош на комбинација на адреналин, електрошокови и апарат. Нејзиниот сопруг Џон со нивниот син и трите ќерки потоа седнал покрај нејзиниот кревет.

Ќерката Лејн постојано на мајка ѝ ѝ зборувала да се врати, да стане, да ги собере работите и да тргне дома, но ништо не се случувало се додека 58-годишниот Џон Бејли на сопругата не и рекол дека ја сака. Бојата наеднаш почнала да се враќа на Лорниното лице, очите се отворикле и почнала силно да ја стиска раката на својата ќерка Лејн, но медицинската сестра го убедувала семејството дека се тоа вообичаени појави по третманот и всушност неволни и сосема несвесни движења.

Меѓутоа, семејството инсистирало да се повика лекар кој веднаш утврдил дека на Лорни и се вратил пулсот и итно е превезена на интензивна нега. И покрај натамошните стравувања за нејзиниот живот, Лорнината здравствена состојба продолжила да се подобрува и по една недела е отпуштена од интензивна нега, а прегледите покажале дека и покрај состојбата на техничка смрт мозокот не претрпел оштетувања.

Прочитај и за ... >>  Најбизарни занимања на сите времиња

Д-р Дејвид Фаркухарсон, кој на семејството му рекол да се подготви на најлошото, а набргу потоа утврдил дека жената се вратила во живот, рекол дека вакво опоравување е екстремно ретко и оти Лорнината здравствена состојба е се подобра и подобра;

Бизнисмен во пензија со празни џебови

Ед Базинет (68), бизнисмен во пензија, успеал да го потроши целото свое повеќемилионско богатство на најневеројатни работи, од тоа дури 1,6 милиони долари, верувале или не, на сапун(?!)

Базинет хистерично купувал се што му се допаѓало, а за цената не ни прашувал, раскажала за „Њујорк пост“ дизајнерката Нима Оберај, со која Ед соработувал. Куќни потреби, бижутерија, тенџериња и лонци, луксузни украси и скапоцена облека- сето тоа е само дел од неговата„пропаст“ и банкротство.

На еден престижен саем во Њујорк како од шега потрошил дури 2 милиона долара, а во слична акција во Париз потрошил неверојатни 4. Неговите пријатели набрзо забележале дека нешто не е в ред. Разговарале со него и тој набрзо се пријавил на лечење каде што лекарите констатирале биполарно пореметување и започнале лечење.

Ед Базинет е по потекло од Минесота, а својот бизнис го започнал со изработка на цветни аранжмани и сега таа работа е „тешка“ околу 100 милиони долари. Богатството го зголемил во 70-тите години на 20. век со продажба на порцулански фигури и различни украси. Пред 15 години својата фирма „Департмент 56“ ја продал за 270 милиони долари…но тие пари веќе ги нема, барем не во Едовите џебови;

Пет работи на кои се сеќаваме и поради кои жалиме пред смртта

Борни Вејр е австралиска медицинска сестра која неколку години поминала работејќи како старателка на пациенти во последните 12 недели живот.

Вејр на својот блог запишала забележувања за исклучителната јаснотија на погледи на својот живот кои луѓето ги стекнуваат на крајот од животот, објави „Гардијан“.

За да можеме да учиме на нивните грешки, Вејр некои од нив одлучила да ги испита за работите за кои жалат и што во животот би сториле поинаку. Утврдила 5 работи на кои луѓето се сеќаваат и жалат на крајот од животот:

Прочитај и за ... >>  Најсмешна туристичка поплака на сите времиња

1. Би сакал/а да имав храброст да живеам живот верен/на на себеси, а не живот што други го очекуваат од мене.

Кога луѓето ќе сфатат дека нивниот живот е готов и ќе погледнат наназад, лесно гледаат колку нивни соништа останале неисполнети. Повеќето луѓе не ги почитувале ниту половина од своите соништа и умреле знаејќи дека од својот избор не направиле нешто. Здравјето донесува слобода да постигнеме одредени цели, а луѓето тоа го сфаќаат дури кога него ќе го изгубат.

2. Би сакал/а да не сум работел/а толку тешко

„Ова го изјави секој пациент кого го негував. Жалат што го пропуштиле животот на своите деца, дел од партнерството и пријателството. Жените исто така спомнуваа жалење за тоа дека премногу работеле. На луѓето им е жал да трошат толку од својот живот само на работа“, напиша Вејр.

3. Би сакал/а да имав храброст да ги изразам своите чувства

Многумина луѓе ги потиснуваат своите чувства за да бидат во мир со други. Како резултат никогаш не стануваат она што навистина се. Резултатот на тоа неретко се некои болести развиени од потисната лутина и горчина поради незадоволство од самите себе.

4. Би сакал/а да останев во контакт со своите пријатепи

Луѓето често не ја сфаќаат вистинската вредност на своите стари пријатели се до моментот додека не се на умирање. Многумина се толку зафатени со сопствените животи што некои пријателства сосема ги заборавиле. Поради тоа сите пациенти се жалеле дека на пријателите не им посветиле доволно време. На секому кој умира му недостасува пријател.

5 Би сакал/а на самиот/самата себе си да сум си допуштил/а да бидам посреќен/ посреќна

И ова е најчесто жалење на терминалните пациенти. Многумина не сфаќаат до крајот на животот дека среќата е нивен избор. Луѓето остануваат заглавени во старите навики. Стравот од промени, како и дали тие и другите околу нив ќе бидат задоволни, луѓето ги спречува во среќата и при крајот на животот жалат оти повеќе не се смееле и биле поопуштени во животот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here