Потребно време за читање: 2 минути

Стандардно: веруваат во американскиот начин на живот, но и дека Сонцето се врти околу земјата (?!), а Господ го создал човекот.

Необично: многу заеднички нешта помеѓу Америка и Саудиска Арабија! Меѓу другото, во обете земји постојат клубови во кои мажите и жените се дружат издвоено. Постопи „мала“ разлика: во Саудиска Арабија машките и женските простори се вообичаено еднакво опремени, за разлика од еден голф клуб во Аризона, кој е предмет на судски спор. Жените бараат big-screen TV во својот дел од ресторанот, кога нивните мажи веќе имаат три. Противниците на родната сегрегација се брзо прозвани за „феминацисти“, што срамотно потсетува на однесувањето кое им го припишуваме на народите на малите посткомунистички средноевропски државички.

Американците најмногу веруваат во полн стомак. Во една реклама девојка соџвакува банкнота од 5 долари, а глас во заднината вели: ако можеш да изедеш 5 долари, зошто не јадеш повеќе месо?

Во Индија човек во просек изедува 3 кг месо во годината, а во Америка 123 кг. За тоа да биде можно, во САД годишно се колат и преработуваат 10 милијарди грла стока. Се разбира, пред колењето тие треба да се гојат, па тоа е една од причините што 1/15 од засеаната земја е за човечка потрошувачка, а 14/15 се за храна за стока и живина. Ако се земе предвид дека индустриското производство на 1 кг говедско произведува еднакво количество на стакленички плинови како и 250 км возење со автомобил, не е тешко да се пресмета колку Американците ја уништуваат планетата со својата исхрана која, освен тоа, резултира со сензационални 60% предебели возрасни лица и епидемија на шеќерна болест и артериосклероза.

Прочитај и за ... >>  Социјална мрежа

Исто така, Американците веруваат во полн резервоар бензин. Просечната американска патна лаѓа-sport utility vehicle-троши околу 3 пати повеќе бензин од просечен нисколитарски европски автомобил и, во согласност со тоа, произведува 3 пати повеќе стакленички плинови, што е повеќе по лице отколку возење со авион. Кога ќе се земе предвид колкумина луѓе ги возат тие автомобили без додатни патници, произлегува дека е тоа вистинска трагедија за планетата. Бидејќи има мошне малку електрифицирани пруги, возовите лапаат дизел и по патник произведуваат повеќе стакленички плинови отколку автобус. Како тоа само по себе да не е доволно уништувачко, популарни гладијаторски игри за ситите и безделнични маси се кршење на автомобили, тн. demolition derby, и градба на џиновски машини, со големи гуми, кои преминуваат преку други автомобили, тн. monster truck show. Тие „спортови“ можеа да се развијат само во услови во кои половни автомобили можат да се купат речиси за џабе и каде што бензинот е евтин.

Прочитај и за ... >>  Сакаат ли жените кавалери?

На еден таков „натпревар“ организаторите фрлале банани во публиката. Бананите воопшто не растат во САД. Тоа што се најевтино овошје, е благодарение на евтиниот бензин и економската манипулација на Латинска Америка.

Уште колку долго ќе можат така? Не многу.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here