урбан стрес urban stres
Потребно време за читање: 4 минути

Неколку совети што можат да ви помогнат во борбата против „урбаниот“ стрес:

-Еден од најголемите извори на стрес е недостигот на време. Сепак, 10 минути можете секогаш да пронајдете. Доволно е толку да се обидете да резервирате за медитација. Таа на најбрз начин доведува до повисоко ниво на разбирање и тогаш стресот нема големо значење поради мирот што сте го постигнале. Техниките на медитација стресот го претвораат во сила.

Друг важен начин на ослободување од стрес се животните. Малку што може така да ни го подигне расположението по исцрпувачкиот ден како воодушевувачкиот поздрав на куќниот љубимец. Животните позитивно дејствуваат врз менталното здравје, ги лечат осаменоста и стресот, а со своето однесување не учат како да ја посматраме и слушаме околината. Иако иритантното лаење на кучето или деструктивното гребење на мачката може да создаде напнатост во куќата, со дресура исчезнуваат маните, а остануваат позитивните психолошки ефекти;

-Не е лесно да се остане мирен во зовриениот сообраќаен шпиц, без оглед на тоа дали сте возач или совозач. Обидете се времето во колоната да го искористите за вежбање на трпението и разбирањето за други. Дишете полека и длабоко и следете го својот здив. Ако успеете да останете опуштени во таков метеж, малку се стресните ситуации кои не ќе можете да ги надвладеете;

-Ослободете се од стресот така што негативните емоции ќе ги исфрлите од телото пишувајќи. Земете молив в раце и запишете ги мислите и дилемите кои ве мачат;

-Променете го начинот на кој ги доживувате лошите вести кои доаѓаат до вас. Не кријте се одфактите. Апатијата и незаинтересираноста можат да предизвикаат еднакво штета колку и стресот и депресијата. Наместо да кренете раце од се, искористете ја веста за да пронајдете дел од решението на одреден проблем. Пронајдете го вистинскиот начин да се вклучите и да им помогнете на оние кои патат;

Прочитај и за ... >>  Кан- бисерот на Азурниот брег

-Кога сме под стрес, одиме цврсто, тропаме при секој чекор. Замислете дека одите по цвет на лотос, нежно и меко. На тој начин ќе се исклучите од светот и за миг ќе се најдете на некое помирно и попријатно место;

-Наместо да извршувате неколку задачи истовремено, во одредено време посветете се на една работа или едно лице. Кога ќе го совладате лелеењето на духот и ќе го насочите вниманието, полесно ќе го контролирате стресот;

-Со оргазам се постигнува ослободување на ексцесивна биоенергија, со додатно емоционално „ослободување“, како и незаобиколните негативни последици на блокирање на сексуалната енергија, како што тврди Вилхелм Рајх. Нежностите кои партнерите ги разменуваат пред, за време и по односот, како и блискиот контакт, допирот на кожата, потпомагаат за одржување на зголемено ниво на окситоцин и релаксирачкиот ефект на физичка љубов. Опуштањето е последица на сексуалниот однос со кој сосема се елиминира нивото на секојдневниот стрес. Но, благотворно дејствува само во единство со потизивни емотивни состојби. Да се сака е антистресно. Уживање и релаксација во исто време. Особено ако дишете заедно;

-Голем број на жени успешно се носат со хормоналните промени предизвикани од менструалниот циклус додека не се случи некоја вознемирувачка стресна ситуација која ќе ја поремети нивната чувствителна рамнотежа. Многу жени бараат медицинска и психолошка помош поради тегобите предизвикани од ПМС-от. Кога на некое време стресот во нивниот живот ќе се намали, помошта престанува да им биде потребна. Стресот може да ги влоши валунгите во менопаузата и да го отежни додатното хормонално лечење. Промената на животните навики како воведување на телесна активност или посветување повеќе време исклучиво на себе си може да ги намали стресот и сите негови последици;

-Стресот е биолошка реакција на ситуација во која притисокот станува толку силен што нашето тело со него повеќе не може да се носи. Важно е да ги согледате првите предупредувачки знаци за да можете да дејствувате пред стресот да излезе од контрола. Многумина луѓе под стрес, кој е најчесто резултат на превработеност, добиваат екцеми и лишаи. Решението е во исхраната. Јадете редовно зашто стресот влијае врз нивото на шеќер во крвта. Три оброци на ден, од кои секој ќе се состои од најмалку 40% протеини, како и незасладени меѓуоброци, ќе го одржат нивото на шеќер стабилно, а вас ќе ве наполни со енергија;

Прочитај и за ... >>  За синдромот на болна зграда

-Музиката ги намалува стресот и депресијата, а ги поттикнува релаксацијата и сонот. Брзите ритми го будат умот, го прават повнимателен и побрз. Бавната музика смирува и го опушта мозокот. Исто така, таа го поттикнува нервниот систем да го забави дишењето и бројот на отчукувања на срцето. Класичната музика има многу предности поради хармоничниот спој на повеќе инструменти и поради тоа што не ги иритира ушните тапанчиња. Помага при варењето зашто го намалува нивото на хормонот на стресот, а неопходните состојци од храната подобро се апсорбираат. Не заборавајте мозокот да го стимулирате со слушање на кој било вид музика;

-Поставете ги љубовта и пријателството на прво место. Договарајте средби и состаноци како што договарате термин кај лекар: со одговорност и почитување. Блискоста со драги лица може да ја подобри работата на срцето, да го поттикне излачувањето на хормонот окситоцин, клучен за зближување и чувство на доверба. Неговото дејствување го намалува стравот и помага во спречување на здравствени тегоби предизвикани од осаменост;

-Еден од најбрзите и најефикасните начини на отстранување на напнатост е правилното дишење. Техниките како пранајама е препорачливо да се изведуваат двапати на ден. Мошне се делотворни зашто брзо и позитивно влијаат врз нервниот систем, го намалуваат срцевиот притисок и ја подобруваат циркулацијата. Одредени техники на дишење можат да помогнат во намалување на стресот.

Дишењето е една од основните телесни фунции која може свесно да се контролира. Свесното длабоко дишење со ширење на абдоменот, на пример, може да го забави пулсот. Телото добива повеќе кислород, што умот го доведува во побистра состојба. По стресна ситуација се препорачува длабоко да вдишете и да продолжите со полесно и воедначено дишење. Со секое вдишување чувствате како стомакот се движи и како се опуштаат стомачните мускули. Испробајте пранајами! Затворете ја десната ноздра со десниот палец, па длабоко и бавно дишете на левата, со пауза од неколку секунди помеѓу воздивот и издивот. Повторете десетина пати, па прејдете на другата ноздра.

Прочитај и за ... >>  Урбаниот систем на Германија

Издвојте некое време за молчење. Обрнете внимание на внатрешниот живот и развијте верба во интуицијата;

-Запомнете од три до пет изреки или мантри кои ќе ве вратат во живот кога работите ќе тргнат во лоша насока. На пример: „Јас го можам тоа“ или „Она што нема да ме уништи, ќе ме направи посилен/посилна“. Или замислете некоја убава слика која ќе ви послужи како прибежиште во моментите на стрес: поглед од најубаво место на плажа, патека во шума по која радо шетате или нешто друго, вам посебно драго;

-Тешко е да бидете благодарни ако сте под стрес. Издвојте пет минути дневно за да заблагодарите на сите животни дарови. Почнете со воздивот и издивот, изворот на се што е живот;

-Направете попис на настани кои во текот на денот ве развеселиле и на оние кои ви одзеле енергија. Така полесно ќе согледате по кој пат треба да продолжите;

-Не оптоварувајте се со големи промени, почнете со мали работи. Променете го, на пример, она што го јадете за појадок. И тоа може да биде почетен чекор на патот кој ќе ве води до животот по кој копнеете.

Една кинеска пословица вели:

Ако имате некој проблем кој никако не можете да го решите, тогаш тоа можеби и веќе не е ваш проблем.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here