Потребно време за читање: 3 минути

Во последно време сѐ повеќе се зборува за биогоривата како замена за традиционалните фосилни горива. Многумина зборуваат за нив како за совршено обновлив извор на енергија кој може да го произведува кој било. На тој начин би се намалила зависноста од увоз на енергенси.

Биогоривата се денес главен предизвик за автомобилската индустрија од две причини: тие се алтернатива на фосилните горива и нивното користење придонесува за намалување на ефектот на стаклена градина.

PSA групацијата (Peugeot Citroën) користи биогориво во своите автомобили од март 1998-ма година. Денес автомобилите на групацијата со дизел мотор можат да користат мешавини кои содржат и 30% на етер на растително масло во мешавина со дизелско гориво, додека бензинските мотори можат, без никакво прилагодување, да работат со мешавини кои содржат до 10% етанол.

Втор начин на користење на биогорива претставуваа возилата со мотор E85 (возила кои ги прифаќаат сите мешавини со до 85% етанол во горивото). Решението е во прилагодување на моторот на работа на биогорива, значи во купување на нови возила и во развој на канали на дистрибуција на горивата. Со други зборови, користењето на биогорива ќе се зголеми единствено ако новите автомобили ги заменат постојните модели.

PSA Peugeot Citroën има големо искуство во технологијата „flex-fuel“ мотори, кои успешно се произведуваат и продаваат во Бразил, каде што 80% од автомобилите се продаваат со тие мотори. Групацијата во Европа ќе понуди голем избор на „flex-fuel автомобили“, кои ќе ги задоволуваат нормите на Euro IV. Првите автомобили ќе бидат понудени летово.

Прочитај и за ... >>  Што е материјата?

Меѓутоа, малку подеталното проучување на настанокот, својствата и начинот на искористување на биогоривата резултира со заклучок дека тие се исклучително опасни за развојот на човештвото. Имено, произовдството на биогорива е всушност директно претворање на храна во нафта, па додатната побарувачка на некои видови на храна би можела да ја подигне цената на таа храна и така директно да ја зголеми распространетоста на гладта во светот. Затоа што поголема цена значи и помала достапност на таа хрена на сиромашните држави.

Jean Ziegler, специјален известувач на ОН од програмата „Право на храна“ (Right to Food), изјави дека производсгвото на биогорива ќе ја зголеми гладта во светот, а тоа го поткрепи со фактот дека тоа производство помогнало во кревањето на цените на некои видови на храна на рекордни нивоа. Тој смета дека со развојот на технологијата биогоривата би можеле да се произведуваат од земјоделски отпад, а не од храна. Исто така смета дека е легитимно правото на државите да произведуваат биогорива, но „ефектот на претворање на стотици и стотици илјади тони пченка, пченица, грав и палминово масло во гориво е апсолутна катастрофа за гладните луѓе“. Додаде и дека сиромашните држави во Африка веќе се во ситуација повеќе да не можат да си дозволат увоз на храна. Производството на биогорива е всушност злосторство против човештвото.

Прочитај и за ... >>  За есенската боја на лисјата

Влијанието на производството врз цената на храната можеби е највидливо во САД. Земјосопствениците сѐ повеќе се посветуваат на производство на пченка која подоцна се претвора во етанол, а зголеменото производство на пченка значи намалување на производството на друга храна и кревање на нејзината цена. Со намалување на производството на останатите житарици напоредно се случува и натпревар на производителите на етанол и на производителите на месо за пченка, па се зголемува и цената на пченката која поради добивката се произведува се повеќе, а со самото тоа во иднина ќе се зголемува и цената на месото.

Биогоривата моментно најмногу се произведуваат од шеќерна трска, пченка, соја и маслодајна репа, а истовремено моментно во светот постојат околу 850 милиони луѓе кои немаат доволно храна.

Акцентот на ширење на употребата на биогорива во ЕУ е повторно доведен во прашање, при што овојпат прашањето дали биогоривата повеќе штетат отколку што користат го поставија научниците на научниот институт на Комисијата, Joint Research Centre, извести лондонскиот весник The Financial Times.

Имено, тој истражувачки институт во необјавен интерен извештај го поставува прашањето за односот помеѓу цената и корисноста од употреба на биогорива, и нагласува дека на крајот би можело да се покаже дека биогоривата воопшто не придонесуваат за запирање на штетните климатски промени, туку можеби дури спротивно. Извештајот ја поддржува претходно изразената загриженост на повереникот за околина Ставрос Димас и истражувањата на групацијата за заштита на околината, кои сугерираат дека биогоривата би можеле дури да придонесат за глобалното загревање низ дефорестација и согорување на тресетиштата, нужни за извори на биогориво како што е пченката.

Прочитај и за ... >>  Сензационално: научниците успеале да го запрат времето!

Европската комисија усвои Стратегија за биогорива, која со низа пазарни, законодавни и истражувачки мерки го поттикнува нивното производство.

Поставени се 3 главни цели: (1) придвижување на користењето на биогорива во ЕУ и во земјите во развој, (2) подготовка за широко користење на биогорива со подобрување на ценовната конкурентност и истражувања на „втора генерацоија“ на горива, и (3) поддршка на земјите во развој каде што производството на биогорива би можело да поттикне одржлив економски раст.

Поголемото користење на биогорива би можело да донесе значителна корист, вклучувајќи го намалувањето на зависноста на Европа од нафта и производство на гас, како и намалување на емисијата на стакленички гасови.

Стратегијата е концентрирана на 7 клучни подрачја: (1) поттикнување на побарувачката за биогорива, (2) еколошка корист, (3) развој на производство и дистрибуција на биогорива, (4) зголемување на понудата на суровини, (5) зголемување на можностите за трговија, (6) поддршка на државите во развој и (7) истражување и развој.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here