Потребно време за читање: 4 минути

Во развиениот свет сѐ повеќе се шири „електронската куќа” како работно место. Не толку поради економската криза (губење на работни места), туку како последица на технолошкиот развој, конкретно на „дигитализацијата на секојдневјето”, на сѐ посовршените средства за комуникација.

Последиците од технолошката револуција и експанзијата на масовните комуникации со право се споредува со воведувањето на индустриското производство. Имено, тие коренито ги сменија структурата, ритамот, содржините на работното и слободното време, а ја овозможија и појавата на низа нови форми на работа, пред се на „работа дома”“ посебно кога станува збор за интелектуални и административни занимања, во помала мера услужните и производствените.

Се смета дека во овој случај електрониката овозможи замена на физичкиот труд со автомати, така што приматот го презедоа интелектуалниот труд и услугите, односно терцијарниот сектор. Тоа непосредно се поврзува со „работа на далечина“, а и двете се лансирани на почетокот од 90-тите години на 20. век. На почетокот отпорот беше последица на загриженост, па и страв на работодавачите од разикот да ја изгубат контролата над работата на вработените, но денес се смета дека овој вид на вршење на дејности брзо ќе стане, ако веќе не стана примарен.

Социолозите на трудот, психолозите, економските стручњаци мошне сериозно ги анализираат природата и суштината на „работата дома“, но и последиците за луѓето. Се тргнува од тоа дека економското работење е жива „материја”, испреплетена со сите општествени сегменти, но и при разработката на деловните стратегии (во чии рамки се „става“ и eWork стратегијата). Утврдено е дека таа е продуктивна, имајќи ги предвид промените во сфаќањата на поимањето на работното место и работното време (човековиот работен ден веќе не е заснован на тврда шема), сферата на забавата (чија професионализација е се поголема), меѓучовечките односи, општествената заедница, процесот на учење-стекнување и примена на знаења, структурата на кариерата, човековата околина, стопанството, емотивните односи во семејството и соседството, слободното време…

Прочитај и за ... >>  Од историјата на автомобилот: Џип (Jeep)

Информациската и комуникациската технологија доведоа до сосема поинакво поимање на работното место. Имено, поединецот повеќе не мора да биде физички присутен во канцеларија за успешно да ја изврши работата. Со трансформацијата на просторот и времето, групи кои се наоѓаат во кој било регион на светот се во состојба преку компјутерот и современите комуникациски мрежи да работат заедно. Дигиталната револуција овозможи на стартот претпријатијата со мал капитал да настапат на светскиот пазар и најголемиот дел од деловниот циклус да го реализираат преку Интернет.

Освен „виртуелните претпријатија“, ICT ги „породи“ телемедицината, електронската управа, а веќе не се реткост ниту сајбер судниците. Со еден збор, управувањето со „паметните“ куќни апарати станува и допрва ќе биде дел од секојдневниот живот.

Од друга страна, во се поголем број на претпријатија се прават обид хиерархиските, статички организациони модели да се заменат со модели засновани на мрежите и моделите насочени на проекти во кои со организационата структура управуваат задачите, а не шемата на организацијата закачена на ѕид во шефовата канцеларија. Вработените се поврзуваат со претпријатието во зависност од интересот и желбите. Некои експериментираат дури и со поимите, како што е „саморакување“, за да ги засилат самостојноста и иницијативата на поединецот. Се брише разликата помеѓу краткорочното и долгорочното планирање, а секое мора да биде краткорочно, зашто никој не знае како светот (пазарот, целните групи, клиентите) ќе изгледаат по 3 или 5 години. Сето тоа овозможи појава на сеопфатни услуги на eWork, а со тоа и пораст на бројот на работници кои не доаѓаат на работа.

Прочитај и за ... >>  Смрт на слободниот Интернет

Ваквите работници, кои уште се нарекуваат „далечински“ или „мобилни“, наместо во канцеларии, својата работа ја вршат во кафулиња, конференциски хали или, пак, во telework центрите во предградијата, во кое било време на денот. Тие користат исти IT алатки кои би ги имале и да работат во класична канцеларија. Тука спаѓаат класичниот лаптоп, пристапот на мрежа со широк опфат со сите неопходни софтверски апликации и бази на податоци.

Според Програмата за истражување на работните места на Универзитетот Корнел, просечната посетеност на работните мста во време помеѓу 08 и 17 часот е помеѓу 30% и 50%. Овој податок ја објаснува сѐ поголемата застапеност на „работа дома“. Во областа на работното време eWork во современите развиени општества доведува до промена во правец на надминување на строгата сатнина, односно јасната поделба на работно и слободно време.

Сѐ е поголем бројот на луѓе кои работат надвор од системот „од 9 до 5“ (или каков било уреден распоред) за сметка на флексибилните, лизгачките и part-time скалите. Целото општество преминува на дејности кои се одвиваат во текот на целиот ден. Новата флексибилност прави разликата помеѓу работното и слободното време незабележливо да се брише. Вработените можат така да бидат без прекин на работа ако го сакаат тоа или ако тоа го бара работата. Се повеќе се оние кои никогаш не се сосема слободни. Дури и кога се болни, во најмала рака одговараат на електронската пошта и се јавуваат на мобилен телефон.

Прочитај и за ... >>  Автомобил со кој управува мозокот

Очекувањата човекот непрестано да биде достапен како некој кој работи е важен дел од таа слика. Целосната достапност е заразна. Кога некој ќе почне со тоа (било да е збор за претпријатија или поединци), тогаш другите мораат да го имитираат за да не пропаднат во конкуренцијата.

Луѓето речиси 70% од своето работно време го трошат на тимска работа, но таа не мора по секоја цена да ја вршат лице в лице ако се ангажира технологија погодна за соработка, како видео конференции базирани на веб, со кои „патувачките“ работници можат да пристапат лесно и евтино, без оглед на локацијата. Со работа дома се остварува заштеда во време што се минува во одење и враќање од работа, а на работодавачите им се намалуваат трошоците. Големите претпријатија се скапи! Помислете на инфраструктурата, чуварите на паркиралиштата, персоналот за чистење, греењето, осигурувањето, закупот на просторот…

Во однос на прашањето на односот на работното и слободното време во постиндустрискиот период, помеѓу теоретичарите главно владее консензус за основните аспекти на овој проблем. Пристапот кон трудот е многу пофлексибилен, а тоа го овозможува пред се напредокот на технологијата. Освен „електронската куќа“, сѐ поголемо значење добиваат и некои порано запоставени форми на работа, како што се хонорарната и работата со лизгачко или скратено време. Се укажува и на сѐ поголемата флуктуација на работната сила, односно честото менување на занимањата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here