Потребно време за читање: 4 минути

Тектонски плочиЗнаете што е тоа „тетконика на плочи“? Станува збор за геолошка теорија која го објаснува поместувањето на плочите на Земјината кора со големи размери.

Имено, надворешниот дел од Земјата се состои од два слоја-надворешна кора наречена литосфера, која ја опфаќа кората и тврдиот горен дел од обвивката, а под литосферата се наоѓа астеносферата. Под астеносферата се наоѓа потврда долна обвивка, чија фазна состојба не е последица на помали температури, туку на висок притисок.

Литосферата е раздробена (изделена) на тн. литосферни плочи (тектонски плочи). Постојат 8 главни и уште многу помали. Плочите плутаат на астеносферата.

Постојат 3 типа на граници на плочите кои се окарактеризирани со начинот на кој се поместуваат релативно една спрема друга, а се поврзани со различни површински феномени. Тоа се:

-трансформни- граници на места каде што плочите се лизгаат една покрај друга вдолж трансформниот расад. Релативното поместување на две плочи е или синистрално, односно на лево во однос на посматрачот, или декстрално, односно на десно во однос на посматрачот;
-дивергентни- граници кои се јавуваат на места каде што две плочи се оддалечуваат една од друга;
-конвергентни граници (активни ивици)- кои се јавуваат на места каде што две плочи се поместуваат една спрема друга обично создавајќи зона на субдукција (ако една полоча тоне под друга) или континентална колизија (ако обете плочи содржат континентална кора).

Најголеми плочи се:

-Африканска (Африка, југоисточен Атлантски океан и западен Индиски океан);
-Антарктичка (Антарктик и тн. Јужен Океан);
-Индиско-австралиска (Индија, Австралија, Нов Зеланд и поголемиот дел од Индискиот океан);
-Евроазиска (североисточен Атлантски океан, Европа и Азија без Индија);
-Северноамериканска (Северна Америка, северозападен Атлантски океан и Гренланд);
-Јужноамериканска (Јужна Америка и југозападен Атлантски океан);
-Пацифичка или Тихоокеанска (поголем дел од Тихиот океан и источна Калифорнија);
-Источнопацифичка или Назка (источен Тихи океан покрај Јужна Америка).
Постојат уште 20-тина помали плочи (Арабиска, Кокос, Карипска, Филипинска, Сомалиска…). Земјотресите се најчести на границите на плочите.

Прочитај и за ... >>  Мамутите повторно на Земјата?!

За поместувањето на плочите се одговорни два главни процеса: создавање на нова кора од магма која извира од вулканските пукнатини на дното на океанот и подвлекување на една плоча под друга.

Жешката новосоздадена кора настанува на океанските испакнатини, па потоа патува по океанското дно до работ на својата плоча, до зоната на подвлекување, по што понира во обвивката каде што се уништува. Плочата која понира се топи во обвивката и така ја лади. Тектонските плочи се поместуваат со брзина од 5 до 10 см во текот на една година.

Соседни плочи можат да се судираат и да создаваат нови планински синџири. Така, Хималаите настанале од судирот на Индискиот потконтинент со Евроазиската плоча, Андите со судирот на Јужноамериканската и Назка плочата, а Rocky Mountains со судир на Тихоокеанската и Северноамериканската плоча. На некои места плочите се лизгаат една покрај друга. Пример на вакво движење е San Andreas Fault во Калифорнија- САД.

За да се утврди што се случува со вечно немирните тектонски плочи на кората на нашата планета, научниците од агенцијата НАСА уште во 1976. година лансираа во вселената сателит со пречник од околу 60 см, наречен Ласерски геодинамичен сателит или скратено ЛАГЕОС. Надворешната површина на овој сателит е прекриена со 426 диска со правилна геометриска форма, чија намена е ласерските снопови упатени од станица на Земјата да ги одбиваат и да ги враќаат до неа. При лансирањето научниците процениле дека животниот век на сателитот по мошне високата орбита околу Земјата ќе трае околу 8 милиони години.

Прочитај и за ... >>  За соленоста во океанот

Том Фискети, шеф на геодинамичната програма на овој сателит во агенцијата НАСА, објаснил при лансирањето дека задачата на сателитот ЛАГЕОС ќе биде да ги прифаќа, одбива и враќа ласерските снопови упатени во одредени интервали од станица на Земјата. Ова овозможило да се утврди не само оддалеченоста помеѓу одделните станици и сателитот, туку и нивниот релативен однос и позиција на различни места на Земјата.

Врз основа на овие податоци на научниците им пошло од рака да ја утврдат брзината на движењето на Пацифичката и Северноамериканската плоча што се сретнуваат и судираат на надворешната бразда Сан Андреас. Пацифичката плоча се движи во северозападен правец, со брзина од 8 сантиметри годишно, што според мислењето на научниците е вратоломна брзина за толку огромна маса на земјиште.

Во врска со тоа Фискети своевремено рекол:

„На почетокот никој од научниците не сакаше да верува во тоа оти беше во спротивност со постојниот тектонски модел. Меѓутоа, кога повеѓегодишните мерења ни го потврдија таквото движење, не ни остана ништо друго освен тоа да го прифатиме како факт и нашиот модел да го измениме за да се прилагоди на емпириските податоци“.

Интересно е што поместувањето на плочите предизвикало настанување и распаѓање на континенти низ времето, вклучувајќи и повремени настанувања на суперконтиненти, кои ги форрмирале повеќе или сите континенти. Се смета дека првиот суперконтинент Родина настанала пред некаде околу милијарда години и оти бил формиран од повеќето Земјини континенти. Се распаднал на 5 пред некаде околу 600 милиони години. Најпознат суперконтинент била Пангеа, кој се распаднал на Лауразија (од кој настанале Северна Америка и Евроазија) и Гондвана (од кој настанале останатите континенти).

Прочитај и за ... >>  Дијамантот-најтврдата природна материја на Земјата

А дека процесот на создавање на нови тектонски плочи продолжува, докажува откритието на нова под Токио.

Имено, подрачјето на Токио, кое редовно го потресуваат разурнувачки земјотреси, се наоѓа на дел од плоча заглавена помеѓу евроазиската, пацифичката и филипинската, откри екипа на јапонски и американски геолози.

Во долината Канто, во која се наоѓа главниот град на Јапонија, живее четвртина од населението на архипелагот, или повеќе од 30 милиони луѓе. Таа се наоѓа 300 км северозападно од процепот на тие три тектонски плочи.

Дел од плочата, со должина од стотина километри и широчина од 25 км, се издвоил од пацифичката плоча пред 2 или 3 милиони години, сметаат Шињи Тода од Active Fault Resaerch Center во Цукуби во Јапонија и неговите колеги од американскиот Geological Survey, кои се автори на истражувањето објавено неодамна во списанието Nature Geoscience.

Според нив, главна причина за тоа издвојување на фрагмент од плочата бил судир на два синџира на подморски планини на нивото на Јапонскиот ров, околу 200 км источно од Токио. Геолозите ги анализирале земјотресите на тлото во долината Канто во текот на 300.000 слаби потреси.

„Дел од плочата се издвоил и се заглавил помеѓу пацифичката и филипинската плоча, како таблета која не можеме сосема да ја проголтаме“, велат тие.

Токио секогаш бил место на силни разурнувачки земјотреси, посебно во 1703., 1855. и 1923.- бил со магнитуда од 7,9 според Рихтеровата скала и притоа загинале и исчезнале повеќе од 140.000 луѓе. Урнати се и изгорени повеќе од 600.000 куќи.

Претходен написKонцептуална уметност
Следен написБолест на модерното време: метеопатија

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here