Потребно време за читање: 2 минути

Кога станува збор за поврзаноста помеѓу традицијата и етиката, една од горливите теми во Шпанија, на која се водат големи, па и жестоки расправи(и), е секако меѓу најзачуваните шпански традиции-коридата. Заедно со сангриу и фламенго, борбата со бикови стана препознатлив „печат” на Шпанија. Таа се одржува уште во 8 американски држави од шпанското говорно подрачје. Една од нив е и Еквадор.

Дали е дојдено времето таа да се укине?

Заговорниците на коридата тврдат дека токму таа ги привлекува туристите и ја чува традицијата на Шпанија. Меѓутоа, од друга страна се јавуваат сѐ повеќе друштва за заштита на животните кои остро го осудуваат изживувањето и мачното убивање на бикови. Сепак, повеќето Шпанци најрадо би сакале коридата еднаш засекогаш да замине во минатото.

На Reuters.com може да се прочита приказната за најмладиот матадор во Шпанија.

Микелито, со полно име Michelito Lagravere Peniche работи во Мексико, бидејќи бил премлад за да може да влезе во борилиште во Шпанија. Матадорите во оваа земја мораат да имаат најмалку 16 години.

Прочитај и за ... >>  Обични луѓе

Како 5- годишник тргнал по чекорите на својот татко, пензионираниот француски матадор Michael Lagravere.

„Уште како мал, многумина борци со бикови го посетуваа мојот дом и одев со татко ми на борби. Така ги засакав борбите со бикови”, изјавил славниот матадор Микелито. Тој воопшто не се плаши од повреди и покажува лузни од борби на лицето и десната нога. Неговата мајка Diana Peniche е мошне горда на него зашто, ако се успешни, децата матадори на своите родители им заработуваат многу пари.

Микелито не е единственото дете во Шпанија кое сакало да стане матадор. Тоа е сон на многу деца во Шпанија зашто, освен пари, им носат слава и успех кај жените кои можат да се мерат со славата на рок ѕвезда и на глумците во западниот свет.

А во Еквадор постои еден настан по кој лудува хиспаноамериканската популација. Се вика „Ferija de Kito”.

Станува збор за најпрестижна борба со бикови која собира фуриозни гледачи во арената, а активистите за заштита на животните пред овој специфичен стадион. Се одржува еднаш годишно во арена во градот Кито, на која во текот на 9 дена загинуваат 54 бикови.

Прочитај и за ... >>  Сознанија на психолозите за пешачењето

Клучното етичко прашање што се наметнува е дали борбата со бикови е легитимна културна традиција или е тоа славење на крвав „спорт“.

Кога престолнината на Еквадор ја слави годишнината од основањето-„Plaza del Toros“ станува центар на општествениот живот. Кирон Суарез, Австралијанец кој во арената трага по уникатно културолошко искуство, вели:

„Почнува чудна вибрација, а убавите жени се секаде наоколу”.

Едновремено надвор младината демонстрира. Изјава на еден од нив:

„Културата и традицијата обично се наведуваат како причина поради која луѓето уживаат во борбите со бикови. Но тоа е шпанска, а не еквадроска традиција. Ако народот не ги следи другите шпански обичаи, зошто го славиме непотребното убивање на животни во име на културата?“

Фернандо Аројо од „Sero Valencija”, организација за правата на животните, потенцира дека „Ferija de Kito” е првенствено класен настан и појаснува:

„Тој привлекува познати, луѓето се опуштаат, прославуваат и често не ја регистрираат стварноста што им се случува пред очи. Тоа дали бикот ќе биде убиен „елегантно” или не-не менува ништо”.

Прочитај и за ... >>  Правила за исполнет живот

Борбата се одвива во 3 фази. Во првата животното е соочено со бројни „рехонеадори” кои на коњи го напаѓаат животното и го рануваат во вратот. Коњите имаат повези на очите за да не го видат бикот што напаѓа. Во втората му се нанесуваат нови рани и се засилува крвавењето. На крајот доаѓа Матадор и со убод со меч во срцето го докрајчува животното.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here