Потребно време за читање: 2 минути

Етрурскиот јазик и писмо ги изумиле и ги користеле Етрурците, народ кој пред Римјаните (Латините) живеел во средна и северна Италија. Од нив Римјаните ќе ја научат вештината на градењето. Oсновале град што подоцнежните освојувачи ќе го наречат Рим.

Етрурци ги нарекувале Латините, а тие помеѓу себе се нарекувале Рашани. Рашаните ги поставиле првите темели на европската цивилизација, на онаа која подоцна Римјаните ја растуриле низ светот.

Латинското писмо е обликувано од етрурското. Кога Рим почнал да јакне, уништувано е се што било рашанско. Останале малку траги, и тоа во гробниците.

И бронзената скулптура на „римската“ волчица е стар етрурски споменик. Латинската легенда вели дека ги спасила од смрт и ги одгледала Ромул и Рем. Врз основа на таа легенда, на оригиналниот споменик дури во 16. век му се додадени двете детски фигури.

За етрурскиот јазик и писмо може многу да се зборува и прочита (на пример на Интернет), а овде го приведуваме само основното:

Прочитај и за ... >>  Просторот и времето на Античка Македонија- факти и аргументи

Етрурскиот јазик не се вбројува во индоевропските јазици, иако е сигурно дека во текот на развојот презел некои индоевропски елементи. Неговото сродство со малоазиските, што го нагласуваат некои стручњаци, не е докажано. Меѓутоа, постои врска со еден натпис од 6.в.пр.н.е. од островот Лемнос. Според тоа, прашањето на етрурскиот јазик ниту денес не е решено, и покрај тоа што постојат голем број на споменици пишани со етрурско писмо (гробни натписи, натписи на вотивни предмети и предмети за дневна употреба).

Со помош на глоси, позајмици од латинскиот јазик и компаративно проучување на натписи до денес е одгатнато значењето на околу 100 етрурски зборови, елементи на деклинација и конјугација. Етрурската фонетика (на пример, наклонетоста кон аспирација на консонантите) извршила значајно влијание врз соседните италски јазици.

Етрурското писмо се смета за најстар алфабет на Апенинскиот полуостров, а се развило од еден западногрчки алфабет. Се чини дека тој бил основа за развој на оскичко-умбриското, а веројатно и на латинското писмо.

Прочитај и за ... >>  Незапирлива македонска цивилизација

Најраниот запис датира од средината на 6-от век пр.н.е. Повеќето етрурски записи се напишани во хоризонтални линии, оддесно налево, но ги има и оние напишани наизменично- прво оддесно налево, па одлево надесно.

Повеќе од 10.000 етрурски записи се најдени на надгробни плочи, вазни, статуи, огледала и накит. Пронајдени се и делови од етрурска книга направени од грубо платно.

Етрурските текстови можат да се прочитаат, но научниците не се сигурни што значат некои зборови.

Нема многу преживеани етрурски работи, но се знае дека имале религија, најдени се историски и драмски списи и се знае дека имале музички нотен систем.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here