Fedor Vladimirovic Emilijanenko
Потребно време за читање: 3 минути

Сте чуле ли за Федор? Кој не чул, кој не го знае во Русија- од најмало до најголемо?
Најпопуларниот спортист во Русија се вика Федор Владимирович Емелијаненко. Тој е руски борач на мешовити боречки спортови со украинско потекло (на украински се пишува: Федір Володимирович Ємельяненко). Роден е на 28. септември 1976. во Украина, во градот Рубижне (Луганска област). Тој е актуелен светски првак во „кралската“ категорија во „ultimate fight“.

Биографски детали и за неговата спортска кариера (Википедија):

Роден е како второ дете на таткото Украинец Владимир Емилијаненко, по струка заварувач, и од мајката Русинка Олга Федоровна, по струка учителка. Неговите родители во 1978. година одлучиле да се преселат од источна Украина во Русија, поточно во градот Стариј Оскол (Белгородска област).

Федоровиот спортски ентузијазам се развил мошне рано, а до борењето дошол преку џудо и часови на самоодбрана. По една година тренирање за Федоровата кариера почнува да се грижи тренерот Владимир Воронов, кој го зачленува во спортска група. Во 1991. Федор завршува училиште и запишува факултет, за во 1994. да добие и диплома. Во 1999. се жени и истата година добива ќерка.

Прочитај и за ... >>  Откритие на научници: одењето на човекот на две нозе не е „којзнае што“, зашто пред него така оделе древни мајмуни

Две години служи во руската војска, но и натаму активно се занимава со боречки спортови. Со своите 106 килограми и 183 сантиметри висина, Федор станува боречка икона која внесува страв во коските на многу големи имиња на овој брутален и атрактивен спорт. Денес Федор се смета за еден од најдобрите ММА борачи на сите времиња.

1997

Во 1997. станува првак на Русија во џудо, а во 2002. и светски Самбо првак во тешка категорина. Во 2001. го освојува турнирот „Ring: Kings of Kings“ во тешка категорија, а во 2002. и турнирот „King of Kings absolute weight class“.

2004

Во 2004. година го освојува „Pride FC Grand Prix“ во тешка категорија, а една година претходно станува „Pride FC“ првак во истата категорија.

2010

Се до 2010. година Федор имаше доживеано само еден пораз- од Цујоши Косака (Tsuyoshi Kohsaka) со технички нокаут 17 секунди по почетокот на борбата (поради исеченица). Му се оддолжил победувајќи го во 2005.

Пред две години (2010.) го доживеа првиот пораз. По неверојатна низа од 31 последователна победа без пораз (не сметајќи го оној против Косака), која траеше повеќе од 10 години, „Последниот император“, како што го нарекоа обожувачите, потклекна- загуби од Бразилецот Фабрицио Вердум (во првата рунда по 1 минута и 9 секунди борба).

Прочитај и за ... >>  Од историјата на шахот

2011

Минатата година (2011.) дефинитивно е урнат митот за неговата непобедливост. Меѓутоа, трите последователни порази воопшто не ја нарушија неговата популарност во Русија. Напротив, Федор е убедливо најпопуларен спортист од руското говорно подрачје.

Според истражувањето чии имиња на спортисти најмногу се впишувале на интернетскиот пребарувач на подрачјето кое зборува на руски јазик, легендарниот ММА борач имал дури 7.408.523. Никој не му бил ни близу, зашто на второто место е фудбалерот Андреј Аршавин со 1.849.096 впишувања, а по него следат тенисерката Марија Шарапова, фудбалскиот голман Игор Акинфеев, хокеарот Александар Овечкин и лизгачот Евгениј Плушенко.

На крајот од 2011. година Русинот запиша нова победа во кариерата. Се беше готово во првата рунда, а неговиот соперник Сатоши Иши (Satoshi Ishii) претрпе неколку силни удари. Сепак, никој тогаш не можеше да мисли дека ситуацијата ќе стане сериозна. Олимпискиот првак во џудо отишол на преглед на кој му се утврдени сериозни оштетувања на мозокот. Шансите за продолжение на кариерата се мали, а има само 25 години.

Прочитај и за ... >>  На границата на бизарноста

Пред 3 дена (30. јануари) обожуваниот Рус беше гостин на една јужнокорејска телевизија која во студиото го довела и UFC-овиот борач Јунг Чан- Сунг (Jung Chan-Sung). Во импровизираниот ринг се одржа нерамноправна борба, зашто Федор беше 30 килограми потежок од Јужнокореанецот, па не беше никакво изненадување кога го „среди“ за нешто повеќе од 10 секунди.

Менаџментот на Федор Емелијаненко е во потрага по нов противник против кого нивниот штитеник би ја продолжил победничката низа, а е се поизвесно дека борбата ќе се одржи во Европа. Директорот Евгениј Коган изјави дека Монако е можен кандидат да го организира мечот кој најверојатно ќе се одржи во јули.

Неодамна американскиот борач Боби Лашлеј (Bobby Lashley) изјави дека е во преговори за борба со „последниот император“, но тоа го негираше Коган тврдејќи дека за промоцијата бара некој европски противник.

„Но, сето тоа е уште во почетни преговори и ништо не е потвредно“, додаде тој.

Извор: Википедиа, Фото: Извор