Потребно време за читање: 2 минути

Често Исток му се спротивставува на Запад, како што спиритуалноста му се спротивставува на материјализмот, мудроста на возбудувањето, контемплативниот живот на активниот, метафизиката на психологијата или логиката.

Причина за тоа се длабоките, стварните, но не и исклучивите стремежи кои во нашево време станаа повеќе теоретски отколку делотворни. Најмногу поради постапното свртување на елитните кругови од Исток кон Запад.

Наместо географските локализации остана симболот.

За оваа двојност има и други причини. Најважни се дека сонцето излегува на исток, а зазоѓа на запад; Ex oriente lux.

Патувањата на исток, какви што биле и оние на Кристијан Розенкројц, се барања на светлината.

Ориентацијата е омилен симболизам на суфизмот, кој на запад е во врска со телото, а на исток со сеопфатна душа; запад со егзотеризмот и литературата, а исток со езотеризмот и духовната наука; запад со материјата, а исток со формата.

Исток е извориште на светлината. Во Кина тој одговара на пролетта, на црешата (chen) во која произлегува надмоќта на yang; запад одговара на есента, на маглата (dui), на стоечката вода, на мочуриштето- на сликите на чистата материја од која произлегува надмоќта на yin.

Прочитај и за ... >>  Нова критика

Според будистичката легенда, Буда Амитаба столува на запад и на запад ги прифаќа душите на покојниците по нивната смрт.

На крајот од зимата и на крајот од летото, околу 18-ти март и 20-ти септември, кога сонцето заоѓа најзападно, се одржуваат многу обреди. Тие ја поттикнуваат вербата на верниците во оној крај и во Амитабиниот рај.

Повеќето од индиските храмови се отвораат на исток.

Келтската ориентација е исклучителна според тоа што во толкувањето ги поврзува север и лево, југ и десно. Меѓутоа, тоа никако не значи дека самиот север, во смисла на извор и предание, е лош предзнак. Во сите келтски документи, без оглед на тоа од кој крај потекнуваат и од кој датум се, dextratio е поволно, а свртувањето налево е лош предзнак.

Обиколката на ирските кралеви редовно се извршувало во насока на движењето на сонцето, па уште и денес големата процесија на св. Ронан во Локронан (Бретања) оди во истиот правец.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here